fbpx

Запознај ги нашите психолози: Елена Кабранова

Разговор.мк е платформа која овозможува анонимен пристап до тренирани и професионални психолози. На платформата можете да изберете некој од нашите деситици експерти за ментално здравје и анонимно да се допишувате. Со цел подобро да ги запознаете психолозите, направивме интервју со секој од нив.

Денес Елена Кабранова ќе одговори на неколку прашања.

Таа е психолог и психотерапевт во едукација. Работи во училиште повеќе од шест години и работи на индивидуално и групно советување на родители и ученици на теми поврзани со несоодветно однесување, подобрување на училиштен успех, булинг, анксиозност, неадаптираност на училишната средина, подобрување на социо – емоционалниот развој и др. Исто така, има двегодишно работно искуство како психолог во центар за социјални работи. Елена има посетено голем број на обуки од областа на личен раст и развој и е тренер за личен раст и развој по методата “Креирај се себеси”. Можам да ви понуди помош во врска со однос родител – дете, семејно насилство, алкохолизам, проблеми во значајните врски, проблеми на работното место и справување со животни предизвици.

Зошто работите како психолошки советник или психотерапевт? 

Одлуката за избор на оваа професија доаѓа од мојата потрага по себеси, би рекла уште од мојата рана младост. Тогаш осознав дека да се вистински да се познаваме себеси е многу важно и ова сознание има удел во целокупното наше живеење и постоење

Што ве натера да се приклучите на Разговор.мк?

Ми се допадна идејата и кај нас да постои онлајн платформа за психолошко советување и драго ми е што сум дел од овој тим кој работи на оваа новина кај нас. Мислам дека ќе придонесеме за поголема достапност на психолошкото советување и промоција на психолошката дејност.

Што до сега ве направило најгорди на својата професија?

Секој ден сум горда на својот придонес во грижата и напредувањето на учениците од училиштето во кое што работам. Горда сум на тоа што можам да дадам поддршка, прифаќање и разбирање за
секого, а тоа е нешто што е најпотребно за луѓето.

Можете ли да се сетите на момент или ситуација кога сте биле инпирирани од вашата професија?

Инспирација наоѓам во желбата да го олеснам секојдневното постоење на луѓето кои имаат потреба. Инспирирана сум од можностите кои ги нуди психолошката професија во подобрување на животот воопшто, во било која аспект, семејство, кариера, здравје, пријателство, романтични врски итн. Посебно се инспирирам од благодарните и задоволни лица на луѓето со кои работам.

Зошто ви е битно ова што го работите?

Важно ми е бидејќи преку оваа работа чувствувам дека оставам белег и го правам светот подобро место за живеење.

Кој би бил вашиот совет за некој што се мисли дали да побара психолошко советување или терапија?

Би сакала луѓето да знаат дека не мораат да ги “поднесуваат“ проблемите со кои се соочуваат сами и дека барањето помош не е знак на слабост. Многу е важно во животот да се има круг на поддршка, а честопати луѓето го немаат тоа. Оваа поддршка може да ја понуди психотерапевтот или советникот притоа гарантрајќи доверливост и етичност во работата.

Како се забавувате во слободно време?

Слободното време го исполнувам со разновидни активности кои ме радуваат и забавуваат. Многу уживам во дружби и патувања (макар што во последно време овие активности ми се намалени заради пандемијата), многу читам, најчесто психолошка литература, вежбам пилатес, возам велосипед… тоа е она што го правам како дел од грижата за себе.

Доколку сакате да се посоветувате со Елена, превземете ја Разговор.мк мобилната апликација и закажете разговор!