
Разговор.мк е платформа која овозможува анонимен пристап до тренирани и професионални психолози. На платформата можете да изберете некој од нашите деситици експерти за ментално здравје и анонимно да се допишувате. Превземете ја нашата андроид мобилна апликација и закажете анонимно советување со некој од психолозите на платформата!
Со цел подобро да ги запознаете психолозите, направивме интервју со секој од нив.
Денес Зорица Николова ќе одговори на неколку прашања.
Зорица е лиценциран психолог, член на Комора на психолози на Р.С.М, магистар по правно-криминолошки и родови науки, психодијагностичар и семеен системски советник. Работното искуство го гради почнувајќи од КПУ Идризово и НГО ХОПС – Опции за здрав живот, со психодијагностика, психолошко советување и психотерапија на осудени луѓе – уживатели на наркотични средства. Продолжува со надградување на нејзините вештини во Бреинобреин академија за развој на вештини и способности кај деца и Институт Алтернатива, со стимулирање на развој кај деца, советување, психоедукација, семејна динамика и релации, позитивно родителство и воспитување, а денес работи во Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје/ЛГБТИ Центар за поддршка и овозможува психо-социјална поддршка, советување и психотерапија на луѓе кои се идентификуваат како ЛГБТИ – жртви на семејно и родово-базирано насилство и дискриминација.
Зошто работите како психолошки советник или психотерапевт?
Одговорот е прилично едноставен, исполнетоста која доаѓа од тоа да се помогне на друг, и тоа зачинето со доза на љубопитност и совладување предизвици. На крај на денот психологијата е жива и променлива наука, исто колку што е и човекот.
Што ве натера да се приклучите на Разговор.мк?
Иако сум љубител на традиционалниот начин на советување и психотерапија, тет а тет, во физички опиплива средина, начин преку кој може да добиете многу поголем број на информации за соговорникот, како преку невербалниот говор така и преку реакциите на дразбите од околината, сепак модернизацијата и дигитализацијата во светски рамки донесе голем број на промени. Целокупната комуникација се пресели на чет, видео и онлине советувања, а ситуацијата со глобалната пандемија ги забрза дополнително овие процеси.
Платформата Разговор.мк е супер адаптација на гореспоменатите промени. А ние нашата здрава динамика ја покажуваме преку степенот на адаптација и флексибилност соочувајки се со предизвиците и промените на денешницата.
Што до сега ве направило најгорди на својата професија?
Позитивна гордост која доаѓа од сведочењето на оние мали, а толку суштински а-ха доживувања кои поседуваат огромен потенцијал за трансформација
Можете ли да се сетите на момент или ситуација кога сте биле инпирирани од вашата професија?
Секојдневно, малите нешта како позитивна вибрација, напредок во сесија, невербална експресија на задоволство и доверба и слично, се најинспиративни моменти.
Зошто ви е битно ова што го работите?
Сите знаеме дека секое едно делче има своја улога за часовникот да врти. Така менталното здравје е есенцијален дел од целокупното човеково здравје. Работејки во полето на менталното здравје се чувствувам како дел од поголема машинерија која има крајна цел квалитетен живот и доборосостојба..
Кој би бил вашиот совет за некој што се мисли дали да побара психолошко советување или терапија?
Сите секојдневно се бориме со нашите демони, кои доаѓаат во форма на не многу пријатни мисли. Колку и да сме вешти во самостојното пливање меѓу бранови, во еден значаен момент важно е да направиме храбар чекор напред и да побараме рака за помош. Чувството да се биде слушнат и валидиран, секогаш води кон позитивна промена.
Како се забавувате во слободно време?
Ах, забава. Лично се трудам секој ден да е исполнет со по некое мало задоволство. Задоволството е голем двигател на мотивацијата и оптимизмот. А задоволства ми се, дружби со семејство и блиски луѓе, некој нов спортски предизвик и светото тројство добра книга, филм и музика.
Доколку сакате да се посоветувате со Зорица, превземете ја Разговор.мк мобилната апликација и закажете разговор!