fbpx

Христина Стефановска: Советување и поддршка на родители и тинејџери

Разговор.мк е платформа која овозможува анонимен пристап до тренирани и професионални психолози. На платформата можете да изберете некој од нашите деситици експерти за ментално здравје и анонимно да се допишувате. Превземете ја нашата андроид мобилна апликација и закажете анонимно советување со некој од психолозите на платформата!

Со цел подобро да ги запознаете психолозите, направивме интервју со секој од нив.

Денес Христина Стефановска ќе одговори на неколку прашања.

Зошто работите како психолошки советник или психотерапевт? 

Мене ме води мислата на Конфучие кога рекол “Одберете работа што ја сакате и нема да мора да работите ниту еден ден во животот”. Можам да кажам дека мојата професија е и дел од мојот пероналитет или во мојот пероналитет се наоѓа мојата професија. Од самиот старт по завршување на додипломските студии на институтот по психологија знаев дека мојата специјалност и поле на истражување ќе бидат токму децата и адолсецентите. Морам да прзинаам дека уште тогаш, на 22 години немав никаков страв или несигурност веднаш и директно да се вклучам во психолошкото советување и работа со децата. Мојот прв клиент беше дете на девет години со хипохондрично однесување. Можеби успешноста во решавање на овој проблем дополнително ме охрабри да вложам во себе, во знаење и искуство. Оттогаш веќе десет години несебично ги давам моите капацитети во работата.

Што ве натера да се приклучите на Разговор.мк?

Живееме во дигитална ера, тоа кога тогаш мора да го прифатиме и како општество да ги искористиме позитивните аспекти на истата. За жал нашата професија е сеуште стигматизирана па анонимниот пристап за клиентите во апликацијата би била уште една предност и стимул за да посегнат по оддржување на своето ментално здравје и усвојување на вештини за добра ментална хигиена. Она што ми се допаѓа е и брзиот начин на пристап до терапевтите и советувачите со целосен увид во нивната дејност и специјалност што го води и насочува клиентот по правиот пат пронаоѓајќи ги вистинските одговори.

Што до сега ве направило најгорди на својата професија?

Нема едно нешто што ме направило горда. Горда сум на секој успешно завршен третман или советување, горда сум кога ќе го видам позитивниот фидбек на родителот или детето. Горда сум на се што имам и горда сум на кариерното стебло кое сум го постигнала до сега.

Можете ли да се сетите на момент или ситуација кога сте биле инпирирани од вашата професија?

Да, тоа се случи неодамна можеби првата инспирација се случи пред една година и истата сеуште е во некаков тек. Искуството и занењето со кое се здобив ме поттикнаа на уште едно склаило плус во мојата професионалност. Се работи и а мојот талент на пишување проза и поеизја кој сосема се искомбинира со детската психологија. Содадов едиција од четири психолошки интерактивни прирачници за деца над две години. Четирите книги се засебни емоции : лутина, страв, среќа, тага со психолошки приказни како и вежби и игри кои ќе му помогнат на детето во разбирање, препознавање, именување и канализирање на емоцијата кај детето но и нудат родителски вештини во пристапот кон емоционалната писменост кај нивните деца. Овој професионален ангажман е во соработка со издавачката куќа Арс Ламина и мнигу скоро го очекуваме првото печатено психолошко дело за деца.

Зошто ви е битно ова што го работите?

Ова што го работам е она што мене ме движи, ме исполнува, ме мотивира. Овде ја постигнав мојата самоактуелизација. Да не го работам ова што сега го работам сигурно јас не би била оваа јас.

Кој би бил вашиот совет за некој што се мисли дали да побара психолошко советување или терапија?

Оној кој се мисли дали да побара психолошко советување или терапија е на вистинскиот пат. Неговите мисли ќе го одведат на правото место. Одржувањето на своето ментално здравје е најдобрата работа што човек може да ја направи за себе. Се надевам дека нашата ера на психозлои ќе ја сменат стигмата и во нашето општество ќе се случи психолошка револуција каде секој човек или дете ќе си има свој матичен психолог како што впрочем има матичен лекар, матичен стоматолог.

Како се забавувате во слободно време?

Во моето слободно време јас навистина се забавувам, едноставно си играм, но најчесто со моите деца а понекогаш и со мојот внатрешен живот. Развојните игри и дидактичкиот материјал кој го користам на сесиите со деца најпрво го пробувам дома со моите. Уживаме да играме социјални игри, нелути се човече, трка до Марс, игри на меморија, икс-точка. Предизвик ми се мозгалиците, бреин тастерите. Омилена игра ми е Пино дрвото на рамнотежа, кое многу често откако мојот син ќе го нареди, го растурам и го редам и јас. Тоа ме опушта, можеби затоа што тоа е мојот свет, со тоа сум опкружена, со тоа живеам секој ден. Секоја плус слободна минута си ја користам за себе во себе грижа. Знам да си се наградам сама со нешто омилено, после некоја добро завршена работа. Многу често купувам стручнаи детска литература. Викендите ги поминувам некаде во природа заедно со семејството и тоа е секогаш различно место. Слушам музика, на сесиите најчесто медитативна, во кола антена 5, дома особено гласна ако сум активна во домашните обврски а морам да признаам дека и сите детски хитови ги знам напамет танцувајќи на нив заедно со моите деца.

Доколку сакате да се посоветувате со Христина, превземете ја Разговор.мк мобилната апликација и закажете разговор!