fbpx

Разговарај со Марија Чурукоска преку Разговор.мк мобилната апликација!

Разговор.мк е платформа која овозможува анонимен пристап до тренирани и професионални психолози. На платформата можете да изберете некој од нашите деситици експерти за ментално здравје и анонимно да се допишувате. Превземете ја нашата андроид мобилна апликација и закажете анонимно советување со некој од психолозите на платформата!

Со цел подобро да ги запознаете психолозите, направивме интервју со секој од нив.

Денес Марија Чурукоска ќе одговори на неколку прашања.

Која е твојата најсилна особина како психолог?

Ги сакам промените кои ме водат кон подобар правец. Не сакам промена која ќе ми донесе подобро утре, напротив сакам промена која ќе ја направам да се чувствам убаво овде и сега. Вербата  во сите нас дека сакаме да се чувствуваме добро со себе си, да мислиме и да постапуваме на начин кој ќе ни донесе позитивни промени ја сметам за моја силна особина.

2.Со што ве инспирира и ве прави горди вашата професија?

Процесот на  поместување на личните граници, миксот на силата и слабоста во нас, моментот на споделување искуства со непознат, надежта за нови можности, силата на имагинацијата и се она што се случува во врската терапевт-клиент се извор на инспирација за уште поголемо професионално вложување.

Истовремено сум и горда на сите нас луѓето кои не чекаме да дојде подобар живот туку секојдневно го создаваме.

Што ве мотивира да се приклучите на разговор.мк?

Нова идеја и креативност која отвора поголеми можности за мене како психолог, истовремено и нов начин за психолошко анонимно советување е предизвик кој сакам да го реализирам.

Кој би бил вашиот совет за некој што се двоуми дали да побара психолошко советување ?

Секој од нас води сопствена борба во себе. Понекогаш кога лични потенцијали не се доволни за добивање на одговори, психолошкото советување/разговор е можност да погледнете на проблемите на различен начин, со некој кој ќе ве почитува вас и вашето мислење.

Како го исполнувате слободното време?

Го сакам и го уживам секој слободен момент, често сама и си го продолжувам 😊 Во времето за себе правам се она што ме потсетува дека сум среќна: другарување, забава, вежбање и бескрајни разговори.

Доколку сакате да се посоветувате со Марија, превземете ја Разговор.мк мобилната апликација и закажете разговор!