fbpx

СПРАВУВАЊЕ СО ВАШИТЕ ДЕЦА ВО ТРАНЗИЦИЈА НА ДОМАШНО УЧЕЊЕ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ

За време на пандемија транзицијата од клупа во домашно учење е неизбежна. Децата како и родителите се соочуваат со еден нов предизвик. Улогата на родителот како ‘наставник’ делува на промена на врската со своите деца.

Децата веќе се под стрес поради ситуацијата во која се наоѓа светот, како и прекинот на нивните секојдневни активности. Тие може да се чувствуваат анксиозно од тензијата во воздухот која се наоѓа околу нив. Имајте на ум дека децата не се трудат да се однесуваат некултурно, да бидат несоработливи или мрзеливи во оваа ситуација ,туку сето тоа е одговор на нивниот мозок кој си ја врши својата функција које е програмирана да се одвива за време на висок стрес – а тоа е да се бори. Ваквата реакција од страна на родителите може да се види во сосема едно поинакво светло.

Работи поврзани со моменталната ситуација и учењето во домашни услови кои може да предизвикаат емоционална нестабилност кај децата вклучуваат:

Фрустрација

Фрустрација од неразбирање на материјалот кој им е зададен на децата преку интернет или од извшување на активности кои за нив се веќе монотони или често повторувани. Во ситуации во кои се активира стрес, децата може да одговорат со повеќе негативни однесувања како зголемена кавга, непочитување, одбивање и слично. Во таква ситуација родителот треба да дознае што го фрустрира детето и да му даде до знак дека не е негова кривица и потоа да најдат заедничко решение за справување со фрустрацијата.

Социјална изолација

 Друг предизвикк на емоционална нестабилност кај детето може да биде социјалната изолација од училницата како и од своите другарчиња. Со модерната технологија родителите може да ги поврзат своите деца и нивните другарчиња со помош на сите видео апликации кои постојат на нашите мобилни уреди и компјутери. Со ова ќе се подобри и самата мотивација кај децата а ќе се намали и анксиозноста.

Совет од авоторот

 Ги советувам родителите да играат многу игри за самосвест со нивните деца кои ги има во изобилие на интернет со кои ќе се подобри нивната умствена работа, ќе се сврти свестта кон самиот себе, ќе се релаксира работата на брзиот мозок кај децата и ќе има емоционално поврзување на целото семејство.