Разговор.мк е платформа која овозможува анонимен пристап до тренирани и професионални психолози. На платформата можете да ги разгледате сите професионалци и да си изберете психолог кој најмногу ви одговара. Превземете ја нашата андроид мобилна апликација и закажете анонимно советување со онлајн психолог на платформата.
Со цел подобро да ги запознаете психолозите, направивме интервју со секој од нив.
Денес Ивана Ѓоргиевска ќе одговори на неколку прашања.
Зошто работите како психолог или психотерапевт?
Сакам да го проучувам човековото однесување и сакам да им помагам на луѓето, да ги насочувам да ги гледаат своите избори што ги имаат и дa знаат дека секогаш постои можност за промена доколку тоа го сакаме. Уште многу одамна се појавиа моите интереси кон психологијата и знаев која е мојата цел и ја исполнав.
Што ве натера да се приклучите на Разговор.мк и да станете онлајн психолог?
Одлучив да се приклучам на Разговор.мк затоа што на оваа платформа е задржана анонимноста на клиентите, а многу луѓе баш поради тоа не сакаат да побарат помош и сега на овај начин имаат шанса да се охрабрат и да го направат тоа. Дополнително и моменталната ситуација со Ковид-19, луѓето имаат поголема потреба да се обратат за психолошка поддршка, а да останат анонимни.И сто така, верувам дека ова ќе биди позитивно искуство како психолог за мене.
Што до сега ве направило најгорди на својата професија?
Кога знам дека сум помогнала на своите клиенти, кога доаѓаат до некоја свесност и кога со помош на мојата работа и техники се ослободуваат од товарот што го носат. Чувството да си психолог е одлично!
Можете ли да се сетите на момент или ситуација кога сте биле инпирирани од вашата професија?
Оние моменти и ситуации кога кај клиентите со кој работам гледам некој напредок, особено кога работам со деца, тоа ме инспирира и мотивира уште повеќе.
Зошто ви е битно ова што го работите?
Затоа што ова е она што сакам да го работам и го работам со љубов и посветеност.
Кој би бил вашиот совет за некој што се мисли дали да побара психолошко советување или терапија?
Мојот совет е секој кој има потреба од стручна помош да се охрабри да го направи тоа, крајниот исход ќе биди во ваша корист и со тоа ќе добиете свои лични придобивки. Водете грижа за вашето ментално здравје. Менталното здравје е значајно исто колку и физичкото и не треба да го занемаруваме.
Како се забавувате во слободно време?
Слободното време го поминувам со моето семејство, читање книги и прошетки во природа.