fbpx

Синдром на Хипер – Родителство – Дали го практикувате !?

Денес гледаме родители кои се преокупирани со работа,  изложени на стрес, родители кои ја испланирале иднината на децата,  кои имаат цел список на совети и упатства за добро родителство, кои сакаат да го имаат под контрола секој чекор на детето. Сакаат да делегираат се што е поврзано со детето па дури и луѓето кои се во негова непосредна средина, дадилки, воспитувачки, учителки итн. Меѓу последиците од оваа конфузија го наоѓаме и трендот на Хипер-Родителство.

Хипер-родителството претставува образовен модел кој промовира зголемена грижа и внимание за децата

Станува збор за модел на воспитување  кој е базиран на постојано внимание и превисоки очекувања за детето. Хипер- родителството е исцрпувачко за двете страни и за родителите и за децата. Преплавени со содржини од интернет како најдобро да се воспитува детето и како да го забрзаме неговиот напредок родителите се обидуваат предвереме да ги поттикнат развојните етапи  кај детето. Голем дел од родителите сакаат да ги видат и да ги прикажат достигнувањата од детето како посебно и специјално случување. За таа цел ги запишуваат децата на голем број активности за кои дете сеуште и не развило посебни афинитети кон тоа. Распоредот на активности е преголем, очекувањата на родителите превисоки и се со цел на детето да го направиме успешно и да му овозможиме добра иднина.

„Родителите се стремат да го максимизираат потенцијалот на своите деца уште од рана возраст, за да не се разочараат во иднина “

Во хипер родителството можеме да ги идентификуваме различните особини кои родителите ги прикажуваат: постојано го следат и го надгледуваат животот на своите деца, го отвораат патот за своите деца, отстранувајќи ги сите препреки на кои децата наидуваат, го поминуваат животот земајќи ги своите деца од една воннаставна активност на друга, брзајќи и пополнувајќи го својот распоред, не им дозволуваат на своите деца да се досадуваат или да играат, постојано внимаваат децата да не  се валкаат, да не се гладни или да не им студи. 

Сите овие особини се својствени за  хипер-заштитните родители. Резултат на тоа се родители и деца исцрпени на крај на денот кои воопшто не земале оддишка.

На децата не им се потребни совршени родители туку смирени и среќни родители . Родители кои знаат како да се релаксираат, да се задоволни со самите себе. Не е потребно родителите да го трошат и максимално да го посветат својот живот на децата туку да го живаеат заедно со нив. Доколу имате потешкотии во однос на менаџирање на сопственото време и времето поминато со семјството, или ве прати чувството на вина кога го оставте вашето дете со други, списокот на обврски  кои не ви дозволува да уживате и други дилеми кои ви ги скратуваат задоволствата кои ги носи денот закажете разговор со Марија Чурукоска.