Ако се водиме според статистиката на менталните нарушувања, приближно 1 од 5 лица има потреба од консултација и помош од професионалец за ментално здравје. Сепак, ако се водиме од прашањето кој може да има корист од психотерапијата, тогаш бројката е многу поголема.
Ако една од главните цели на терапијата е развој и создавање можности за позитивни промени, тогаш има ли личност која нема потреба од подобрување и позитивни промени?
Многумина не се соочуваат со сериозен степен на ментално нарушување, а исто така има индивидуи кои се активно насочени кон својот личен развој, мотивација и постигнувања.
Кога да се консултирате со психолог?
Консултирањето психолог во насока на личен развој, најчесто е поради следните причини:
- Поголема продуктивност и задоволство во работењето.
- Подобрување на комуникацијата и продлабочување на релациите.
- Справување со конфилти како со можности за развој.
- Поддршка во процес на минување низ промена (нова работа, нова врска итн.)
- Самоексплорирање и самоподдршка.
- Проширување на свеснота за себе и воспоставување исполнувачки контакт со околината.
Од друга страна, личноста може да биде афектирана и од посериозен степен на проблеми со менталното здравје.
Во овој случај, луѓето може да побараат помош од терапевт поради:
- Преоптовареност од негативни мисли и чувства.
- Долготрајно чувство на тага и безнадежност.
- Неможност да се извршуваат секојдневните обврски и задолженија.
- Постојана загриженост, очекување сами на најлош исход и чувство.
- Конзумирање алкохол и дроги на начин на кој е штетен за себе и околината.
- Избувливост, губење контрола, агресивни испади.
Поголемиот дел од нас се наоѓаат негде меѓу овие два поларитети. Во тој случај, доколку консултираме професионално, може да подобриме многу аспекти од нашето живеење како:
- Разбирање како начинот на нашето размислување е поврзан со расположението и емоциите.
- Преиспитување и појаснување на нашите верувања, вредности и стратегии за тоа како најефикасно да стигнеме до посакуваната промена.
- Учење да се комуницира директно и асертивно во врските и реалциите.
- Подобрување на самодовербата – општа и специфична (социјална, интимна..).
- Носење одлука за некоја значајна промена (развод, преселба итн.).
- Стекнување родителски вештини.
- Справување со загуба.
Зошто секој може да има корист од психотерапијата и психолошкото советување?
Секој има предизвици и потешкотии во својот живот, а терапијата нуди можност да разговарате за нив. Терапевтот во никој случај нема да ве исмева, критикува или да му досади од вашето зборување. Напротив, работата на психолозите е да ве слушаат, да се грижат за вашата психоемотивна состојба и да ве придружуваат до промената која ја посакувате.
Може да зборувате за секоја тема што ве загрижува, да се извентилирате за проблемите на работа, да ги подобрите односите со родителите, да го организирате подобро своето секојдневие, да направите план за постигнување на своите кариерни цели, да ја пронајдете својата пасија и да се мотивирате да ги развивате своите таленти, да ги подобрите родитлските вештини, да работите на вашата состојба на анксиозност или депресија, да оттагувате некоја загуба.. итн.
Притоа, точно е дека психотерапијата не е магично стапче за доаѓање до брзи промени, но процесот е најчесто магичен и вреден!