fbpx

Mood Journal 101: Како да започнете да ги контролирате вашите емоции

Ако животот вреди да се живее, истиот вреди и да биде забележан. Доколку оваа реченица ви има смисла, тогаш ќе ја цените и најновата функционалност на мобилната апликација на Разговор.мк. Се работи за многу функционален дневник за расположение или mood journal.

Во оваа статија на кратко ќе ви опишам како јас ја користам апликацијата и како ми го подобри животот. Целта ми е да ве запознаам со продукт за кој мислам дека е супер, а се надевам дека оваа функционалност ќе направи вистинска разлика во вашите животи.

Што е Разговор.мк и mood journal или дневник за расположение?

Разговор.мк е мобилна апликација чија мисија е да им овозможи на корисниците да живеат посреќни и поисполнети животи. Преку апликацијата имате пристап до над 35 лиценцирани психолози по најпристапни цени и можете со неколку клика да закажете сесија. Сесиите можат да бидат со допишување, аудио или видео разговор.

Дополнително, Разговор.мк нуди и едноставен но моќен начин за следење на вашето расположение.

Со редовна употреба (дури и само 5 дена) ќе почнете да добивате извештаи со повратни информации кои откриваат трендови. Овие трендови можат да ви помогнат да ја идентификувате врската помеѓу активностите што ги правите кога се чувствувате одлично и што се случува во вашиот живот кога имате лоши денови.

Како јас го користам дневникот за расположение или mood journal

Ја користам мобилната апликација за следење на моите секојдневни расположенија и активности. Лесна е за користење и истата е бесплатна. Ми дозволува да оценам како се чувствувам секој ден (одлично, добро, онака, тажно, ужасно) и ми дозволува да ова да го поврзам со конкретни активности. Во моментот можете да изберете над 30 различни активности.

Разговор.мк ми овозможува да забележам како се чувстувам и овие чувства да ги поврзам со специфични активности во само неколку секунди.
Она што го сакам кај оваа апликација е што ми ги покажува трендовите. Ова ми овозможува ВИЗУЕЛНО да видам дали живеам живот кој е во рамнотежа. Ја користам оваа функционалност секој ден веќе еден месец и увидите кои ги добив за мене се многу корисни.

Што научив за себе?

Ќе споделам неколку специфични предлози за да можете навистина да ја разберете моќта на оваа апликацја. Анализирајќи ги податоците за мојот прв месец, еве што најдов:

  • Севкупно, моето расположение е дистрибуирано како Одлично (3), Добро (12), Онака (10), Тажно (3) и Ужасно (2).
  • Склон сум да бидам прилично строг со себе, така што “Одличните” денови беа навистна прекрасни, а деновите кога бев “Добро” се денови во кои уживав. Среќен сум што моето расположение тежнее кон позитивна насока.
  • Моите топ 3 активонсти се: “Пријатели”(7 дена), “Спорт”(6 дена) и “Работа”(18 дена). Увидот дека “Работа” има значително позитивно влијание за моето расположение беше изненадуваки.
  • Од друга страна, забележав дека поминувам многу малку време со мојата фамилија. Се видов само 5 дена во месецот со некој од мојата фамилија. Дополнително, забележав дека гледам повеќе ТВ серии и филмови од тоа што би сакал.

Вистинската моќ на оваа функционалност доаѓа од увидите кои ги корелираат активностите со емоциите.

Со корелирањето на активностите и емоциите за тој ден, брзо утврдив дека активности како “Спорт”, “Пријатели” и “Журка” позитивно влијаат на моето расположение. Во 99% од случаите каде што имаше “Журка” и пријатели, денот го гледав како позитивен за моето севкупно расположение.

Дополнително, забележав дека често нарачувам достава на храна кога сум тажен. Направив еден краток експеримент и започнав со готвење на храна наместо достава кога и да се јавеше потреба од тоа. Моето расположение се промени и од “Тажно” често стануваше “Онака” или “Добро”.

Дали ги гледате бенефитите на дневникот за расположение (mood journal)?

Замислете што може да направи и за ВАС. На крајот на краиштата, дали знаете со сигурност кои дневни активности можат да ви дадат подобра шанса да имате добар ден? Дали знаете што веројатно ќе предизвика да имате лошо расположение? Можеби е време да го искористите Разговор.мк и да дознаете за сигурно.