fbpx

Запознај ги психолозите зад екраните: Јулија Дуева

Јулија Дуева

Разговор.мк е платформа која овозможува анонимен пристап до лиценцирани психолози. На платформата можете да изберете некој од нашите 40+ професионалци за ментално здравје и анонимно да се допишувате или пак да имате аудио/видео разговор. Со цел подобро да ги запознаете психолозите, им поставивме неколку кратки прашања на кои тие одговорија. Денес разговараме со Јулија Дуева.

Јулија Дуева за својот пристап вели:

Јас сум лиценциран психолог, моето искуство во оваа област е тоа дека можам да придонесам кај семејствата што се соочуваат со проблеми. Дополнилтено, работам и на партнерски релации. Мислам дека градењето на личноста, личниот развој, самодовербата се доста клучни во овој период на работење на партнерските релации. Преку разговор ќе стигнеме до нашите решенија кои долго време сме ги потиснувале, не вознемирувале, или на кои сме биле гневни. Некогаш еден мал разговор може да не подобри нас и нашиот ден.

Зошто станавте психолог/психотерапевт/советувач?

Станав психолог бидејќи сакав да го проучувам човековото однесување и менталните процеси. Притоа тие се применливи за секое човечко
суштество на Земјата, не е ни чудо што студијата за психологија е толку голема.

Што ве мотивира да работите секој ден?

Секој од нас е посебна и единствена личност и поради тоа, секое наше искуство е индивидуално. Притоа ,предизвиците со кои се соочуваме се слични и поради тоа можете да се препознаете во многу од нив.

Кои промени сакате да ги видите или направите поврзани со менталното здравје во општеството?

Промени кои би сакала да ги направам во општеството кои се поврзани со менталното здравје се:

  • зборувајте за вашите чувства
  • хранете се здраво
  • бидете физички активни
  • одморете се
  • направете рутина во текот на денот
  • направете пауза
  • побарајте помош кога ви е потребна.

Како вие ја дефинирате грижата за менталното здравје?

Менталноте здравје е подеднакво важно како и физичкото здравје. Менталното здравје подразбира можност за промена, прилагодување и
справување со тешкотиите и стресот. Без ментално здравје, воопшто нема здравје. За жал, многу често менталното здравје го ставаме настрана и не го гледаме како приоритет.

Што се надевате дека вашите клиенти добиваат од советувањето или психотерапијата?

Добриот психолог може да ви помогне да продолжите напред. Советувањето ви дава време и простор да се справите со вашите
проблеми. Терапијата ви помага да стекнете поинаква преспектива за проблемите и прашањата. Терапијата обезбедува безбедна, неосудувачка и почитувана средина. Советувањето може да ви помогне да ја вратите благосостојбата и рамнотежата во вашиот живот.
Советувањето често ги тера клиентите да размислуваат појасно и да донесуваат подобри одлуки. Преку терапија, клиентите се мотивирани, самоуверени и наметливи. Терапијата може да помога да се ослободи вашиот вистински потенцијал.

Со какви предизвици поврзани со ментално здравје најмногу сакате да работите и зошто?

Предизвици поврзани со менталното здравје со кои и најмногу сакам да работам со самопочит и безусловно прифаќање, мотивација, личен раст и развој, самодоверба, емоционални кризи и депресија. Сакам да работам на овие проблематики бидејќи се многу чести и актуелни овој период.

Што правите во слободно време?

Слободното време го поминувам со фамилијата, се едуцирам освен со психологија и во други области што ме интересираат, читам книги, гледам филмови, пешачам, посетувам аеробик, излегувам со пријатели.

Ако мора да дадете само 1 совет за луѓето кои бараат психотерапија или советување, кој совет би го дале?

Работата на себе е значајна дури и кога немате животен предизвик или проблем: доволно е да сакате да се спознаете себеси, да ја развивате својата свесност, да учите нови животни вештини, се со цел да го збогатите вашиот живот и да живеете радосно и слобоно.

Разговор.мк мобилна апликација

За да дознаете повеќе за Јулија Дуева и да прочитате повеќе за нејзиното работно искуство, рецензиите од претходните клиенти, достапните термини и цените за разговор преземете ја нашата мобилна апликација со клик на сликата подолу. Откако ќе се најавите анонимно, ќе бидете пренасочени кон самиот профил на психологот.