fbpx

Психичка подготвеност за процесот на породување

Донесувањето на свет на живо суштество кое ќе има прилика да ги почувствува сите убавини на живеењето, а причината за тоа да си баш ти, е неизмерна благодет. Не постои нешто што е поскапоцено на еден човечки живот, а животот почнува од раѓањето. Затоа што е многу важен процесот на донесување на свет на бебето, уште поважна е одговорноста која ја имаат родители за тоа бебе да преживее и да живее живот во кој, тие ќе му помогнат и ќе го насочат да ги види убавините на живеењето. Како што физиолошкиот процес на забременување бил успешен, како што телото на жената се подготвило за бременост, така и идните родители треба да се ментално подготвени за процесот на породување и одгледување на нивното дете. 

Oд сите овие предизвици, секако дека заслужува големо внимание процесот на ментална (и физичка) подготовка за породувањето кај идната мајка.

Контрола на мислите, односно какво мислење имате за процесот на породување? Како го дожувувате породувањето, дали имате веќе оформен став и на што ви се базира? Преку едукација може да дознаете што да очекувате и колку вашите мисли можат да ви помогнат за да имате контрола над ситуацијата, односно породувањето. Доволно е да бидете запознаени и спремни.

План за породување (The birth plan)

  1. Опишете се себеси и својот карактер, историја, проблеми, стравови. Доколку ти е многу важно дали ќе се породиш со царски рез или природно, напиши што преферираш. Ако имаш страв од болка, напиши го и тоа. Религиозност и верувања. Претходна бременост и породување.
  2. Објасни се што знаеш дека би можело да се случи во текот на породувањето. Неочекувано, непосакувано, компликации, поголема болка од очекуваната, пред породување. 
  3. Измени на планот А, дали имате план Б или при промена на планот ќе ја изгубите контролата над ситуацијата затоа што тоа не сте го очекувале? Напишете колку сте спремни за промени (флексибилност). Што доколку сте инсистирале за природно (план А), а сте приморани за царски рез? 
  4. Што доколку партнерот не ви ја дава очекуваната поддршка? Дали сакате да имате доула со вас? 
  5. Напишете што очекувате после породувањето, дали бебето да остане со вас. Какво мислење имате за доењето? Дали сакате и мислите дека ќе успеете во доењето? Колку денови мислите дека ќе ви бидат потребни за закрепнување и престој во болницата?
  6. Опишете какво очекувате да биде вашето бебе (визуелизација)? Дали замислувањето на бебето ви дава повеќе сила и доверба во себе? 

Социјална поддршка, комуникација со трудници и споделување. 

Читањето книги ќе ви помогне да дојдете до потребните информации. Времето поминато во читање е продуктивно и едукативно, а воедно и ќе одмарате додека читате. На интернет страниците и профилите за трудници може да прочитате секакви информации: точни/ неточни, потребни/непотребни, индивидуални/генерализирани… Затоа, потребно е да ги селектирате информациите и да изберете на кого и на што ќе верувате. Не можете, а и не морате сè да знаете…колку повеќе се натрупувате со секакви информации, сакајќи да бидете посигурно и поинформирани, на крај, ќе се збуните и ќе имате чувство како ништо да не знаете.

  • Секоја жена е единствена и различна од другите. Разликите се тие кои не прават уникатни и процесот кај една трудница, не е ист со процесот на друга трудница. Дури и кај иста жена, се разликува прво породување од наредно породување. Затоа, без генерализации, без катастрофизирања и индивидуализација.
  • Подготовка за родителство на двајцата партнери, едукација и свесност за одговорноста. Вклучувањето на идниот татко/родител е важен чекор, затоа што треба да бидете заедно во целиот процес, заедно треба да се грижите за бебето.
  • Замислување и визуелизација на денот на породувањето. Како нормално течел денот и почнале болките. Продолжувате да го задржете во нормален тек се додека можете. Вие сте спремни и свесни сте за тоа што ве чека. Се спремате и заминувате во болница за да го донесете вашето дете на свет.
  • Контракции и болка (запознаеност со техниките за опуштање, мислење за улогата на болката и контрола: надворешна- контрола на процесот, и внатрешна- контрола на мислите, чувствата на болка и страв).

Побарај совет или насока од Величе Ристова

породување Величе Ристова

Јас сум лиценциран психолог и магистер по клиничка и советодавна психологија. Моето работно искуство вклучува работа со деца и млади, со возрасни и стари лица. Работам во психолошко советувалиште во склоп на поликлиника која нуди услуги за трудници и жени, но и за секој на кој му е потребна психолошка помош и поддршка.

Работата со трудници вклучува решавање на стравовите и грижите за породувањето и подготовка за новата улога на мајка и родител. Тоа вклучува повеќе техники, помош и поддршка во текот на целата бременост и после породувањето. 

Доколку се соочувате со предизвици во подготовките за породување, во текот на бременоста или во процесот на забременување, ве повикувам да го пополните формуларот подолу.

Техники кој ќе ви помогнат во процесот на породување

  • пијте многу вода (одете почесто во тоалет)
  • слушајте релаксирачка музика
  • топла и опуштена атмосфера
  • фокус во една точка
  • замислување на ситуација која ви е пријатна
  • лесна, ритмичка масажа на рамената, грбот, нозете, стапалата..
  • терапија со вода/ туширање
  • смирувачки шеми за дишење
  • вежби за мускулна релаксација (многу е важна опуштеност на вилицата)
  • поддршка од доула
  • познавање и контакт со акушерката/бабицата која ќе ве пораѓа (стекнување доверба во медицинскиот тим), иако главна личност сте вие.

Вие и вашиот свет

Кога почнува процесот со контракциите, вие влегувате во ваш свет каде што вие сте главен лик. Ништо не може да ви го одвлече вниманието. Вие сте ранливa и пречувствителнa, а изолираноста во себе ве штити на некој начин од околината. 

Има периоди од процесот каде што немате чувство за времето, а тоа е во првата фаза од процесот, која најдолго трае. Го губите чувството за време заради ваша заштита, така да не е препорачливо да пробате да станете свесни за времето гледајки во саат и пресметувајќи колку време поминало. Кога ќе почнете да туркате се враќа чувството за време.

За крај.. 

Избирајте внимателно. Болница, доктор, бабица, доула… Изберете вие да бидете едуцирани и физички и психички подготвени, а тоа е најважно од сè.

Побарај совет или насока од Величе Ристова

породување Величе Ристова

Јас сум лиценциран психолог и магистер по клиничка и советодавна психологија. Моето работно искуство вклучува работа со деца и млади, со возрасни и стари лица. Работам во психолошко советувалиште во склоп на поликлиника која нуди услуги за трудници и жени, но и за секој на кој му е потребна психолошка помош и поддршка.

Работата со трудници вклучува решавање на стравовите и грижите за породувањето и подготовка за новата улога на мајка и родител. Тоа вклучува повеќе техники, помош и поддршка во текот на целата бременост и после породувањето. 

Доколку се соочувате со предизвици во подготовките за породување, во текот на бременоста или во процесот на забременување, ве повикувам да го пополните формуларот подолу.