fbpx
Вебинар

Панични напади - Физичкиот израз на емоционалниот стрес

Речиси една третина од населението во светот доживуваат барем еден паничен напад во животот. И без разлика дали ви е прв, 100-ти или сте сведоци дека некој друг поминува низ такво искуство, никој не сака да се повтори истото. За среќа, паничната состојба се третира. Првиот чекор за спречување на напади на паника е нивното разбирање.

Пријави се на нашиот вебинар и научи многу повеќе за оваа состојба.

Овој настан е распродаден.

Што можам да очекувам од ова предавање?

Зошто се појавуваат напади на паника? Дали се контролираат? Како да ги идентификувате вашите тригери? Како стресни животни настани можат да предизвикаат панично растројство? На овој вебинар, ќе навлеземе во вредни сознанија од терапијата и психолошките истражувања кои ќе ви помогнат полесно да се управувате со нападите на паника и стресот за да се чувствувате подобро.

Предавач
Теодора Алексијоска
лиценциран психолог

“Работам со лица кои се соочуваат со кризни периоди, анксиозност, панични напади, страв и стрес. Мојата цел е подигнување на свесноста за менталното здравје кај лица од различна возраст, особено кај лицата со здравствени проблеми или постоперативни состојби, кои се соочуваат со страв, стрес и анксиозност од самата состојба.”

Датум

05.02.2024 / 19.30 часот

Времетраење

90 минути

Формат

Часот ќе се оддржи онлајн. Бројот на учесници е ограничен на 20.

Цена

200 мкд

Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

Разговор.мк – секогаш тука за тебе!