fbpx
Интерактивен вебинар

Резилиентност - Како се гради ментална цврстина

Способноста да се справиме и да ги надминеме животните тешкотии на здрав начин се нарекува резилиентност.

Животот е полн со неволји и предизвици во многу форми. Дури и ако сте генерално оптимистична личност, понекогаш може да се соочите со ситуации, како што е губење на работа или крај на врска, со кои е потешко да се справите. Емоционалната отпорност, изградена преку минатите искуства и внатрешната сила, е квалитет што може да ви помогне да ги пребродите тешките периоди на здрав и корисен начин.

За среќа, издржливоста е нешто што сите ние можеме да го градиме во себе.

Овој настан е распродаден.

Што можам да очекувам од ова предавање?

На овој интерактивен вебинар, психологот Александра Милевска ќе зборува за важноста на издржливоста низ предизвиците – како се зајакнува личната ментална отпорност преку зголемување на самосвеста и самоконтролата, вниманието, флексибилноста во своето размислување и прифаќањето на негативните мисли и чувства.

Учиме како да ја примениме вештината на резилиентност во нашиот секојдневен живот – за да останеме посмирени при промени и несигурност.

Предавач
Александра Милевска
лиценциран психолог

“Дипломиран психолог, семеен и системски советник, во процес на едукација за семеен-системски психотерапевт. Своето знаење и професионални вештини континуирано ги надоградувам преку стручни обуки од областа на психологијата и психотерапијата.”

Датум

21.02.2024 / 19.30 часот

Времетраење

90 минути

Формат

Часот ќе се оддржи онлајн. Бројот на учесници е ограничен на 20.

Цена

200 мкд

Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

Разговор.мк – секогаш тука за тебе!