fbpx

Како да знам дека имам социјална анксиозност?

Како да знам дека имам социјална анксиозност?

Ако некогаш си чувствувал/а интензивна неудобност кога си помеѓу други луѓе, не си сам/а. Социјалната анксиозност е еден од најчестите ментални проблеми и голем процент од глобалното население се соочува со истиот. Како и да е, кога ти се случува тебе изгледа како остварување на најстрашната ноќна мора. Се наоѓаш пред луѓе, на забава или презентираш пред колегите на работа, а едвај можеш да зборуваш бидејќи те облива пот. Не сакаше да се истакнеш, но сега изгледа како сите да те судат. Ова може да предизвика слични проблеми и во иднина, па лесно е да одлучиш дека е полесно кога си сам/а. Одлично решение! Или?!

Колку си поизолиран/а толку полоши стануваат симптомите на анксиозност и депресија. Всушност, истражувањата покажуваат дека депресијата скоро секогаш се развива по почетокот на социјалната анксиозност. На луѓето им требаат конекции со други луѓе за позитивно менатално здравје, а со избегнување на социјални настани ја ограничуваме можноста тие конекции да се остварат. Интересно, многу терапевти веруваат дека победата над стравот од ваков вид не зависи толку многу од другите, туку од нас самите.

Што предизвикука социјална анксиозност?

Понекогаш чувството на социјална анксиозност е толку интензивно што не дозволува да ги откриеме причините кои го причинуваат. Колку подолго се избегнуваат овие чувства, толку по збунувачки станува. Поради ова когнитивно-бихевиоралната терапија е често препорачана. Оваа терапија може да помогне со идентификување на мислите и чувствата кои ги имаме пред, за време на и по некое стресно сценарио. Вообичаено во овој процес луѓето согледуваат дека нивната перцепција е дека се осудувани од останатите луѓе. Малите не вербални одговори од други луѓе често изгледаат заканувачки. Исто така, постојат докази дека директен контакт, очи во очи, им изгледа позастрашувачки на лицата со социјална анксиозност. Иако некои луѓе едноставно може да се генетски наклонети кон социјалната анксиозност, постои и теорија дека ова чувство има важна улога во нашата еволуција. Една хипотеза која оди во прилог на ова е и дека социјалната анксиозност може да спречи да делуваме на начини кои би можеле да доведат до исклучување од заедниците во кои живееме.

Улогата на срамот во социјалната анскиозност

Срам е комплицирано чувство за идентификација. Често може да го помешаме со чувството на вина кое е повеќе поврзано со каењето за нашето однесување. Срам, од друга страна, е каење од себе а не за нашите акции. Може да се каже дека интристички веруваме дека нешто не е во ред со нас. Ова прави тешко да го прифатиме фактот дека другите може не се согласуваат со нас.
Во истражувањта за социјалната анксиозност и срам има многу работи кои се преклопуваат. Денес се верува дека централен елемент на социјалната анксиозност е желбата да им се допаѓаме на другите и неуспехот истата да ја исполниме.

Соочување за чувството на социјална анксиозност

Терапијата за социјална анксиозност може да вклучува отпакување на нашите чувства за себе. Што е извор на срам? Кои се доказите кои можеш да ги искористиш во твоето соочување со негативните идеи? Со избегнувањето на тешките чувства на социјална анксиозност, исто така губиме можност да ги откриеме нашите позитвни квалитети. Ти имаш исклучителни квалитети кои им носат вредност на луѓето околу тебе, но тие факти си ги заборавил/а. Со тек на време, овие позитвни идеи ќе испливаат на површината.

Ако сакате да работите на комплицирани чувства со лиценциран професионалец, поврзете се со онлајн терапевт