fbpx

Анонимно советување и терапија од комфорот на вашиот дом!

Користењето на технологија за подобрување на индивидуалното здравје, или познато како “телемедицина” се достигувања кои носат промени во здравствената индустрија. Разговор.мк претставува голем напредок за модерната психотерапија и советување во нашата држава. Сега, со помош на нашата мобилна апликација добивате едноставен, брз и анонимен пристап до професионални терапевти и советувачи.

Терапија и советување дома или во движење

Предноста на комбинирање на терапијата со технологијата е тоа што вашиот терапевт е само на неколку чекори од вас. Се што треба да направите е да внесете ваш прекар, возраст и пол и веднаш ќе добиете пристап до нашиот широк спектар на советувачи и терапевти. Терапевтите се достапни низ целиот ден и секогаш ќе најдете некој со кој ќе можете да поразговарате во рок од 1 час. Разговор.мк засега е достапна само за Android уреди, но наскоро ќе биде достапна и за iOS на Apple! Без разлика каде и да сте, вашиот терапевт е само на неколку чекори од вас. Фенси каучот, иако убав – не ви е потребен!

Изберете го вистинскиот партнер за соочување со вашите предизвици

Една од најлошите работи во врска со започнувањето на терапија или советување е да побарате терапевт кој одговара на вашите потреби и ќе се поврзе со вашата личност. Разговор.мк има мрежа од десетици терапевти, специјалзирани за разни предизвици. Повеќе терапевти значи поголеми шанси да пронајдете некој кој одлично се вклопува со вашите потреби. Секако, доколку избраниот терапевт не ги исполнил вашите очекувања, секогаш можете да пробате со друг!

Како функционира?

Најпрвин, спуштете ја Разговор.мк апликацијата од Google Play Store. Се што треба да направите сега е да внесете прекар, возраст и пол и веднаш ќе можете да ги разгледате терапевтите на платформата!

Откако ќе ги разгледате опциите и ќе го направите вашиот избор, се што треба да направите е да го одберете терминот кој најмногу ви одговара, да ја закажете вашата 45 минутна сесија и да го остварите вашиот разговор!

Направете го следниот чекор!

Ако размислувавте да пробате Интернет-терапија, ние сме тука за вас! Се надеваме дека овој краток прирачник покажува како он-лајн терапијата може да ви помогне да се чувствувате посреќни, поздрави и да ја подобри вашата благосостојба. Секое искуство во терапијата е уникатно и Разговор.мк продолжува да ја гради технологијата и заедницата која ја носи оваа област во нова ера! Сакате да го направите првиот чекор денес? Спуштете ја нашата Android апликација и закажете си разговор денес!