fbpx

Разговарај со: Сања Јовановска

Разговор.мк е платформа која овозможува анонимен пристап до тренирани и професионални психолози. На платформата можете да изберете некој од нашите деситици експерти за ментално здравје и анонимно да се допишувате. Превземете ја нашата андроид мобилна апликација и закажете анонимно советување со некој од психолозите на платформата!

Со цел подобро да ги запознаете психолозите, направивме интервју со секој од нив.

Денес Сања Јовановска ќе одговори на неколку прашања.

Зошто работите како психолошки советник или психотерапевт? 

Љубопитноста, желбата за помагање на друг, високо развиената емпатија ме наведоа да запишам студии по психологија каде започнав да откривам колку работата на еден психолог/психотерапевт е предизвикувачка и креативна. Подоцна изучувајќи психотерапија и применувајќи ја истата открив дека секоја сесија е нова авантура која завршува со подобрување на нечија благосостојба, што дополнително ме мотивира и инспирира и за работа и за едукација.

Што ве натера да се приклучите на Разговор.мк?

Во Разговор.мк гледам еден нов начин и пристап кон советување кое до сега го немало на нашево поднебје. Истиот  нуди брз пристап за помош и поддршка од страна на стручни лица за сите поединци кои се соочуваат со некој проблем и сакаат за истиот да се посоветуваат. Овој начин на пристап кон психолошка помош во чекор е со начинот на кој живееме во денешницава како што се брзиот развој на технологијата и секојдневното користење на социјалните мрежи. Исто така online советувањето нуди и анонимност и полесен пристап за сите кои размислувале да посетат психолог/психотерапевт но на некој начин стигмата одење кај психолог од страна на околината ги спречува/ла.

Што до сега ве направило најгорди на својата професија?

Секое ново откритие во оваа област и секоја  нова техника и интервенција креирана со цел  подобрување на квалитетот на живот на секој од нас.

Можете ли да се сетите на момент или ситуација кога сте биле инпирирани од вашата професија?

Психотерапијата постојано и секојдневно ме инспирира со секоја позитивна мисла, со секоја прочитана книга од областа на психологијата и психотерапијата, но можам и да се присетам на почетокот на изучување на дел од техниките и интервенциите од семејна и системска психотерапија кои кај мене предизвикаа „аха“ доживување и кога сега истата реакција ја согледувам и кај клиентите применувајќи ги истите.

Зошто ви е битно ова што го работите?

За мене менталното здравје е еднакво важно како и физичкото и ова го работам токму поради тоа, подобрување на менталното здравје кај клиентите, за секој поединец да живее, не да преживува.

Кој би бил вашиот совет за некој што се мисли дали да побара психолошко советување или терапија?

Бидете слободни да контактирате стручно лице за секој проблем кој ве загрижува и потешко се носите со истиот. Терапијата може да биде катализатор за здрави промени во животот на секој од нас. Низ терапијата секој може да ги истражи своите можности и да го подобри своeто функционирање на лично, семејно, емоцинално, социјално, професионално ниво…

Како се забавувате во слободно време?

Време за себе е време поминато во читање добра книга,  за мене секоја нова книга  е ново патување. Инспирација и енергија наоѓам поминувајќи време и со моите блиски луѓе и пријатели. 

Доколку сакате да се посоветувате со Сања, превземете ја Разговор.мк мобилната апликација и закажете разговор!