
Разговор.мк е платформа која овозможува анонимен пристап до тренирани и професионални психолози. На платформата можете да изберете некој од нашите деситици експерти за ментално здравје и анонимно да се допишувате. Превземете ја нашата андроид мобилна апликација и закажете анонимно советување со некој од психолозите на платформата!
Со цел подобро да ги запознаете психолозите, направивме интервју со секој од нив.
Денес Алисија Коелвска ќе одговори на неколку прашања.
Зошто работите како психолошки советник или психотерапевт?
Во моето семејство како отсекогаш да биле присутни теми на разговор од полето на психологијата. Благодарение на тоа станав свесна дека вредностите, ставовите и верувањата имаат пресудно значење за развојната насока на животниот тек.
Што ве натера да се приклучите на Разговор.мк?
Со помош на платформата грижата за менталното здравје станува полесно достапна за секого, што е особено значајно во периодот присутен на глобално ниво. Исто така и истражувачките наоди континуирано ја потврдуваат високата ефективност на онлајн советувањето.
Што до сега ве направило најгорди на својата професија?
Чувството на емпатично поврзување со искуствата на клиентот и негово насочување кон осознавање на внатрешната мудрост, притоа потпомагајќи ја мотивираноста кон посакувани промени.
Можете ли да се сетите на момент или ситуација кога сте биле инпирирани од вашата професија?
Преку мојата вклученост во стручно усовршување, последните години имав можност да се запознаам со работата на психолози кои во светски рамки ја унапредуваат психолошката дејност.
Ме инспирира радоста од непосредните реакции на клиенти, присутни на предавања, деца, млади, испитаници, читатели, колеги, добронамерни луѓе.
Зошто ви е битно ова што го работите?
Бидејќи има можност за поттикнување на клиентот да се истражува себе си, да се развива како индивидуа и оптимално да ги искористува своите потенцијали
Кој би бил вашиот совет за некој што се мисли дали да побара психолошко советување или терапија?
Кога поединецот чувствува дека неговото секојдневно функционирање стагнира или е нарушено, разговорот со психолог ќе го насочи кон откривање нови, поавтентични начини на поврзување со себе си и со другите.
Како се забавувате во слободно време?
Се ревитализирам со јога. Фотографијата ми е хоби. Повремено учествувам на фото изложби. Драгоцено ми е времето поминато во дружење. Понекогаш гледам филм од Дизни или читам бестселер..