fbpx

11 изненадувачки причини дека можеби е време да разговарате со психолог

Постојат некои малку зборувани однесувања и мисли кои може да сугерираат дека е време да се побара поддршка од лиценциран психолог . Прочитајте за да видите дали одговорите на некое од следниве прашања е ДА.

1. ЧЕСТО СЕ ЧУВСТУВАТЕ КАКО НИКОЈ ДА НЕ ВЕ РАЗБИРА?

Нормално е за тинејџерите да се чувствуваат погрешно разбрани. Но, ако сте во доцните 20-ти или подалеку и често се чувствувате како никој околу вас да не ве разбира, можеби се соочувате со предизвици побврзани со интимност, идентитет или проблеми со комуникацијата. Овие предизвици често се поврзуваат со начинот на кој сме израснати, па затоа е добра идеја да разговараме со психолог.

2. ВЕЌЕ СТЕ НАД 30-ТАТА НО НИКАКО ДА УСПЕЕТЕ ДА ОДРЖИТЕ ВРСКА ПОДОЛГО ОД 6 МЕСЕЦИ?

Честопати ова е предизвикано од страв од интимност или неисправни начини на поврзување за кои дури и не сме свесни а влијаат на нашиот живот. Психологот не само што може да ви помогне јасно да го видите и разберете проблемот, тие создаваат безбеден простор за да научите како да верувате.

3. СЕКОГАШ СТЕ УМОРНИ БЕЗ ОГЛЕД НА ТОА КОЛКУ СПИЕТЕ?

Ако сте имале здравствена проверка и лекарот не може да пронајде ништо, вреди да се разговара со психолог. Постојан замор е всушност знак на депресија.

4.МНОГУ ЧЕСТО СЛУШАТЕ ОД ДРУГИ ДЕКА СТЕ ПРЕМНОГУ ИМПУЛСИВНИ?

Сите сме спонтани понекогаш. Но, ако вашата импулсивност има тенденција да ја саботира вашата благосостојба – вашите односи, вашата кариера – тогаш тоа би можело да биде знак за разговор со психолог.

5.НЕ СТЕ СРЕЌНИ ВО ВРСКАТА, НО ЕДНОСТАВНО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ МОЖЕТЕ ДА ИЗЛЕЗЕТЕ ОД НЕА?

Да не можете да ја напуштите врската честопати е знак на ниска самодоверба и/или меѓусебна зависност. Овие се длабоко вкоренети однесувања кои ја градат нашата комфорна зона и може да биде исклучително тешко да се сменат без поддршка. Колку подолго останувате, толку повеќе може да се намали вашата самодоверба, што пак може да доведе до депресија.

6. ЧЕСТО ЧУВСТВУВАТЕ ФИЗИЧКИ СИМПТОМИ ЗА КОЈ ВАШИОТ МАТИЧЕН ЛЕКАР НЕМА ОДГОВОР?

За некои, само постојаната мускулна напнатост или проблеми со спиењето се знак дека нешто не е во ред ментално и страдате од анксиозност или депресија. Но, за други, може да се необјаснети медицински симптоми кои постојано се повторуваат.

7. МИСЛИТЕ ДЕКА ЖИВОТОТ ТРЕБА ДА БИДЕ ТЕЖОК ИЛИ ДЕКА НЕМАТЕ СРЕЌА?

Дали сите мисли ви се негативни? Дали имате тенденција да размислувате во крајности? И има ли таму несреќа и мрак? Негативното размислување е главна причина за слабо расположение. Тоа доведува до циклус на негативни чувства, а потоа и негативни животни избори кои ве држат заглавени во надолна спирала.

8. ДАЛИ СЕ ЧУВСТУВАТЕ ОСАМЕНО?

Можеби во скоро време сте се иселиле од дома и на почеток се ви беше ново и интересно, но сега се чувстувате осамено и оддалечно од вашата непосредна околина? Ова е добар период да разговарате со психолог.

9. ТЕШКО ВИ Е ДА ИМ КАЖЕТЕ НЕ НА ДРУГИТЕ?

Дали сте истоштени од тоа да правите работи што навистина не ве интересираат затоа што велите да кога сакате да кажете не? Или дури и да се најдете во врски затоа што не сакавте да повредите некого? Сето тоа е знак дека ви недостасуваат лични граници. Тоа е тежок модел за промена, но ако разговарате со психолог можете да дознаете зошто го имате овој предизвик и како да си ја вратите личната моќ.

10. ДАЛИ МИСЛИТЕ ДЕКА СВЕТОТ Е МНОГУ ОПАСНО МЕСТО?

Ако често мислите дека светот е опасно место во текот на денот, а не само кога ќе прочитате некои лоши вести или имате негативно искуство, можно е вашата негативност да е вградена во вашата личност. Оваа шема на однесување е тешко да ја промениме само и добро е кога ќе се консултираме со психолог.

11. ДАЛИ ИСКРЕНО И ДЛАБОКО СИ ЈА МРАЗИТЕ РАБОТАТА?

Да, многумина од нас прават некои работи што не ги сакаат додека не се докажеме и изградиме себе си. Но, ако отсекогаш сте правеле работи што ги мразите, тоа можеби не е само “таков е животот”. Ова може да значи дека длабоко се сомневате во вашите вештини и вашата вредност, па ова ве спречува да заминете на подобра работа или да побарате унапредување.
Психолозите всушност се многу корисни за проблемите со работното место, помагајќи ви да разјасните што навистина сакате и конечно да ги направите тие чекори напред.

Се пронајдовте во некои од прашањата? Превземете ја нашата андроид мобилна апликација и закажете си 45 минутен анонимен разговор со професионален психолог!