fbpx

Што ако повторно се воведе задолжителен карантин?

Бидејќи веќе подолг период се практикува физичко растојание, доживуваме некои објективно многу тешки периоди. Вештините за справување што успешно ги користевме пред пандемијата можеби нема да ни бидат достапни во моемнти на затворени спортски сали, паркови, социјални простории, канцеларии на многу терапевти и откажување на социјални настани. Па, како да се прилагодиме и да ги надминеме овие предизвикувачки околности? Кои информации можат да ни помогнат да останеме силни во овие тешки времиња?
Еве неколку совети како да се справите со овие вонредни ситуации.

Внимателно одвлекување на вниманието

Нашиот ум е прилично магично, но исто така впечатливо место. Отсекогаш откривав дека најдобро се чувстувам кога го разгорувам умот со здрави и корисни информации.
Ова може да се појави во многу форми, но може да вклучува: книги, подкасти и позитивни новини. Од никој од нас не се очекува да ги има сите одговори, па способноста да го насочиме умот на зборовите на другите кои имаат за цел да нè охрабрат, може да биде корисна и освежувачка за вакво време.
Стручен совет: аудио-книгите се одлични за овој период, тие се добар начин да се одвлече вниманието.

Фокусирајте се на раст

Во времиња на паника како овие, лесно е хаосот да не обесграбри. Понекогаш дури и забораваме дека добрите работи можат да произлезат од ужасни искуства. Концептот на посттрауматски раст е она што ми доаѓа на ум тука. Посттрауматскиот раст се случува кога луѓето имаат способност не само да се вратат во нормала после траума, туку и повеќе да се фокусираа на позитивната страна од животот. Можете да помислите на посттрауматскиот раст како што може да имате раст на мускулите. Сите го знаеме уморот и “траумата” кои произлегуваат од првите тренинзи во теретана, но исто така, сите ги знаеме и придобивките доколу издржиме и останеме конзистентни во нашите тренинзи.

Колку би било одлично ако можеме да се вратиме од секоја траума со ова посилно и со новооткриено чувство за себе. Сепак, растот е нешто што бара време, како и прифаќање. Ние мора да прифатиме дека не можеме да стигнеме до другата страна на невремето без да поминеме низ невремето, но замислете колку е убав денот кога ќе можеме да ја достигнеме другата страна со помош на силата здобиена од пловењето низ истото.

Најдете трошки на надеж

Друг начин да останете психички силни во овие тешки денови е да пронајдете нешто – што било – за кое ќе се надевате. Дури и најмалата надеж може да биде ситната светлина што ни е потребна на темно место. Надежта ни помага да ја ставаме едната нога пред другата. Ако се чувствувате лошо или сакате да создадете секојдневна навика да останете психички силни, обидете се да ги наведете работите што ви даваат надеж.

На пример, некои работи што постојано ми даваат надеж се:

  • Медицинските професионалци и научниците на фронтовите кои неуморно работат на тоа сите да бидат безбедни.
  • Љубезноста на тотални странци за време на големи тешкотии.
  • Магијата во очите на мојата љубов.

Не постои единствен правилен начин за наоѓање сила и цврстина во овие невидени времиња. Она што работи за мене, можеби не одговара за вас, но јас силно ве охрабрувам да истражувате и барем да пробате некои од овие предлози. Предизвикот презентиран од КОВИД-19 пандемијата е време кога треба да бидеме наоѓачи на решенија, и јас апсолутно верувам во нашата колективна решеност. И, кога најдете нешто што ви одговара, споделете ја добрата вест.

Ако сакате да работите на комплицирани чувства со лиценциран професионалец, поврзете се со онлајн терапевт.