
Успешната комуникација меѓу наставникот и ученикот е условена и од емпатијата, односно од способноста на една личност да се вовлече под кожа на другата, согледувајќи го светот со нејзините очи. Емпатијата е облик на идентификација, тоа е психичка способност која овозможува проникнување во свеста на другиот, но без намера да се поистовети со него. Емпатијата опфаќа три аспекти: првиот се однесува на емоциите, расположението, афектите, вториот аспект кој се однесува на мотивите, желбите, стремежите, и третиот аспект ги опфаќа мислењата, ставовите и претставите.
Што е емпатија?
Емпатијата е структуирана од когнитивно-интелектуални и афективно-емоционални компоненти. Кај когнитивно-интелектуалните се врши набљудување од гледиште на другата личност, а афективно-емоционалните се однесуваат на почитување на чувствата на другата личност и способност за сочувствување.
Емпатијата како важен услов за успешна комуникација овозможува: наставникот да го доживува ученикот целокупно во неговиот персоналитет и однесување, да ги разбере мотивите и причините за однесувањето за да може да му помогне или да го насочи, прилагодување на комуникацијата на учениците (да се стави на нивно место, да се соживее со нив и нивните проблеми), надминување на егоизмот и егоцентризмот, развивање на емпатиска способност кај ученикот (почитувајѓи ги неговите чувства, мислења и мотиви, комуникцирајќи со нив влијае врз развојот на емпатиската способност).
Дали ученикот треба да покажува емпатија во односот со учителот. Веројатно да. Но доколку детето не е во состојба да ја израи од причина што не било стимулирано за да се здобие со неа потребно е да го забележиме тоа и што поскоро да го вклучиме во активности кои ја стимулираат истата. Емпатијата ќе го научи ученикот на самодициплина а со тоа и учителот ќе добие поголема вредност и почит во неговите очи. Емпатијата ги јакне и создава здрави меѓучовечки односи. Таа е силна компонента во одржување на менталното здравје кај децата.
Ниедно дете не е изгубено и неуспешно во училиште ако има учител кој верува во него. Менталното здравје на учениците е поважно од нивните оценки.
Христина стефановска
Доколку сакате да се посоветувате со Христина Стефановска, тоа можете да го направите преку овој линк на вашиот андроид телефон.