fbpx

Подигнување свесност за превенција од самоубиство кај ЛГБТИ луѓе

Повисока свесност за превенција од самоубиство кај ЛГБТИ (лезбејки, геј, бисексуалци/ки, трансродовни и интерсекс ) луѓе, за време на развојот на младите кои се идентификуваат како ЛГБТИ е од исклучителна важност. ЛГБТИ младината е пет пати повеќе подложна на обиди за самоубиство и самоубиство за разлика од хетеросексуалната младина. Токму затоа треба да се активира алармот за високите стапки на обиди за самоубиство кај оваа заедница.

Луѓето кои се идентификуваат како ЛГБТИ се борат секој ден со тоа што ќе им кажат на оние што ги сакаат и им се восхитуваат, дека се различни од она што општеството го смета за просечно. Ако не сте прифатени и почитувани кога го правите тоа, многу често може да дојде до чувство на депресија, вознемиреност и самоубиствена идеја.

Механизми за справување

Тоа што недостига во процесот на “coming out” е сочувствителен систем на поддршка и чувство на припадност. Многу е важно да може да се разговара со начините и механизмите за справување. Огромна разлика е кога имаме некого кој може да ни помогне и да не насочи низ ново-настанатите емоции, учејки не на вештини за справување. Може да погледнете неколку од нив подолу:

Систем за поддршка од пријатели

Кога чувството на безнадежност и очај ќе почне да се зголемува споделете со некому. Кажете му на близок пријател, член на семејство, пријател на Интернет, стручен советник и слично. Дозволете им на овие лица да знаат како се чувствувате. Говорењето може да доведе до тоа некој да ве провери и да забележи промени во однесувањето и да ви даде поддршка.

Водете дневник

Пишувајте за вашите расположенија и емоции. Дури и некој настан во текот на денот ви изгледа неважен, напишете за него. Оваа инзворедна психолошка техника ви овозможува да имете трага во промените на вашето расположение и емоции, и ќе ви даде сигнал кога работите ке почнат да одат во надолна линија.

Водењето дневник овозможува простор за идентификување, признавање и процесирање на негативните емоции и мисли.

Обратете се до ЛГБТИ заедницата

Не заборавајте дека секогаш има луѓе кои се многу слични на вас, кои се соочуваат со исти и слични предизвици. Контактирајте локална ЛГБТИ организација која може да ви овозможи ресурси како онлине групи за поддршка и советување, безбедно место за пришање, како и голем број на социјални активности.

Скратете на време од социјални мрежи

Да ова може да биде огромен предизвик, бидејки за многумина денот започнува со телефон во рака и пристап до голем број на онлине социјални апликации. Социјалните медиуми не се негативни меѓутоа може да предизвикаат негативно размислување, особено кога сте многу ранливи.

Кога сме во деликатна и сензитивна сосотојба најдобро е да се одбегнуваат одредени тригери кои може да го нарушат менталното здравје. Размислете и да намалите на “screen time”.

Се надевам дека дел од овие механизми за справување ќе може да ви користат. Доколку се пронајдовте во некој од гореспоменатите предизвици, превземете ја нашата андроид мобилна апликација и закажете си 45 минутен анонимен разговор со професионален психолог!