fbpx

Онлајн настава – совет за родителите

 Сакале или не, се случуваат глобални промени заради пандемијата од КОВИД. Една од промените е во образовниот систем. Дел од учениците а, можеби и сите, нема да го продолжат образованието во традиционалната форма, контакт наставник-ученик, туку севкупната образовна материја ќе се реализира на далечина, односно преку компјутерски систем.

 Со овие промени и многубројни прашања и стравови, се соочуваат не само учениците туку и нивните родители. Некои од нив тагуваат бидејќи, нивните деца ќе ја ”загубат” дразбата што значи да седиш во училишна клупа, да препишуваш, да бришеш табла, да бегаш или да доцниш на час па да се извинуваш, други се на мислење дека ништо или многу малку ќе научат и ова ќе бидат “пропаднати” генерации а, трети оставаат да течат работите онака како што налага времето.

Токму оваа статија е наменета за родителите, како да им помогнат на своите деца полесно и подобро да учат на далечина, преку најразните образовни компјутерски алатки.

1. Зголемете ја детската концентрација и фокусот

Како и во училницата каде дристракторите (одвлекувачите) на вниманието се не посакувани, истото важи и во формата на далечинско учење. Најдобро е родителите да создат “мини училница” за децата, на тој начин што ќе биде секогаш во истата просторија која ќе биде наменета за учење, осветлена, проветрена, колку што е возможно звучно излолирана и без не потребни надворешни дразби. Целта е да се фокусира вниманието на наставниот материјал и да се стимулира мозочната активност. Со други зборови ќе се овозможи полесен проток на информацијата од давателот кон примачот.

2. Мултитаскинг

Родителите би требале да имаат во предвид дека сега од детето ќе се бара истовремено да врши повеќе дејствија. Не само да слуша и класично да запишува или одговара, туку да има слушалки во ушите преку кои најдобро ќе слуша, да пишува на тастатура, да користи маус, да отвара-затвара компјутерски прозорци, можеби паралелно да запишува во тетратката, да го мутира или пушта звучникот…. Можеби платформата ќе биде направена така да не ги гледа соучениците или во одредени периоди да се гледаат со што од една страна ќе се намали дистракцијата, но од друга страна ќе се зголеми оттуѓеноста.Токму затоа ќе им биде потребна поголема, пространа површина (биро, маса), на која ќе можат се да стават а, не да бараат за време на далечинскиот час а со тоа да се дефокусираат.

3. Емоционалната состојба на детето

Ако родителите се збунети во оваа промена, верувајте дека во главите на Вашите деца се јавуваат многу прашања на кои не ги знаат одговорите како и многу чувства на страв дали ќе успеат да се снајдат. Чувства на носталгија зошто не е како порано и прашања до кога вака,… Вие како родител тука можете многу да помогнете. Во зависност од возраста и моменталната состојба на детето, седнетете го кога е расположено за разговор и објаснете му она што знаете а, она што не знаете обидетете се заедно да си одговорите. Можеби детето знае нешто што Вие не знаете или со бура на идеи ќе дојдете до решение, одговор а, со тоа ќе си олесните двете страни.

4. Бидете мотиватори

Родителите секогаш се модели на идентификација со кои децата се идентификуваат, имитираат а, така неосетно асимилираат форми на однесување. Токму затоа мотивирајте ги децата да учат и рационално да го структурираат своето време. Ни порано, ни сега мотивацијата не се создава преку споредување со соучениците. На тој начин ќе стимулирате ривалство и натпревар со надворешена дразба. Детето ќе учи за да биде подобро од,…….!!! Грешка. Потребно е да му ја вдахнете љубовта, љубопитството и заинтересираноста кон научното копање и истражување и да се натпреварува сам со себе. Главната дразба “да биде подобар од вчера” да биде од внатрешноста.

Не смеете да заборавите да ги прифаќате неуспесите како во училиштето така и во животот. Кога Вашето дете нема добро или доволно добро да ја научи лекцијата, напише задачата, нацрта и слично, прифатете го неговиот неуспех и покажете му дека го сакате затоа што е Ваше дете кое е плод на љубов а, не дека Вашата љубов зависи од неговата училишна а потоа и животна перформанса!

5. Структура на време

Учењето на даличина не е игра. Не заборавајте и потсетете ги децата, седењето на компјутер и учење е сосема различно од играње на игрици или слушање на музика. Исто така потребно е да се придржуваат кон навиките како и при традиционалното учење. Навремено да легнуваат за да имаат доволно долг и квалитетен сон, навремено да стануваат и кога учат да бидат сконцентрирани. По завршување на наставата, да се размрдааат, особено сега ќе бидат уште повеќе добредојдени физичките активности и што подолго престојување на воздух, како и создавање на услови за физичка дружба со врсниците но, со почитување на мерките за превенција.

Како психотерапевт на сите родители и деца би им посакала среќна и успешна учебна година. Да се биде интелигентен не значи секогаш да се знаат одговорите на сите прашања. Да се биде интелигентен значи да се адаптираме на промените што побрзо со сите ресурси и капацитети кои ги поседуваме а, оние кои недостасуваат да ги научиме. Токму сега еволуцијата се случува кај човештвото. Посилните видови ќе ги прифатат промените, ќе научат нов начин на живот и ќе се носат со неизвесноста, за разлика од другите кои ако дејствуваат со старите вештини, кои сега ќе бидат контравештини а не ги научат новите вештини, можат да се загубат во виорот наречен живот!

Доколку ви се потребни било какви совети, можете да ја контактирате Розалија Секулоска преку нашата мобилна апликација.