
Разговор.мк е платформа која овозможува анонимен пристап до професионален психлог. На платформата можете да изберете некој од нашите деситици експерти за ментално здравје и анонимно да се допишувате. Превземете ја нашата андроид мобилна апликација и закажете анонимно советување со некој од психолозите на платформата!
Со цел подобро да ги запознаете психолозите, направивме интервју со секој од нив.
Денес Павел Балојани ќе одговори на неколку прашања.
Зошто работите како професионален психлог или психотерапевт?
Сакам да им помогнам на другите да постигнат подобро и подлабоко познавање на себеси и проблемите и грижите со кои се соочуваат во нивното секојдневие. Верувам дека секоја индивидуа го има капацитетот да си го подобри сопственото ментално здравје, а со тоа и нивниот поглед и однос кон околината и луѓето во неа.
Поради ова, имам голема желба да бидам дел од овој целокупен процес кон ментална добросостојба кај индивидуата.
Што ве натера да се приклучите на Разговор.мк професионален психлог ?
Верувам дека со помош на оваа платформа ќе можам да бидам подостижен на лица на кои им е потребна психолошка поддршка, а со оглед на тоа дека со напредокот на технологијата се повеќе се дава фокус на комуникација преку телефон/интернет, сметам дека Разгвор.мк е мошне потребна апликација во Македонија, каде што одење на професионален психлог и/или психијатар е сеуште табу тема.
Што до сега ве направило најгорди на својата професија?
Моментот кога мојата помош и советување не е веќе потребно од страна на клиентот/пациентот, кога знам дека мојата помош стварно доведе до позитивна разлика во расположението и психичката добросостојба на моите клиенти.
Можете ли да се сетите на момент или ситуација кога сте биле инпирирани од вашата професија?
Има повеќе моменти, но тоа што мене ме инспирира лично е оној „аха“ момент што го добивам кога ќе стигнеме со клиентот/пациентот до сржта на проблемот кој што се обработува.
Зошто ви е битно ова што го работите?
Сакам да дознам и да ги разберам причините кои стојат зад однесувањето на луѓето, како нивните одлуки, интеракции, реакции. Сакам длабоко и темелно да го разберам психочкиот свет и доживување на луѓето, нивниот начин на расудување, моралност, да ја разберам нивната лутина и бес, нивната тага и среќа, нивната љубов и љубомора. Ова е мошне важно за мене и искрено не сметам дека можам да го одговорам онака како што сакам чисто преку текст.
Кој би бил вашиот совет за некој што се мисли дали да побара поддршка од професионален психлог или терапија?
Не се двоуми, остави што ти кажува комшијата или другарите, не си луд или психотичен ако одиш на психолог или психијатар. Како што одиш на матичен лекар кога ти тече носот или те боли грлото, така можеш да одиш и на психолог кога ви треба разговор или кога ве боли срцето (како метафора срцето, ако буквално ве боли срцето тогаш ве молам контактирајте го вашиот матичен лекар или кардиолог).
Како се забавувате во слободно време?
Зависи од денот, но обично се забавувам со прошетки на планина или во природа или играм видео игри.