Дали луѓето можат да се променат? – Прашањето звучи донекаде апстрактно, како некој да прашува за пријател или општо, но веројатно е многу повеќе лично мотивирано – и поболно.
Си го поставуваме ова прашање, обично, кога сме во врска со некој што ни нанесува голема болка, некој што одбива да го отвори своето срце или не може да престане да лаже, некој што е агресивен или одвоен, некој кој си штети на самиот себе или успева емотивно да не’ уништува. Прашуваме затоа што во овој случај немаме јасен одговор на нашата фрустрација, и не можеме едноставно да станеме и да си заминеме – премногу сме емотивно инвестирани за да се откажеме.
Дали луѓето можат да се променат?
Една работа веројатно веќе ни е очигледна: дури и ако луѓето можат да се променат, тие со сигурност не се менуваат лесно.
Можеби се иритираат секогаш кога ќе спомнеме некој проблем и не обвинуваат дека сме сурови или догматични. Можеби се кршат доцна во ноќта и признаваат дека имаат проблем, но наредното утро, жестоко го негираат тоа.
Можеби велат дека да, сега го сфаќаат проблемот, но никогаш не’ покажуваат разбирање онаму каде што навистина е важно.
Во најдобар случај, можеме да заклучиме дека – додека ние свесно одлучуваме си да го поставиме прашањето за промена во нашите умови, оној што многу ни значи, успева да не се промени ниту директно, ниту благодатно.
Затоа, можеби треба да си поставиме прашањето: дали е во ред да сакаме некој да се промени?
Импликацијата од нашите сакани што создаваат ранливи проблеми за нас е, најчесто, огорчено „не“. „Сакај ме таков каков што сум“ е нивната мантра.
Но, гледано од помудар аспект, само совршен човек некогаш би негирал дека можеби ќе треба малку да порасне за побогато да ја заслужи љубовта на другиот. За нас останатите, сите добронамерни и прилично пристојни барања за промена треба да бидат сослушани со добра волја, и во одредени случаи да се постапува според нив со огромна сериозност. Оние што најостро реагираат на сугестијата дека можеби ќе треба нешто да променат – парадоксно – даваат најочигледен знак дека можеби навистина, имаат огромна потреба од внатрешна еволуција и емоционално растење.
Зошто промената може да биде толку тешка?
Не е дека лицето кое дава отпор на промена е само несвесно што е она што е лошо и навредливо, и ќе успее да ја смени насоката откако ќе му се посочи некое прашање. Одбивањето да се промени една личност и да реши некој проблем, е поистрајно и по-своеволно од ова. Целиот карактер на таа личност може да биде структуриран околу активен стремеж да не знае или да не чувствува одредени работи. Нивната можност за увид на потешките проблеми и способноста за промена најчесто е агресивно спречена преку пиење, компулсивно рутинско работење или иритација со сите оние кои се обидуваат да ја предизвикаат.
Со други зборови, на непроменливата личност не и’ недостасува само знаење, туку тие всушност, се енергично посветени да не го добијат истото. Се спротивставуваат на тоа, затоа што бегаат од нешто извонредно болно од нивното минато и детство, кога првично биле многу слаби и беспомошни да се соочат – и сè уште не можат да ги најдат потребните средства и храброст за соочување и помирување. Значи, овде не се зборува само за непроменлива личност, туку пред се, со трауматизирана.
Дел од проблемот, кога се наоѓаме во ваква ситуација, е да дојдеме до телемно знаење и свесност на каква личност се спротивставуваме.
Недостатокот на променa кај нашите сакани, може да изгледа толку фрустрирачки затоа што не можеме да разбереме зошто всушност е толку тешко. Зошто едноставно не можат да се движат во вистинска насока? Но, ако во тој момент ги разгледаме целосните размери на она со што некогаш се соочувала оваа личност и условите во кои нивниот ум е формиран во минатото – и да станеме свесни за нивните затворени врати и тешкотии – можеби ќе успееме да бидеме пореални и сочувствителни. Тогаш, прашањето „Зошто едноставно…“ веќе ќе изгуби смисла.
Истовремено, што е многу важно, можеби нема повеќе да се трудиме толку многу околу нив како што сме правеле често.
Во овој момент, земајќи ги во предвид јасните докази за недостаток и невозможна промена кај одредена личност, а со тоа и губење на реална надеж дека нашите потреби ќе бидат некогаш задоволени, си поставуваме прашање што е многу неправедно и прилично тешко: Зошто сме сè уште тука? Зошто се обидуваме да отвориме врата што не може да се отвори и зошто се враќаме на периодична фрустрација, надевајќи се на поинаков резултат? Кој скршен дел од нас не може да си замине? Кој дел од нашата приказна се повторува во драма на континуирано уништени надежи?
И, ако зборуваме за промена, дали можеме еден ден да се претвориме во личности кои нема да чекаат да се појави некоја безнадежна промена кај другите луѓе во нашиот живот? Можеби ќе успееме да станеме позрели и да им дозволиме простор само на оние личности кои сепак, ќе можат да го исполнат важниот дел од нашите потреби? Покрај тоа, дали можеме да станеме вешти во развивање на мала немилосрдност во нас за да ги оставиме оние сакани кои неуморно не’ одбиваат? Можеби треба да ги обновиме нашите карактери со цел – со време – да се претвориме во луѓе кои не се прашуваат премногу долго, дали и кога луѓето можат да се променат.
Анонимно побарај совет од лиценциран психолог
Одговорете на прашалникот подолу и споделете го предизвикот со кој се соочуваате. Психолозите на Разговор.мк ќе можат да го видат предизвикот со кој се соочувате и да споделат мислење со вас. Секако, психолозите може да понудат и значителен попуст за прва консултативна сесија со нив. Исто така, Разговор.мк нуди можност и да останете анонини при разговорот со психологот. Силно ви препорачуваме да закажете една консултативна сесија со психолог кој ќе ви понуди совет.
Откако ќе го споделите предизвикот со кој се соочувате преку формата подолу, ќе добиете меил за потврда. Преку истиот меил ќе можете да ја превземете и нашата мобилна апликација со цел во реално време да добивате известувања за добиен одговор од некој од психолозите.