fbpx

Burnout синдром и совети за надминување

Ивица Павлов е лиценциран психолог со кој можете да закажете анонимен разговор преку Разговор.мк мобилната апликација. До сега има оддржано над 160 сесии преку платформата и има оцена 5.0 (максимална) од неговите клиенти. За Ивица можете да дознаете повеќе преку преземање на нашата мобилна апликација со клик на копчето подолу. 

Burnout синдорм или Синдром на прегорување

Сведоци сме дека луѓето секојдневно, во рамки на своето работно место се изложени на динамични промени, мноштво работни задолженија, временски рокови, оценки за перформансите, барања за стекнување на нови знаења, способности и вештини и слично. 
Сето ова условува личноста да биде постојано изложен на стрес на работното место. Ваквата ситуација директно се одразува врз мотивацијата за работа, што во најголем број на случаи влијае негативно и може да резултира со burnout или синдром на прегорување.

Burnout синдром или Синдром на прегорување претставува состојбана психичка и емоционална исцрпеност која доведува до намалување на продуктивноста и ефикасноста на работното место, а се јавува како последица на долготрајна, прекумерна и хронична изложеност на стрес на работното место.

Најчесто, станува збор за личности кои се високо мотивирани, со високи стандарди, идеалистичка посветеност на својата работа, мислат дека можат да направат сè, да завршат 
пред предвидениот рок и да заборават на својот приватен живот доколку тоа го бара работата. Често забораваат дека работат повеќе од потребното, преземаат претерано тешки 
обрвски и чувствуваат огромен притисок врз себе.

Како до burnout или прегорување

И покрај почетната и огромна мотивација за себеактуелизирање, појавата на burnout започнува откако ќе се согледа дискрепанцата помеѓу посакуваното и реализираното, 
замислата и ограничувачките фактори, непризнавање и неразбирање од околината. Состојба на разочараност води во апатичност, циниза, иритираност, каприциозност и 
изолација, губење на граница помеѓу субјективното и објективното, балансот помеѓу работата и приватниот живот и избегнување на социјални контакти.

Оваа состојба не се случува одненадеж. Телото и умот ни праќаат сигнали и пред главното согорување, а кои е потребно да се обидете да ги препознаете за да може да си помогнете.

Побарај совет или насока од Ивица Павлов

burnout Ивица Павлов
Ивица Павлов,
Лиценциран психолог

Преку конверзација со терапевт добиваме шанса подобро да се разбереме себеси и да имаме исполнети и помалку анксиозни животи. Како психолог специјализиран за анксиозност и панични напади, тука сум да ве поддржам на вашето патување кон наоѓање олеснување и враќање на контролата врз вашиот живот. Преку сочувствителен и персонализиран пристап, ќе работам со вас за да ги разберам основните причини за вашата анксиозност и да развијам ефективни стратегии за справување со панични напади. Со помош на терапии засновани на докази, како што се когнитивно-бихејвиорална терапија (КБТ) и техники на внимателност, ќе ве водам во предизвикување на негативните шеми на размислување, имплементација на техники за релаксација и градење на еластичност. Заедно, ќе ги истражиме механизмите за справување приспособени на вашите специфични потреби, создавајќи простор да се движите во ситуации под висок притисок со доверба. Ако имате какви било прашања или насоки, ве молиме пополнете го формуларот подолу.

Кратки совети за справување и спречување на burnout

Во играта наречена живот, има неколку правила кои мора да ги почитувате:

  • Организирајте се и направете листа со приоритети! Поделете дел од обврските на вашите колеги или на други членови од семејството!
  •  Најдете време за себе! Одберете термини во текот на денот и во текот на неделата за вашето хоби и јасно информирајте ги за своето отсуство вашето семејство, 
    пријатели, колеги.
  • Најдете време за физичка активност!
  • Одберете термин за одговарање на пораки! Вие контролирајте го времето, а не тоа вас!
  • За време на ручек, веселба или средба со роднини или пријатели задолжително исклучете го вашиот мобилен телефон! Почитувајте ги блиските и себе си!
  • Релаксирајте го вашиот мозок и тело пред спиење. Прочитајте дел од омилената книга, направете за себе топла купка.
  • Спијте повеќе;
  • Пијте течности и хранете се здраво;
  • Кога сте вознемирени, не посегнувајте по кафе, напијте се чај.
  • Потрудете се работата да ја работите на работното место. Кога ќе го напуштите, запомнете дека сте завршиле со обврските за тој ден.
  • Ако сте навикната да прифаќате сè што ќе ви наложат, обидете се за почеток и барем еднаш да кажете НЕ!
  • Обидете се да не завршите некоја безначајна обврска и анализирајте ги вашите чувства во врска со тоа;
  • Научете да поставите граници и не дозволувајте тие да бидат срушени. Ќе бидете горди на себе си.
  • Сфатете дека нема ништо поважно од вас самите, вашиот живот и вашето здравје. Вие вредите, вие сте одговорни и посветени на работата. Сите кои се дел од вашето 
    опркужување доколку се вистински професионалци ќе го увидат тоа.

Денешната динамика на живеење не тера да брзаме, помалку да спиеме, не измачува со рокови и ја форсира на прво место работата. Да, работата е важна, но за да се биде
 успешен во неа, треба да се биде успешен и со себе.