fbpx

Како по загуба на саканата личност?

Повеќето луѓе ќе доживеат загуба во одреден момент од нивниот живот. Тагата е реакција на која било форма на загуба. Жалењето е еден вид тага што вклучува смрт на некој близок.

Жалењето и тагата опфаќаат низа чувства од длабока тага до лутина. Процесот на прилагодување кон значителна загуба може драматично да варира од една до друга личност. Тоа често зависи од потеклото на човекот, верувањата и односот со изгубената личност.

Жалењето не е ограничено на чувството на тага. Исто така, може да вклучува вина, копнеж, лутина… Емоциите често се изненадувачки по својата сила или благост. Тие исто така можат да бидат збунувачки. Едно лице може да се најде во тажна болна врска. Друг може да жали за саканата личност која починала од рак, а сепак да се чувствува олеснување што лицето повеќе не страда.

Однесување на луѓето кои се соочиле со загуба

Луѓето кои се соочиле со загуба, можат да имаат различни мисли, бидејќи бараат смисла за нивната загуба. Мислите може да варираат од смирувачки („Таа имаше добар живот.“) до вознемирувачки („Не беше нејзино време.“). Луѓето можат да си доделат различни нивоа на одговорност, од: „Немаше ништо што можев да сторам“, до: „Се е моја вина“.

Однесувањето исто така има широк спектар. Некои луѓе наоѓаат утеха во споделувањето на своите чувства. Други можеби претпочитаат да бидат сами со своите чувства, да се занимаваат со тивки активности како што се вежбање или пишување.

Два вида на чувства

Различните чувства, мисли и однесувања што луѓето ги имаат за време на тагата можат да се категоризираат во два главни стила: инструментални и интуитивни. Повеќето луѓе прикажуваат мешавина од овие два стила на жалост:

Инструменталното жалење се фокусира првенствено на задачи за решавање проблеми. Овој стил вклучува контрола или минимизирање на емоционалното изразување.

Интуитивното жалење се заснова на зголемено емоционално искуство. Овој стил вклучува споделување на чувства, истражување на изгубената врска и разгледување на смртноста.

Ниту еден начин на тагување не е подобар од кој било друг. Секоја индивидуа има единствени потреби кога се справува со загубата.

Надминување на загуба

Тоа што е значајно за ’здраво’ надминување на загубата е:

  • Да се изразуваат чувствата. Плачење, зборување и сеќавање на изгубената личност помага во поминување низ фазите на жалење. Во спротивно, потиснувањето еден ден ќе излезе на површина на поинаков начин и може значајно да влијае на менталното здравје на личноста на подолг рок.
  • Разбирање дека човечкиот живот е како книга, т.е. има почеток, содржина и крај. Ова е особено значајно кога се сеќаваме на личност која починала поради долготрајна или тешка болест. Секавањата на последните заеднички моменти и состојбата на личноста можат да бидат доста вознемирувачки и да ги ’покријат’ сеќавањата од останатиот дел на животот на личноста.
  • Целта не е да се заборави личноста, туку да се најде смисла за понатамошното функционирање без нејзиното физичко присуство. Често се случува лицето кое тагува, да чувствува вина во моментите кога тагата не е присутна или кога ќе се појави позитивна емоција поради било која причина од секојдневниот живот. Тогаш е значајно да се сетите дека: Вие сте сеуште живи и се дури сте живи имате одговорност да се грижите за сопствениот живот, а тоа значи да го живеете и доживувате со сите работи кои ги носи, позитивни и негативни.

Начините на справување со загубата може да имаат улога на дополнителни стресори и да доведат до негативни последици врз психо-физичкото здравје на оној кој тагува. Или, може да имаат улога на патишта кон исцелување на душата. Овде ќе наведам, секако, некои од вторите.

Препораки за олеснување на процесот на жалење

Целите на следните препораки се главно:

  • Прифаќање на реалноста на загубата;
  • Работа на себе низ болката и тагата;
  • Да се ​​прилагодиме на животот без починатиот и
  • Да се ​​одржи врската со починатиот додека продолжуваме со животот.

Можете да ги изберете од следните предлози за справување оние кои се соодветни и прифатливи за вас:

  • Пешачење. Пешачење во шума, на некоја локална природна патека или околу соседството. Секако, најдобро е на сончева светлина и чист воздух;
  • Читајте. Истражувањата покажуваат дека читањето е ефикасен начин за ослободување од стрес. Пробајте да читате некој роман, духовно/ религиозни книги или книги за самопомош;
  • Испробајте ново хоби или барем обидете се да одредите време еднаш во неделата да изгледате филм, со ’лесна’ содржина;
  • Не носете големи одлуки неколку месеци по загубата, како преселба, промена на работно место, нови професионални ангажмани и сл. Одморете и дајте си време за тагување;
  • Најдете си свој терапевт, кој ќе биде со вас низ целиот процес на тагување;
  • Убаво исплачете се. А потоа дајте си себе-сочувство и себе-грижа;
  • Дајте си ден за ’одмор од тагувањето’, тоа би било добро за вас, а и за поленење на капацитетите за справување понатаму. Тогаш можете да посветите време во грижа за телото или чистење на домот, донирање  на оние кои имаат потреба од работите кои вие одамна не ги користите или не ги носите;

За крај

Смртта на сакана личност е загуба на нејзиното физичко присуство, но не и на емоциите кои ги имате кон неа, ниту на заедничките спомени или нејзината важност за вас. Доколку сте имале заедничките планови и цели, разгледајте кои од нив можете да ги направите сами, како еден начин на продолжување/изразување на вашата почит и сеќавање.