fbpx

Истражување: Грижата за ментално здравје во ИТ индустријата во Македонија

Разговор.мк направи истражување поврзано со грижата за менталното здравје кај ИТ професионалците и каква треба да биде улогата на компанијата во таа грижа. На нашата анкета одговорија 249 лица поврзани со ИТ индустријата во Македонија. Испитаниците одговорија на 11 прашања поврзани со нивното ментално здравје.

Сумираните резултати покажуваат дека луѓето во ИТ индустријата го земаат в предвид своето ментално здравје при одлучување за ново работно место и напуштање на старото. Исто така, испитаниците тврдат дека менталното здравје има големо влијание на нивната продуктивност и се согласуваат дека нивната компанија треба да се грижи за нивното ментално и емоционално здравје. Дополнително, за огромен број од испитаниците COVID-19 пандемијата имала негативно влијание врз нивната ментална состојба.

Прочитајте за деталите и најчестите предизвици во ИТ индустријата во продолжение. 

Дали претходно имате разговорано со лиценциран психолог?

На прашањето дали испитаниците имаат претходно разговарано со психолог, мнозинството од 66.7% одговорило со Не. Додека пак, 33.3% имаат разговарано со психолог и одговориле со  “Да.

Дали во текот на изминатата година сте забележале симптоми на некое ментално нарушување (стрес, анксизност, депресија, “burnout” и сл.) кај себе?

За жал, дури 88.8% од испитаниците во текот на изминатата година имаат забележано симптоми на некое ментално нарушување (стрес, анкциозност, депресија, “burnout“).

Надоврзувајќи се на претходното прашање, 64.4% од испитаниците велат дека овие симптоми траеле подолго од еден месец.

Дали мислите дека состојбата на вашето ментално здравје влијае врз продуктивноста на работното место?

При искусување на стрес, одржувањето на здрав баланас помеѓу професионален и приватен живот претставува вистински предизвик. Постоењето на стрес во професионална средина се одразува на здравјето и безбедноста на работникот, а притоа ја загрозува атмосферата и продуктивноста на целата компанија. Токму затоа многу битен сегмент во мотивирање и генерирање на ефикасност во професионалниот свет е грижата што една компанија ја посветува врз своите вработени и нивното здравје.

Скоро сите, односно 94.8% од испитаниците истакнуваат дека менталното здравје се одразува на нивната продуктивност на работното место.

Дали претходно имате напуштено работно место поради влијанието на работата врз вашето ментално здравје?

Многу често со цел работникот да си го зачува своето ментално здравје, одлучува да го напушти работното место. Други пак, со игнорирање на постоечката непријатност на работа одлучуваат да останат да работат за истата компанија. Сепак со натрупување на стрес, се предизвикува состојба на хроничен стрес. Таа често се манифестира преку хроничен замор, чести главоболки, проблеми со концентрација и значително слабеење на организмот. 

Дури 46.6% од испитаниците одговориле дека во минатото ја напуштиле својата работа поради негативно влијание врз нивното ментално здравје.

Дали се согласувате дека COVID-19 пандемијата негативно влијае на вашето ментално здравје?

Тема која ги засега сите во последната година е ситуацијата предизвикана од COVID-19 пандемијата. Преку оваа анкета испитавме како поединците гледаат на пандемијата и нејзиното негативно влијае на нивното ментално здравје. Не беше изненадување фактот дека за 71.9% од испитаниците КОВИД има негативно влијание врз нивното ментално здравје.

Кои бенефити се битни при одлучување помеѓу 2 работни позиции со слична плата?

Во овој случај бесплатно советување со лиценциран психолог се покажа како најважен бенефит. Сепак, предноста беше мала пред бесплатен оброк и бесплатно финансиско советување. Бесплатна теретана  е најмалку важен бенефит при одлучувањето за ново работно место со слична плата. 

Улогата на компанијата во грижата за менталното здравје

Во последниот дел на анкетата прашањата се однесуваа на одговорностите на ИТ компаниите. 

Според прирачникот „Права и обврски на работодавачите и вработените“ на Министерството за Труд и Социјална политика:

„Работодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работат.“

Знаејќи дека менталното здравје е клучно, го препознаваме како еден од тие клучни аспекти на кој се осврнува МТСП. 

Дали мислите дека вашата компанија треба да се грижи за вашето емоционално здравје?

Над 85% одговориле со потврден одговор на ова прашање. Ова ја покажува перцецпијата на вработените за улогата на нивните работодавци.

Кои се најчестите предизвици поврзани со менталното здравје со кои се соочува еден IT професионалец според вас?

На прашањето кои се најчестите предизвици поврзани со менталното здравје, ИТ професионалците имаат набројано повеќе причинители.

Дел од понудените одговори се: deadline (рокови), стрес, анксиозност, burnout (преработеност до степен на непродуктивност), притисок од работодавачот или управителите на компанијата, долго време поминато пред екран, отсутност на комуникација, деградирање на работникот и емотивна манипулација, недостаток и недоволно време за физичка активност и слично.

Во поглед на COVID-19 пандемијата испитаниците на Разговор.мк ги наведуваат недостатокот од социјализација и предизвикот да одржат баланс помеѓу работа и приватен живот како главни виновници за нарушено ментално здравје.

Дали и како вашата компанија се обидела да ви помогне во надминувањето на предизвиците од овој карактер?

Со намера да информираме дали и на кој начин ИТ компаниите се грижата за надминување на предизвици со ментално здравје кај работникот, прашавме „Дали и како вашата компанија се обидела да ви помогне во надминувањето на предизвиците од овој карактер?“. Повеќе од половина одговориле со кратко „Не“. Оној мал број кои одговориле со „Да“, одговорот е проследен и со објаснување. 

Дел од објаснувањата се: разговор со менаџерот (управителот), обезбедена платена психолошка помош, организирање на активности за зајакнување на атмосферата помеѓу колективот, конструктивни разговори со надлежни или колеги, дозволени денови на отсуство од работа, парична мотивација, обезбеден простор за вработените со социјални игри, медитации и платени апликации за вежбање и слично. Во дел од коментарите позитивна забелешка е дадено на компаниите со сопствен сектор за човечки ресурси.

Разговор.мк за вашите вработени

Разговор.мк им отвара можност на компаниите активно да се грижат за менталното здравје на своите вработени преку овозможување на пристап за советување со психолозите на нашата платформа. Заинтересираните компании можат да не контактираат на info@razgovor.mk за повеќе детали.