fbpx

Основни совети за како да се грижите за себе

Грижата за себе може да изгледа многу комплексно, но не мора секогаш да биде комплицирана. Бидете сигурни, ќе ги најдете најдобрите начини и најефикасните за да се грижите за себе. Грижата за себе може да резултира со физички и емоционални придобивки.

Постојат неколку основни совети за грижа за себе за почетници. Во принцип, се сведува на наоѓање начини да се грижите за вашето тело, да се занимавате со физичка активност, да го негувате вашиот ум и да создадете граници околу пријателствата и семејните ситуации.

Ајде да ги разгледаме основните совети за грижа за себе.

Борба против вината

Вината е емоција што сите ја чувствуваме од време на време. Вашиот внатрешен критичар работи дивјачки. Не мора да чувствувате срам или вина кога се грижите за себе. Можеби ќе се чувствувате виновни затоа што не сте направиле доволно. Дел од човечкото искуство е да се доведува во прашање што можеше или не можеше да се стори. Вината е каењата што ги имате во животот. Важно е да сфатите дека секој чувствува вина. Но, ако таа стане сеприсутна тогаш тоа може да влијае на вашата способност да се грижите за себе.

Ако се чувствувате виновни поголемиот дел од времето, ќе ви користи да најдете терапевт за да разговарате за овие прашања. Вашиот терапевт може да ви помогне да го намалите стресот поврзан со вината. Исто така, тие можат да предложат стратегии за грижа за себе.

Едно нешто што можеби ќе ве охрабрат е да започнете дневник за грижи. Во овој дневник можете да забележите работи што прават да се чувствувате виновни. Дополнително, можете и да започнете да вежбате активности за да се грижите за себе. Ова ќе ви помогне да го подобрите вашиот живот, така што ќе се чувствувате повеќе поврзани со себе и да не се опседнувате за секоја мала работа што ја правите.

Вината може да ги попречи вашите односи и може да направи да се чувствувате како да не се обидувате доволно, но тоа се лаги што ви ги кажува мозокот.

Поставете граници

Границите се ограничувања што ги поставувате со други луѓе и тие можат да ја зголемат вашата способност да се грижите за себе.

Еден начин да поставите граници со другите е создавање време за себе. Ако некој пријател ве замоли да се дружите и се чувствувате лошо или виновно затоа што не сте ги виделе долго време, во ред е да се каже не. Вашиот пријател ќе разбере. Грижата за себе физички и психички треба да биде приоритет. Трошењето време со пријателите и семејството е важно затоа што сакате да бидете сигурни дека го одржувате тој систем за поддршка.

Треба да се грижите за вашиот ум и тело, а поставувањето граници е дел од тоа. Грижата за себе вклучува да кажете НЕ многу често со цел да го избалансирате своето време. Запомнете дека има само одреден број часови во текот на денот и важно е да приотеризирате.

Правете паузи

Исто како и границите, паузите се неверојатно важни и се дел од грижата за себе. Грижата за себе не значи претерување, туку напротив, треба да се знаат вашите граници и што можете и што не можете да направите. Она што може да ви помогне е да правите паузи на време, без разлика за каква работа станува збор. Временска пауза значи дека сте поставиле 10 минути да прошетате или да остварите телефонски повик со пријател. Но, не станува збор за занемарување на вашите одговорности. Активностите за грижа за себе можат да вклучуваат паузи и во ред е да го запрете она што го правите за да ги истегнете нозете, да ги одморите очите или да бидете сигурни дека пиете доволно вода.

Ова се работи што треба да ги направите за да останете балансирани и да избегнете исцрпеност. Правењето паузи може да го подобри вашиот живот на многу значаен начин. Од суштинско значење е да направите паузи, особено ако имате предизвици како што се анксиозност, депресија или хронична болка. Луѓето кои живеат со хронични нарушувања можат да ги влошат своите симптоми ако претераат. Клучно е да паузирате кога ги имате овие проблеми за да не изгорите или да се повредите понатаму.

Балансирана исхрана

Јадењето е основна потреба што е неопходна за да останете живи и клучно е да бидете сигурни дека јадете повеќе пати на ден. Многу луѓе се исцрпуваат затоа што претеруваат и забораваат да јадат. Или понекогаш, луѓето претеруваат со храната, а потоа се чувствуваат полошо. Можете да разговарате за ова кога ќе најдете терапевт кој се бори со проблеми околу јадење или нарушување во исхраната.

Важно е да разговарате за овие проблеми со терапевт за да можете да живеете здрав начин на живот. Можеби ќе се чувствувате виновни заради вашите навики во исхраната, но тоа не е продуктивно; тоа е само вашиот внатрешен критичар кој дивее. Клучно е да разговарате со терапевт за прашања што влијаат врз вас и ако јадењето е она со кое се борите, не плашете се да зборувате за тоа.

Создадете рутина од грижата за себе

Луѓето се робови на рутината и распоредот. Дури и луѓето со слободен дух можат да имаат корист од редовно вршење работи. Затоа, создавањето рутина за грижа за себе е позитивна работа.

Не е нешто што на некои им доаѓа природно, но може да го збогати вашиот секојдневен живот. Можете да најдете терапевт кој ги разбира вашите уникатни предизвици во врска со грижата за себе и заеднп да воспоставите солидна рутина што работи за вас.

Емоционален увид

Кога вежбате грижа за себе, една од работите на кои треба да обрнете внимание е како се чувствувате. Кога имате емотивен увид во тоа како гледате на себеси, ќе можете подобро да се грижите за себе.

Еден од начините на кој можете да го добиете ова е со дневник. Друг начин е да ги продискутирате овие проблеми со пријателите, семејството или вашиот систем за поддршка. Учењето повеќе за себе и разбирањето на вашите чувства може да го оддржи вашиот дневен план на долг рок. Тоа ќе го намали стресот затоа што наместо да ги потиснувате вашите чувства, вие гледате како ги перцепирате работите и како сакате да го подобрите вашиот живот.

Онлајн советување

Онлајн советувањето е одлично место за работа со какви било проблеми околу грижата за себе и емоционалните предизвици. Покрај приклучувањето кон група за поддршка, онлајн терапевт се грижи и за вашите чувства и може да ви помогне да работите со комплицирани животни проблеми.

Постојат толку многу начини да се грижите за себе и можете да ги научите со помош на терапевт. Советниците во Разговор.мк се професионалци за ментално здравје кои сакаат да ви помогнат да развиете едноставни практики за подобро секојденвно живеење.