fbpx

Што е емоционална интелегенција?

Поминаа деновите кога интелигенцијата беше само резултат од некаков тест или бројка од некаква IQ скала. Благодарение на модерната технологија, почнувајќи од најразлични скенови на мозокот, па сè до социјалните мрежи, науката дознава дека да се биде интелигентен значи повеќе од тоа да се биде добар и исполнителен ученик и работник. Емоционална интелигенција можеби е еден од најпопуларните термини во психологијата од почетокот на 21-ви век. 

Но, што значи емоционална интелигенција? Иако е лесно да помислиме дека емоционалната интелигенција (EQ) значи емоционален коефициент (слично како што IQ значи коефициент на интелигенција (IQ), и е поврзана со чувствата, всушност станува збор за идеја која е произлезена од психолошки истражувања и сега сè подолабоко потврдена од невронауката. И додека IQ е термин со кој многумина се запознаени, EQ сè уште се пробива во јавниот дискурс. 

Едноставно кажано, емоционалната интелигенција претставува свесноста на личноста за неговите емоции и неговата можност да ја искористи таа свесност во секојдневните ситуаци. Колку добро се разбираме себеси? И како го користиме тоа разбирање да успееме во светот околу нас?

Во светски реномираната книга Емоционална Интелигенција 2.0, EQ се дефинира како: “твојата способност да ги препознаеш и разбереш своите емоции и емоциите на другите, и твојата способност да ја користиш оваа свесност за себе за да го управуваш твоето однесување и меѓучовечки односи”. Непредвидливите и избувливи реакции алудираат на недостаток на емоционална регулација и потреба за нејзино управување. 

За емоционалната интелигенција и зошто може повеќе да значи од IQ

Дали знаете дека EQ претставува една третина од твојата целосна персонална интелгенција. Во денешно време, добиваме многу повеќе информации за човечкиот ум и неговите реакции. Лекарите практично можат да видат во внатрешноста на нашиот мозок. Секојдневно ги гледаме животите на познатите личности и речиси сите луѓе на социјалните мрежи; во секое време можеме на Твитер можеме да ги следиме изјавите на светските лидери. За добро или лошо, сè подобро можеме да видиме зошто луѓето се однесуваат на одреден начин. Како што сè повеќе дознаваме за човечката интелигенција, сè појасно е дека коефициентот на интелигенција не е пресуден.

Уште во 1920-тите години, научникот Едвард Торндајк првпат напишал за нешто што го нарекол социјална интелигенција. “Можност да ги разбираме и управуваме мажите и жените, девојчињата и момчињата”, и оваа идеја се проширила многу брзо. Само 70 години подоцна, Питер Салови (претседател на Универзитетот Јејл) и Џон Мајер го креирале терминот емоционална интелигенција. До 90-тите години на 20-тиот век, EQ влегува во свеста на поп културата благодарение на книгата од бестселер авторот Даниел Голман. Поентата е следна: ова се релативно нови откритија. Во споредба со теоријата на Ајнштајн или IQ тестовите, кои се развиени на почетокот на 20-тиот век, EQ е прилично ново. 

И покрај тоа, во денешно време широко е препознаено и прифатено дека личната интелигенција е комбинација од IQ, EQ и карактер. Емоционалната интелигенција, интелектуалниот капацитет, и карактерните особини ја создаваат твојата уникатна личност која е поразлична од сите други. Причината поради која емоционалната интелигенција може да се смета како еден од главните аспекти во креирање на персоната, е поради тоа што доколку недостасува, емоциите може да ги “киднапираат” логичките мисли во нашиот мозок и да доминираат во карактерот на негативен начин. 

Четирите постулати на емоционална интелигенција

Емоционалната интелигенција е широк термин. Пред да навлеземе подлабоко, повторно ќе ја погледнеме дефиницијата: “твојата способност да ги препознаеш и разбереш своите емоции и емоциите на другите, и твојата способност да ја користиш оваа свесност за себе за да го управуваш твоето однесуваше и меѓучовечки врски”. EQ има интраперсонална страна. Поточно, станува збор за разбирање на емоциите и однесување според тие емоции. 

Експертите за емоционална интелигенција поставиле четири различни постулати на кои се дели EQ, и тоа:

1. Самосвест

EQ започнува со разбирање на себеси. Способноста да ги разбереш сопствените емоции е првиот чекор, и иако изгледа многу едноставно, воопшто не е така. Некои истражувачи на човековата психа дополнително ја делат самосвеста на повеќе категории, како што се самоактуелизација, самопочит и емоционална самосвест. Било кој човек кој сведочел на тантрум на мало дете најверојатно може да сфати дека самосвеста кај луѓето не е вградена. Но, колку повеќе ги разбираме сопствените емоции, токолку е посилна нашата емоционална интелигенција. 

2. Себе управување

Следниот чекор, по препознавање на сопствените емоции, е нивна регулација. Постојат повеќе различни работи кои експертите тврдат дека треба да ги направиме за успешно да управуваме со емоциите. 

  • Согледување на емоциите
  • Разбирање на емоциите на техничко ниво
  • Интерпретација на вистинското значење на емоциите врз основа на контекстот
  • Конечно, управување со емоциите

Самоуправувањето или (англ:self-management) значи продлабочување на самосвеста на подлабоко ниво. Значи соодветно соочување и изразување на емоциите. Луѓето кои добро управуваат со себе имаат самодоверба во нивната независност поради тоа што се разбираат себеси. Тие се асертивни, но не се однесуваат надмоќно поради тоа што знаат како правилно да ги искажуваат емоциите. И во моменти кога работите ќе тргнат во лоша насока, личноста со добро развиени вештини за “self-management” успешно ќе се насочат кон решавање на проблемот, наместо да дозволат да бидат совладани од емоциите. 

3. Социјална свест

Третиот постулат на EQ е можноста да ги разбираме емоциите и делата на луѓето околу нас. За добро развиена емоционална интелгенција, не е доволно да се биде паметен. Неопходно е длабока свесност за светот околку нас. Без разлика дали станува збор за глобална или социјална свест, или однесувањето со постари лица, за социјална свест неопходно е да се поврземе со нашето опкружување. Истражувачите често ја мерат социјалната свесност преку вештината на личноста да носи одлуки, чувството на социјална одговорност и можноста да ја проценува реалноста. 

4. Интерперсонално управување

За крај, една суштинска работа која важи за EQ, а не за IQ е тоа што интелигенскиот коефициент нема практична, социјална компонента. За силно интерперсонално управување, неопходно е комбинирање на следните работи: разбирање и препознавање на сопствените емоции, опсервација на другите луѓе, способност за саморегулација и соодветни одговори на туѓите однесувања.

Личноста со висока емоционална интелигенција која добро го раководи интерпесоналното управување често носи добри одуки и добро ги решава проблемите, не е ипулсивна, добро го менаџира стресот, се адаптира на околината, знае да постави граници и поседува силно чувство на епматија. Овие квалитети на овие луѓе им помагаат да бидат ефективни во интерпесоналната комуникација.

Емоционалната интелигенција е баласирање помеѓу овие четири постулати. Како со било што друго, ако добро управуваме со еден постулат, не значи дека тоа го правиме со другите. Др. Стив Стеф, советник на лидери и основач на Crisis Care International, користи аналогија со човековите мускули. Секој постулат е како група на мускули, сочинета од индивидуални карактеристики кои се уникатни, но работат заедно. Работиме на мускулите за да имаме балансирана сила и за да не дозволиме тие да атрофираат. Затоа, ако еден дел од EQ е понизок од другиот, природна реација е да се развијат послабите делови за да се засили целокупната група.

Емоционалниот коефициент(EQ) може да се менува и да расте

Овој наслов не носи до најдобриот дел од EQ и причината поради која невронаучниците и психолозите го истражуваат. EQ може да еволуира и да се менува, за разлика од IQ. 

“Интелигенцијата е твојата способност на учиш, и во поголем дел е иста, без разлика дали човекот има 15 или 50 години. Емоционалната интелигенција, од друга страна, е флексибилен сет од вештини кој може да се научи и да се подобри. Можеш да развиеш висока емоционална интелигенција дури и ако не си роден со неа”, пишуваат Др. Тревис Бредбери и Жан Гривс, двајца од најприсутните експерти во дискусиите за EQ. 

Како се менува коефициентот?

Објаснувањето за тоа зошто EQ може да се развие со тек на време е врежано во мозокот. Додека мозокот како орган е многу комплексен, за полесно објаснување на промените во EQ, ќе разгледаме негови три дела: ‘рбетниот мозок, лимбичкиот систем и фронталниот кортекс. Основните дразби на мозокот доаѓаат преку ‘рбетниот мозок и поминуваат преку лимбичкиот систем (“емоционалниот мозок”) пред да дојдат во форнталниот кортекс (“рационалниот мозок”), каде се случува анализата. Тоа значи дека твојот мозок првенствено емоционално ги процесира дразбите, а потоа аналитички. Исто така, тоа покажува зошто емоционалната интелигенција може да расте.

“Емоционалниот мозок” практично е супер автопат за пренесување на информации од точка А до точка Б, a коловозните ленти се создадени од невроните, кои можат да се менуваат и да растат. 

Исто како аналогијата со мускулите, колку повеќе го “тренираме” емоционалниот мозок, повеќе енергија се испраќа во тој дел. Повеќе енергија значи дека повеќе неврони градат конекции за да ја пренесат таа енергија. Една единствена мозочна клетка може да изгради до 15000 поврзувања (конекции). Со животното искуство, и тренинг, човечкиот мозок може да научи како да биде емоционално поинтелигентен. 

“Јас би ги советувал сите лидери исто како што го советувам мојот син. Развиј ги твоите емоционални лидерски способности, бидејќи можеби има стотици илјади други луѓе кои имаат исти технички способности како тебе”, заклучува Др. Стив Стеф. 

Емоционалната интелигенција те прави комплетно уникатен и посебен, а доколку сметаш дека треба да подобриш некој аспект на емоционалната интелгиенција, тоа можеш да го направиш со закажување на Разговор со психолог на нашата апликација.