Разговор.мк е платформа која овозможува анонимен пристап до лиценцирани психолози. На платформата можете да изберете некој од нашите 40+ професионалци за ментално здравје и анонимно да се допишувате или пак да имате аудио/видео разговор. Со цел подобро да ги запознаете психолозите, им поставивме неколку кратки прашања на кои тие одговорија. Денес разговараме со Марија Трајковски.
Кратка биографија за Марија Трајковски
Марија Трајковски е лиценциран дипломиран психилог на МСУ Г.Р Державин – Битола. Таа работи како училишен психолог во основно образование од 2014 година и е едукант на тренинг за Гешталт терапија.
Марија Трајковски за својот пристап вели:
Работата со најмалите од период на предучилишна, рана училишна возраст, па се до период на адолесценција е областа во која имам најголемо искуство со оглед на мојата работа како училишен психолог. Според мене, оваа работа е доста благородна и неисцрпна, но исто така одговорна. Покрај тоа, би сакала да понудам помош и поддршка и на други категории на граѓани кои се соочуваат со најразлични проблеми од секојдневниот живот. Како што веќе наведов дека сум едукант на Гешталт терапија и пристапот во мојата работа е во таа насока.
Зошто станавте психолог/психотерапевт/советувач?
Сметам дека психологијата е многу благородна професија која низ процесот на сослушување, споделување пред се на енергија, мисли, чувства со другите, емпатијата кон состојбата и доживувањата им помага на луѓето во изнаоѓањето продуктивни и начини на кои ќе може да се прифатат себеси, да се чувствуваат задоволно, исполнето, хармонично. Станав психолог за да помогнам на луѓето кои имаат потреба од тоа преку водење на процес на разговор и советодавна работа да се запознаат подобро себеси, да ги истакнат своите квалитети и да пронајдеме функционални начини на кои ќе се постигне хармонија во функционирањето и реализирањето на секојдневните улоги и обврски.
Што ве мотивира да работите секој ден?
Секојдневниот контакт со луѓе од различни професии, различни возрасни структури ме исполнува и за мене е предизвик секојдневно да се надоградувам како професионално така и лично.
Кои промени сакате да ги видите или направите поврзани со менталното здравје во општеството?
Сакам да видам повеќе насмеани, задоволни, исполнети лица од она што го прават и од фидбекот кој го добиваат од општествената средина како резултат на заложбата која ја даваат.
Како вие ја дефинирате грижата за менталното здравје?
Грижата за менталното здравје подразбира првенствено воспоставување на контакт со себеси, свесност и познавање на сопствените телесни, физички, но и духовни потреби, одговорност за сопствените постапки и процеси во кои сме вклучени и работа на задоволување на препознаените потреби.
Што се надевате дека вашите клиенти добиваат од советувањето или психотерапијата?
Како што и претходно кажав, преку водење на процес на разговор и советодавна работа да се помогне на личноста да се запознае подобро себеси, да ги истакне своите квалитети и да пронајде функционални начини на кои ќе се постигне хармонија во успешното реализирање на секојдневните улоги и обврски.
Со какви предизвици поврзани со ментално здравје најмногу сакате да работите и зошто?
Работата со најмалите од рана училишна возраст, се до периодот на адолесценција и сите предизвици кои ги носат со себе овие развојни периоди се области во кои имам најголемо практично искуство со оглед на досегашното работно искуство како училишен психолог. Но, исто така, сакам да работам и во области како што се организациска психологија, личен и професионален раст и развој, мотивација и секакви други проблеми со кои би можел да се соочи еден човек во соврменото стресно секојдневие.
Што правите во слободно време?
Сакам да го користам слободното време за надоградување на себеси преку читање на добра книга, време поминато во контакт со природа и уметноста во секоја форма (сликање, фотографија, моделирање) и се разбира рекреативен спорт и посветување внимание на здраво тело.
Закажи разговор со 30% пониска цена до 27ми Април, 2022
За да дознаете повеќе за Марија Трајковски и да прочитате повеќе за нејзиното работно искуство, рецензиите од претходните клиенти, достапните термини и цените за разговор преземете ја нашата мобилна апликација со клик на сликата подолу. Откако ќе се најавите анонимно, ќе бидете пренасочени кон самиот профил на психологот.
За да искористите 30% намалување на цената за разговор со Марија, внесете го промокодот PPCDKVMD30 при резевирање на терминот кој вам ви одговара.