fbpx

Како да препознаеш некои не толку очигледни симптоми на депресија

Благодарение на сензационалистичкиот приказ на медиумите на менталните болести и стигмата која е поврзаната со менталните нарушувања, голем број на луѓе имаат нарушена перцепција за тоа како навистина изгледа депресија.

Кога ќе помислиме на „депресивен човек“, често пред очите ни се појавува слика од некој кој лежи во темна соба, плаче и е обземен од чувство на беспомошност.   

Иако не можеме да кажеме дека ова е неточно, можеме да констатираме дека гради некомплетна слика за депресијата. Постојат многу различни манифестации на депресијата – симптоми кои на прв поглед за другите не се забележливи и веднаш очигледни.  

Препознавањето на симптомите на депресија за кои не се дискутира е многу важно. Токму препознавањето на симптомите може да ни помогне да успееме да воочиме дека некој наш близок се соочува со проблем, да го идентификуваме истиот и да му помогнеме да побара помош. Дополнително, ако ги знаеме и целосно ги разбираме овие симпоми, можеме да сочувствуваме човекот кој се соочува со проблемот. Или пак, доколку ни се случува на нас, да знаеме каде да побараме помош. 

Подолу, неколку не толку очигледни симптоми на депресија:

Мозочна магла при депресија

Многу студии покажуваат дека депресијата може да ги намали когнитивните функции. Овде ги вклучуваме и работната меморија, долгорочната меморија, носењето на одлуки и способноста за фокусирање. Исто така, истражувањата покажуваат дека луѓето кои се соочуваат со депресија често имаат значителни структурални промени во мозокот. Овие промени придонесуваат за претходно споменатото намалување на когнитивните функции. 

Оваа состојба, која во последно време стана актуелна поради тоа што се појавуваше и кај луѓе кои прележале Ковид-19, е наречена „мозочна магла“ или (анг. brain fog). Неуспехот да се фокусираме на одредена работа, имање поспори реакции, заборавеноста и ментални „блокови“ се само дел од симптомите со кои се соочуваат луѓето со „мозочна магла“. Следствено, оваа состојба придонесува до бројни професионални, лични и емоционални предизвици и притоа да предизвика многу фрустрации. 

Ако ова се симптоми кои ги забележуваме кај некој близок или кај себе, важно е да знаеме дека треба да имаме трпение. 

Злоупотреба на супстанци при депресија

Пореметувањата со злоупотреба на супстанци се многу комплексни, и тие често се поврзуваат со депресијата. Луѓето кои имаат проблем со злоупотреба на супстанци често се соочуваат со последиците од грешното информирање и стигма. Многумина ги обвинуваат за нивните „лоши одлуки“ и неодговорно однесување.

Сепак, коренот на проблемот е многу подлабок и најчесто зависностите може да се поврзат со депресијата. Тие можеби не се свесни дека се депресивни, можеби немаат ресурси (знаење, пари) за да ја третираат депресијата или да се справат со негативните коментари поврзани со барање професионална помош. 

Сите можеме да придонесеме во рушењето на стигмата поврзана со третирање на менталните нарушувања. Првиот чекор е да се прифати дека менталното здравје е подеднакво важно како и физичкото. 

Драстична промена на тежина при депресија

Драстичната промена на тежина може да биде индикација за промени на физичкото здравје, но може да биде поврзана и со менталното здравје. Депресијата може да влије на апетитот; некои луѓе кои се во депресија може да имаат зголемен апетит. Други пак чувствуваат значително намалување и јадат многу мали количини на храна. Според состојбата, постои можност да се појават значителни промени на тежината како симптом на депресијата.

Предизвикот во соочувањето со депресијата често е поврзан и со стигмата околу прекумерната или премалата тежина. Соочувањето со коментари дека сме „предебели” или „преслаби“, а сето тоа е резултат на ментално нарушување, често пати може да ги засили симптомите на депресијата. Холистичкиот пристап, во оваа ситуација, секогаш е најдоброто решение. 

Раздразливост

Лесната раздразливост, гневот и нетрпение за одредени ситуации, често може да се поврзе со депресијата. Доколку често се соочуваме со изненадувачки негативни емоции кои се појавуваат навидум „од нигде никаде“. 

Честопати, овие избувнувања се нарекуваат и „напади на гнев“. Тоа се ненадејни интензивни чувства на вознемиреност кои се некарактеристични и несоодветни за дадената ситуација. Како резултат, потоа може да се појават чувства на срам поради неуспехот да се контролираат овие емоции. Студија од 2009 година покажува дека реакциите на гнев кај депресивните луѓе произлегуваат од чувства на отфрленост, вина, гнев и страв. 

Еден начин да му пристапиме на проблемот е споделување. Споделувањето на грижите со најблиските или со професионален психолог може да превенира понатамошни напади. Овој пристап можеме да го пробаме без разлика дали искуството е наше, или на некој близок. На Разговор.мк можете да разговарате со бројни различни лиценцирани психолози доколку сметате дека се соочувате со симптоми на депресија

Екстремен замор

Честопати, нарушениот хемиски баланс кој доаѓа со депресијата, целосно ја одзема енергијата на една индивидуа. Луѓето со депресија може да се соочат со ниски нивоа на норепинефрин (норадреналин), серотонин и допамин. Без соодветни нивоа на овие хормони, ќе се соочиме со екстремен замор, проблеми со спиењето, ниска мотивација, намален интерес за активности коишто сме ги сакале во минатото и генерален недостаток на среќа. 

Поради овие причини, многу од лековите кои се користат за депресија се во насока на зголемување на овие хемиски супстанци во телото. 

Однадвор, овие симптоми може да се проценат како лични порази. Можеби некој човек изгледа мрзеливо, неорганизирано или нечисто. Сепак, во реалноста, тие се борат со наједноставни работи како станувањето од кревет. Во овие моменти, многу од обврските се занемаруваат и хигиената е во втор план. 

Наместо да судиме или да бараме од некого да се промени, треба да запомниме дека сочувстувањето и нудењето на помош се клучни за подобрување на состојбата.

Побарај совет од лиценциран психолог

Одговорете на прашалникот подолу и споделете го предизвикот со кој се соочуваате. Психолозите на Разговор.мк ќе можат да го видат предизвикот со кој се соочувате и да споделат мислење или совет со вас. Секако, психолозите може да понудат и значителен попуст за прва консултативна сесија со нив. Исто така, Разговор.мк нуди можност и да останете анонини при разговорот со психологот. Силно ви препорачуваме да закажете една консултативна сесија со психолог кој ќе ви понуди совет.

Откако ќе го споделите предизвикот со кој се соочувате преку формата подолу, ќе добиете меил како потврда дека споделеното е примено. Преку истиот меил ќе можете да ја превземете и нашата мобилна апликација со цел во реално време да добивате известувања за добиен одговор од некој од психолозите.

 

Физичка болка

Други можни физички манифестации на депресијата се нејасни болки во телото. Хормоните серотонин и норепинефрин не влијаат само на расположението – тие исто така имаат влијание врз тоа како ја чувствуваме болката. Соодветно, хемискиот дизбаланс кој се поврзува со депресијата се поврзува и со различни типови на физичка болка. 

Додатно, истражувањата покажуваат дека има многу биолошки фактори кои може да придонесат кон засилени воспаленија во телото и да го намалат имунитетот за време на депресивни епизоди. Депресивните луѓе исто така може да имаат и главоболки, болки во телото и стомакот, меѓу други симптоми кои ги чувствуваат.

Вредно е да запомнеме дека депресијата е многу комплексна состојба. Станува збор за состојба која во реалниот свет не изгледа како депресијата на телевизија или интернет.

Депресијата може да се манифестира со голем број на симптоми – и ментални и физички – симптоми со кои многу луѓе не се запознаени. Секако, МОРА да напоменеме дека може да чувствуваме и да се соочиме со „мозочна магла“, злоупотреба на супстанци, засилен замор, раздразнетост и физички болки без да имаме депресија. Но, ако ги забележуваме овие работи кај себе или кај некој друг, најважно е да останеме свесни за ситуацијата и да се одлучиме да побараме професионална помош. Да ставиме приоритет на менталното здравјето не само што е мудро, туку и е многу храбро.