fbpx

Како да се справите со анксиозност предизвикана од војната во Украина

Случувањата во Украина во моментов се во центарот на вниманието на
јавноста, медиумите и социјалните мрежи. Се споделуваат бројни видеа,
вознемирувачки стории и човечки приказни кои за многумина може да бидат
вознемирувачки, па затоа Разговор.мк одлучи во овој блог да издвои
неколку совети за тоа како да се справите со анксиозноста предизивкана од
ситуацијата.
Иако пандемијата од Ковид-19 се уште не е завршена, во изминатиот
период бројот на заразени се намалува и полека се навестува значително
подобрување на ситуацијата, намалување на рестрикциите и ограничувања,
а со тоа и враќање на „нормалниот„ живот. Па затоа, логично да се
размислува дека настаните во Украина би можеле да предизвикаат уште
една катастрофа од глобални размери.
Светските лидери предупредуваат сериозни и мрачни сценарија, а луѓето
кои ги доживеале воените конфликти при распадот на Југославија и
конфликтите кои се случуваа потоа на Балканот, често ги поврзуваат
тогашните настани со сегашните и тоа им предизвикува огромен стрес.
За оние кои се директно вкучени и ги чувствуваат последиците од овој
конфликт, стравот и вознемиреноста е огромен. Но, и за оние кои се далеку
од ситуацијата – чувствата на страв и емпатија може да бидат поразителни.
Можеме да закчучиме дека ако се чувствувате вознемирени и се плашите
за состојбата во светот моментално, не сте сами.

Беспомошност поради случувањата во Украина

Стресот и анксиозноста што можеби ги чувствувате во моментов се директно поврзани со акутно чувство на беспомошност.

Вознемирувачките настани што се случуваат во Украина, разбирливо, ги оставија луѓето ширум светот вознемирени. Таквите вознемирувачки вести можат да влијаат на нашите мисли и однесувања на суптилни и драматични начини. За жал, ваквите видови настани честопати се потсетници за тоа колку околности и ситуации кои влијаат на општеството се надвор од нашата контрола.

Иако можеби не сме на првата линија и сè уште не е јасно како овие глобални настани можат директно да влијаат на нашите животи, стресот од слушањето за расплетот на оваа криза може да се манифестира во нашите секојдневни рутини, мисли и однесувања. Вознемирувачките настани предизвикуваат широк спектар на чувства како што се анксиозност, страв, фрустрација, па дури и чувство на вкочанетост што може да влијае на вашите односи со оние околу вас.

Како да се справите со стресот предизвикан од насловите на вестите

Не можеме едноставо со себе-грижа да се ослободиме од грижите поврзани со војна. Ниту една количина на вежби за дишење, манифестација или позитивно размислување нема да ја сменат ситуацијата во Украина или да го сменат текот на политичките маневри.

Но, можеме да го промениме начинот на кој реагираме на околности кои се целосно надвор од наша контрола.

Добрата вест е што можеме да контролираме како реагираме на другите и на самите себе после вознемирувачките вести.

Без разлика колку немилосрдно мрачни може да станат насловите, способноста да препознаеме што сме способни да промениме и на што треба да се прилагодиме, може да помогне да се ограничи нашата реакција на стрес.

Еве неколку едноставните технику за да ви помогнат да се справите со овој вид на анксиозност:

Разговарајте со себе

Подигнете ја свесноста за вашите мисли и препознајте ги чувствата кои истите ги поттикнуваат. Запомнете дека вашите чувства се нормални.

Развијте механизам за справување

Поврзете се со пријателите и семејството и споделите ги вашите грижи за да се ослободите од стресот.

Дополнилтено, можете да користите вежба за фокусирање што можете да ја правите секаде и секогаш кога ќе седнете неколку моменти.

Вдишете и издишувајте и концентрирајте се на вашиот здив за да се поврзете со себе. Потоа изберете боја и погледнете околу себе за да идентификувате предмети со таа боја. Ова ќе ве смири и ќе ве одвлече од грижите и негативното размислување.

Внимавајте на тоа како го трошите времето на социјланите медиуми

Можеби ќе сакате да го избегнете или намалите времето што го поминувате на вести и социјални медиуми, особено пред спиење. Исто така, ограничете ги изворите на информации на оние на кои мислите дека нудат јасни факти.

Обидете се да прочитате книга или да слушате музика што ќе ви помогне да се чувствувате попозитивно.

Како да управувате со анксиозноста кога немате контрола врз настаните

На крајот на краиштата, важно е да се запамети дека луѓето реагираат на актуелните настани на различни начини. Што и да доживувате е веројатно нормална и валидна реакција.

Како што кажавме, ако сте загрижени за вашето ментално здравје, се чувствувате обземени од страв или анксиозност, погрижете се да разговарате со некого за тоа. Пријател или член на семејството е добро место за почеток, но секогаш можете да разговарате со професионалец како вашиот општ лекар или да лиценциран психолог.