fbpx

Запознај ги психолозите зад екраните: Сања Бојковска-Ѓорѓевиќ

Сања Бојковска

Разговор.мк е платформа која овозможува анонимен пристап до лиценцирани психолози. На платформата можете да изберете некој од нашите 40+ професионалци за ментално здравје и анонимно да се допишувате или пак да имате аудио/видео разговор. Со цел подобро да ги запознаете психолозите, им поставивме неколку кратки прашања на кои тие одговорија. Денес разговараме со Сања Бојковска-Ѓорѓевиќ

Кратка биографија за Сања Бојковска-Ѓорѓевиќ

Сања Бојковска-Ѓорѓевиќ е дипломиран и лиценциран психолог, психодијагностичар а во процес на едукација за семеен-системски психотерапевт. Таа се стреми за унапредување во својата професија посетувајќи различни обуки. Ја има завршено основната и напредната обука во вештини за комуникација, градење заедници и разрешување конфликти како и за посредување искуствени работилници. За личен раст и развој, но и за помош на професионален план била дел и од проектот за “Родителство за целоживотно здравје” и дел од вебинарот “Лутина и агресивност кај децата и младите- препознавање и одговор(ност)” како и “РЕ&КГБ за анксиозни и депресивни состојби кај деца и млади”.

Сања Бојковска-Ѓорѓевиќ за својот пристап вели:

Работам според семејно/системска психотерапија, но секогаш користејќи индивидуален пристап за секој клиент, осврнувајќи се на јакнење на снагите, олеснување на секојдневното функционирање, спознавање на себе си од друга перспектива. Го третирам проблемот барајќи го потеклото со цел да се доведе до свесност клиентот за причината за моменталните потешкотии и да се овозможи да се најде соодветно решение адекватно за самата индивидуа. Според детектираната проблематиката употребувам соодветни психодијагностички инструменти за подобар увид, процена и разрешување на потешкотијата на клиентот.

Зошто станавте психолог/психотерапевт/советувач?

Во моето друштво јас бев онаа која ги слушаше сите а ретко зборуваше за себе. Подетално се запознав со психологијата од професорката по психологија додека бев во гимназија и потоа знајќи дека сакам да  се занимавам со професија која ќе помага на луѓето, се одлучив да биде тоа психологијата. Денеска работам заедно со професорката. Секогаш ја имав поддршката од семејството а кога би можела повторно би ја избрала истата професија.

Што ве мотивира да работите секој ден?

Kоментарите од клиентите, задоволството што го чувствувам кога моите најблиски зборуваат за мене како за психолог, a и мојот личен раст и развој низ работата.

Кои промени сакате да ги видите или направите поврзани со менталното здравје во општеството?

Кога работата на психолозите би била повеќе поддржана од сите сегменти на општеството, повеќе пристапна на луѓето, во смисла на задолжителен психолог во целиот индивидуален развој на поединецот, можеби ќе се намали стигмата и со тоа и појавата на потешкотии кај луѓето.

Како вие ја дефинирате грижата за менталното здравје?

Подеднакво важна како и грижата за физичкото здравје. Секојдневна работа на својот индивидуален раст и развој, превентивно учење за тоа како да се справуваме со предизвиците, но и консултации со стручни лица.

Што се надевате дека вашите клиенти добиваат од советувањето или психотерапијата?

Разбирање, почит, олеснување, техники за справување, поинаква перспектива на гледање на своите потешкотии како и мотивација за работа на себе.

Со какви предизвици поврзани со ментално здравје најмногу сакате да работите и зошто?

Ја обожавам психодијагностиката бидејќи резултатите од тестовите ми даваат добра насока за понатамошна работа. Како општ психолог се справувам со различни потешкотии на клиентите, меѓутоа повеќе сум насочена  во проблеми со анксиозност, панични напади, депресија, стрес, пострауматски состојби, мотивација, самодоверба, родителство бидејќи се некако најчести во денешно време и најмногу искуство имам во тие области.

Што правите во слободно време?

Во последниве месеци имам многу малку слободно време, но обожавам да возам велосипед, да поминувам време со моите деца во природа, да се грижам за својот двор, читам книги, правам колачиња. Ме исполнуваат и работи кои можам сама да ги креирам, да ги реконструирам старите работи.

Ако мора да дадете само 1 совет за луѓето кои бараат психотерапија или советување, кој совет би го дале?

Бидете упорни и истрајни во работата на себе.

Закажи разговор со Сања со 30% пониска цена

За да дознаете повеќе за Сања Бојковска-Ѓорѓевиќ и да прочитате повеќе за нејзиното работно искуство, рецензиите од претходните клиенти, достапните термини и цените за разговор преземете ја нашата мобилна апликација со клик на сликата подолу. Откако ќе се најавите анонимно, ќе бидете пренасочени кон самиот профил на психологот.

За да искористите 30% намалување на цената за разговор со Сања, внесете го промо кодот PPCPPHGV30 при резевирање на терминот кој вам ви одговара.