fbpx

Дали си лиценциран психолог? Понуди ги твоите услуги преку Разговор.мк

Зошто да работите со нас?

Разговор.мк е првата онлајн платформа за анонимно психолошко советување во Македонија. Нашата цел е да ја дигитализираме оваа индустрија преку следење на светските трендови. Истражувањата кои ги спроведвме покажаа голема потреба од алатка која ќе им овозможи на корисниците анонимно да стапат во контакт со професионални терапевти и советувачи. Разговор.мк постои да им овозможи на терапевтите пристап до нов, дигитален пазар.

Работи од каде сакаш, колку сакаш

Разговор.мк им овозможува огромна флексибилност на терапевтите кои работат на платформата. Секој психолог има можност сам да ги одбира термините и деновите во кои сака да биде достапен за неговите клиенти. Исто така, сумата за која терапевтот ги нуди своите услуги зависи само од него, Разговор.мк НЕ ја одредува цената за услугата. Дополнително, со мобилната апликација за терапевти можете да ги остварите вашите разговори од каде сакате!

Фокусирај се на советувањето

Разговор.мк како компанија се грижи за целиот оперативен дел. Ова значи дека вие како терапевт немате потреба да се грижите за наплата, техничка поддршка, рекламирање или оперативни проблеми. Вашиот фокус е 100% на советувањето!

Пристап до нов пазар

Нашите истражувања покажаа дека дури 70% од луѓето не посетуваат терапевт порад страв од нарушена приватност и стигматизирање од општеството. Ова покажа голема побарувачка за алатка преку која многу луѓе ќе добијат пристап до услугите кои им се потребни. Во првите 48 часа, преку Разговор.мк мобилната апликација беа закажани над 70 сесии!

Како да се приклучиш на платформата?

Потребните квалификации за приклучување на платформата можете да ги пронајдете на Разговор.мк во делот наменет за терапевти.

Пополнете ја кратката апликација и ќе ве контактираме во рок од два дена.