fbpx

Запознај ги нашите психолози: Димитар Чучанов

Разговор.мк е платформа која овозможува анонимен пристап до тренирани и професионални психолози. На платформата можете да изберете некој од нашите деситици експерти за ментално здравје и анонимно да се допишувате. Со цел подобро да ги запознаете психолозите, направивме интервју со секој од нив.

Денес Димитар Чучанов ќе одговори на неколку прашања.

Димитар е дипломиран психолог при Универзитет “Кирил и Методи” Скопје. Психотерапија под водвство на професор Благоја Јанаков. Медијатор со ненасилна транформација на конфликти под водство на професор Олга Шкарич и Ана Фритсханд. Тој има работно искуство во областа на труд и социјала како и семејно насилство, работа со корисници на психотропни супстанци, развојна психологија и личен раст и развој. Моментално е вработен во Општа болница Гевгелија на оделот за превемција на деца и млади.

Зошто работите како психолошки советник или психотерапевт? 

Заради и најмалата позитивна промена во светот. Секој од нас има свој пат за движење и ако тој пат и најмалку го направам попозитивен, ми причинува огромно персонално задоволство и е главната причина зошто работам како психолог.

Што ве натера да се приклучите на Разговор.мк?

Секој од нас има различен карактер па така да за некој анонимноста е важна. Разговор.мк е платформа која им помага на луѓе кои сакаат да останат анонимни но сепак имаат можност да го
подобрат своето ментално здравје.

Што до сега ве направило најгорди на својата професија?

Посебен детал не можам да издвојам. Но, ме прави горд тоа што психологијата како наука секојдневно работи на нови истражувања за подобрување на менталната состојба на секое битие и според
мене тоа е најважно во едно време каде брзаме кон се. Исто така, мене лично во мојата работа горд ме прави секоја позитивна насмевка и скриена солза на среќа кај моите клиенти.

Можете ли да се сетите на момент или ситуација кога сте биле инпирирани од вашата професија?

Детската фантазија. Таа е област која е бесконечна за истражување и испитување.

Зошто ви е битно ова што го работите?

Бидејки секое битие на планетава заслужува да живее со полна плуќа.

Кој би бил вашиот совет за некој што се мисли дали да побара психолошко советување или терапија?

Знам дека полесно е да бидеш сам одошто постојано да се биде погрешно разбран од луѓето кои ги сакаш најмногу. Понекогаш не ти се разговара и светот колабира окулу тебе – но погледни кон советувањето како кон рака која ќе те извади и подтурне кон целта на твојот пат исполнет со среќа разбирање и живот каков си замислил.

Како се забавувате во слободно време?

Добра книга или филм. Прошетка низ природа. Yoga. Ладно пиво со пријателите.

Доколку сакате да се посоветувате со Димитар, превземете ја Разговор.мк мобилната апликација и закажете разговор!