fbpx

Анонимно советување со Розалија Секулоска

Разговор.мк е платформа која овозможува анонимен пристап до тренирани и професионални психолози. На платформата можете да изберете некој од нашите деситици експерти за ментално здравје и анонимно да се допишувате. Превземете ја нашата андроид мобилна апликација и закажете анонимно советување со некој од психолозите на платформата!

Со цел подобро да ги запознаете психолозите, направивме интервју со секој од нив.

Денес Розалија Секулоска ќе одговори на неколку прашања.

Таа е лиценциран психолог, советник психотерапевт по Когнитивно- бихејвјор психотерапија, Трансакциона анализа и ОЛИ психотерапија, магистер по развојна психологија, основач на Центар за личен и организациски развој ” Трет Родител” и вработена како стручен работник во Дом за деца без родители и родителска грижа. Автор е на две книги: ” Моќ наречена надеж” и ” Креативно решавање на забрани низ мандалата”. Веќе две години волонтерски работи групна психотерапија со жени болни од карцином. Поминала многу едукации и предавања во областа на психологијата како што се: Справување со стрес, Тим билдинг, Ефект на работно согорување, Социоемоционален развој кај деца и адолесценти, Примена на играта како дидактичко средство, Работа со зависности, Работа со постраумарско стрес нарушување, Поставување на здрави приватни и професионални граници, Телесна осихотерапија, Квантна хармонизација и уште многу др. Психотерапијата ја работи 13 години со деца, адолесценти, возрасни и стари лица со многу љубов и успех. Свеста за потребата од личен психотерапевт се обидува да ја подигне преку јавни телевизиски гостувања, радио емисии и онлајн платформи.

Зошто работите како психолошки советник или психотерапевт? 

Веќе 13 години рабитам со деца и со возрасни како психолог а, шотоа лако сов.психотерапевт и со фирми за организациски развој. Како времето одминува не прегорувам, туку се повеќе учам. На крајот од денот не сум изморена, туку исполнета. Бидејќи оваа работа ја работам со љубов.

Што ве натера да се приклучите на Разговор.мк?

Сакам на секој можен начин да допрам до луѓето и да ги освестам дека одењето на психотерапија не е страшно, срамно, или табу тема. Да се оди на психотерапија пред се подразбира да се сака да се работи на себе и на своите проблеми кои се неминовна состојка на животот!

Што до сега ве направило најгорди на својата професија?

Од денешна временска перспектива, горда сум на себе до кој степен сум се образовала и стручно доквалификувала. Горда сум што уште копам низ литературата и сите медиуми барајќи ги одговорите на човековите проблеми низ разни пристапи и алатки а, со тоа и самата сум отворена за личен раст и развој. Горда сум на многу клиенти кои на крај се поздравуваат и велат: Ти благодарам! Ми помогна!

Можете ли да се сетите на момент или ситуација кога сте биле инпирирани од вашата професија?

Токму тие моменти кога во процесот на психотерапијата ќе го видам погледот или лицето на клиентот кое покажува олеснување, увид, решение.
Горда сум на групите за поддршка за жените болни од карцином кои кога ќе ме видат ќе речат еве ни го омилениот психотерапевт! Колку што јас нив им помагам, толку и тие мене ми помагаат на некој несвесен начин да му се заблагодарам на татко ми кој почина од рак.
Можеби инспирација се двете книги кои низ работата ги создадов: “Моќ наречена надеж” и “Креативно разрешување на забрани низ мандалата”.

Зошто ви е битно ова што го работите?

Ова е тоа што го работам од срце.

Кој би бил вашиот совет за некој што се мисли дали да побара психолошко советување или терапија?

Да одбере психотерапевт без размислување. Да се има матичен психотерапевт е потреба а не табу тема. Животот е полн со секакви проблеми. Секогаш самостојно или со најблиските не можеме да се носиме со нив. Затоа постоиме ние. Фелата на психотерапевти!

Како се забавувате во слободно време?

Во слободно време на прво место ми е сонот. Оние кои ме знаат, знаат дека сум спанка. На страна од учењето и читањето, среќна сум кога сум во природа, кога гледам добар филм и кога цртам! 

Доколку сакате да се посоветувате со Розалија, превземете ја Разговор.мк мобилната апликација и закажете разговор!