
Разговор.мк е платформа која овозможува анонимен пристап до тренирани и професионални психолози. На платформата можете да изберете некој од нашите деситици експерти за ментално здравје и анонимно да се допишувате. Превземете ја нашата андроид мобилна апликација и закажете анонимно советување со некој од психолозите на платформата!
Со цел подобро да ги запознаете психолозите, направивме интервју со секој од нив.
Денес Ивона Пауновски ќе одговори на неколку прашања.
Зошто работите како психолошки советник или психотерапевт?
Обожавам да ги разбирам луѓето, односно нивното однесување, различните перспективи, навиките, размислувањата и постапкиите. Сето тоа е исклучително интересно за мене. Секој ден може да се научи нешто ново бидејќи човековиот ум е навистина совршен.
Што ве натера да се приклучите на Разговор.мк?
Во последните неколку месеци онлајн советувањето стана навистина актуелно. Има свои предности и недостатоци како и се останато. Сепак треба да се прилагодуваме на ситуациите со кои се среќаваме во животот.
Што до сега ве направило најгорди на својата професија?
Повеќе работи како: кога дипломирав, кога станав лиценциран психолог и секојдневните искуства низ кои постојано учам нови работи.
Можете ли да се сетите на момент или ситуација кога сте биле инпирирани од вашата професија?
Психилогијата е многу креативна наука и постојано ме инспирира. Но, ако треба да изберам – тоа се ситуации кога клиентите се чувствуваат подобро, ги надминуваат потешкотиите, кога се среќни и се смеат…
Зошто ви е битно ова што го работите?
Битно ми е бидејќи секојдневно имам шанса да им помагам на луѓето на кои навистина им е потребно.
Кој би бил вашиот совет за некој што се мисли дали да побара психолошко советување или терапија?
Доколку чувствувате дека нешто не е во ред и се одлучите да побарање стручна помош – тоа ќе биде една од подобрите одлуки што сте ја направиле во животот лично за вас. Одлуката да се побара стручна помош е одлука за подобо утро и поквалитетен живот.
Како се забавувате во слободно време?
Гледам филмови, читам книги, поминувам време со семејството и пријателите.