fbpx

Што е асертивен начин на комуникација?

За да го добиеме она што го сакаме, мора да имаме способност тоа да им го кажеме на другите на начин кој ќе го привлече нивното внимание. Меѓутоа, често се случува да се плашиме јасно да ги искажеме нашите ставови и мислења или пак тие од нас излегуваат многу импулсивно и им звучиме агресивно на соговорниците. Како ќе се изразиме, т.е. комуникацискиот стил е од голема важност. Во психологијата се издвојуваат пасивен, агресивен и асертивен стил на комуникација.

Замислете си ја следнава ситуација:

На работа сте, трета смена, од 22 до 6 часот, за времето во текот на денот да може да го поминете со вашата четири годишна ќерка а вашиот седум годишен син да го однесете на училиште. Секое утро ве заменува вашиот колега, ќе го наречеме Андреј. Вие не можете да го напуштите објектот се додека не дојде тој. Четврток е, часот е 6:15 а Андреј доцни, по трет пат оваа недела. Знаете дека има нова девојка и си претпоставувате дека со неа останува до доцна во ноќта па се трудите да останете толерантни, но сепак сте вознемирени затоа што мора што побрзо да стигнете дома. КОНЕЧНО, Андреј се појавува на врата, со широка насмевка на лицето.

Како ќе изреагирате?

ПРИМЕР ЗА ПАСИВНА КОМУНИКАЦИЈА :

Андреј: Добро утро. Како ти помина вечерва ?

Пасивен комуникатор: Па, беше тивко . Аммм (гледа долу во стапалата ) Андреј, знаеш, часот е скоро 06:20

Андреј: Ох, малку сум задоцнил. Извини. Вечерва си поминав прекрасно.

П.К.: Во ред, мило ми е што си имал убава вечер, се гледаме, чао!

П.К. ( зборува со себе си ): Тој Андреј! Ја злоупотребува мојата толерантност! Доста ми е од него! Можеби треба да најдам друга работа… Се надевам дека ќе успеам на време да го однесам син ми на училиште. Охххх, мојот ден е веќе уништен!!!

ПРИМЕР ЗА АГРЕСИВНА КОМУНИКАЦИЈА :

Андреј: Добро утро. Како ти помина вечерва ?

Агресивен комуникатор: Не гледам ништо добро во утрово. Доцниш повторно. По трет пат оваа недела.

Андреј : Да, малку сум задоцнил. Извини .

А.К.: Многу си неодговорен! Не е моја вина што цела вечер ја помина со твојата нова девојка!  Само за тоа и зборуваш. Не можам веќе да те слушам! Воопшто не ти е важна работата!

Андреј: Тоа не е вистина! Освен тоа, што ти менуваат 5 или 10 минути? И онака ќе си одиш дома и ќе спиеш!

А.К.: Многу ме разлути! Воопшто не знаеш како е да си на работа цела вечер и да работиш дома цел ден! Ќе се пожалам кај шефот! Се надевам дека ќе те отпушти!

Андреј: Во ред. Што викаш за тоа јас да му кажам дека претходната недела те најдов заспана на работа?

А.К.: ( налутено си заминува )

Побарај дополнителен совет или насока од Верица Бакулеска

Верица Бакулевска асертивен

Разбирам дека вашето патување е уникатно и јас сум тука да ви обезбедам простор за поддршка во кој ќе можете да ги истражите вашите чувства. Користејќи комбинација од различни техники и  стратегии за справување, имам за цел да ве поттикнам на вашиот пат кон исцелување.

Ако сте подготвени да го направите следниот чекор, ве поканувам да ме контактирате со пополнување на формуларот подолу.

ПРИМЕР ЗА АСЕРТИВНА КОМУНИКАЦИЈА :

Андреј: Добро утро. Како ти помина вечерва ?

Асертивен комуникатор: Беше тивко… Андреј, пред да си одам, сакам да разговараме.

Андреј: Во ред. За што?

Асертивен комуникатор: Се чувствувам напнато кога не можам од овде да си одам на време. Кога доцнам дома, немам доволно време да го разбудам син ми и да го однесам на училиште.

Андреј: Задоцнив неколку пати оваа недела, извини.

Асертивен комуникатор: Ти благодарам што ја разбираш мојата ситуација. Може ли да сметам дека нема да доцниш нареден пат ?

Андреј: Да, секако. Немав претстава дека имаш толку многу обврски.

Асертивен комуникатор: Се гледаме утре Андреј. Имај убав ден !

СОВЕТИ ЗА ПОЛЕСНО АСЕРТИВНО КОМУНИЦИРАЊЕ :

Од примерите можеме да заклучиме дека асертивната комуникација е најефективна. Асертивната комуникација претставува вештина за директно и отворено соопштување на сопствените мисли, чувства и желби. Доколку ја немате совладано оваа вештина и повеќе се пронајдовте во примерите за агресивна и пасивна комуникациј , не грижете се. Асертивен начин на комуникација е вештина која може да се научи и овде ќе понудам неколку совети кои може да ви олеснат да бидете асертивни :

  • Започнете го разговорот со позитивен став
  • Претворете ги ТИ пораките во ЈАС пораки. За една квалитетна комуникација, од суштинска важност е да се избегнат ТИ пораките ( ТИ многу ме разлути ). Всушност, никој не може да направи да се чувствувате некако. Вие сте сопственик на вашите чувства. ТИ пораката само ќе го направи соговорникот дефанзивен. Наместо тоа, користете ЈАС пораки ( ЈАС се чувствувам напнато кога доцниш). Изразувањето на нашите чувства, наместо обвинувања упатени кон другиот, често води кон зголемување на емпатијата на нашиот соговорник.
  • Добро би било да го кажеме она што го сакаме како можен исход од цела ситуација.  Пример – Кога доцниш јас се чувствувам напнато и би сакал/а да можам да сметам на тоа дека нареден пат ќе стигнеш на време. Оваа реченица ја содржи нашата идеја за решавање на проблемот и јасно ги претставува нашите потреби но и остава простор за дискусија.
  • Вредноста на јас пораките паѓа доколку истите не се поддржани со самоуверен говор на телото. Дозволете вашето тело да ве претстави во позитивно светло. Завземете самоуверен став, исправена положба а притоа осигурајте се дека оддржувате контакт со очите. Зборувајте јасно и флуентно и гестикулирајте.
Уште неколку кратки совети за асертивен стил на комуникација
  • Изберете соодветно време за разговор.
  • Бидете јасни за целта на разговорот.
  • Не етикетирајте ( „ ти си неодговорен , неорганизиран…“ ) ! Соговорникот ќе се насочи на одбрана од етикетата која му е доделена и ќе ја заборави оригиналната порака на разговорот.
  • Не генерализирајте ( „секогаш доцниш“ ) ! Соговорникот најверојатно не доцни СЕКОГАШ, така да тој ќе се насочи на зборот секогаш, наместо да ја слушне вашата порака .
  • Не осудувајте!
  • Ислушајте го другиот .
  • Соочете се со вашиот придонес за конфликтот и признајте си ги грешките. Извинете се доколку е потребно.
  • Пробајте да најдете компромис.
  • Фокусирајте се на вашите добри намери
  • Почитувајте се себе си. Вашите потреби, желби и права се важни исто колку и туѓите. Во ред е да го кажете она што го сакате се додека се испочитувани правата и на вашиот соговорник.

Побарај дополнителен совет или насока од Верица Бакулеска

Верица Бакулевска асертивен

Разбирам дека вашето патување е уникатно и јас сум тука да ви обезбедам простор за поддршка во кој ќе можете да ги истражите вашите чувства. Користејќи комбинација од различни техники и  стратегии за справување, имам за цел да ве поттикнам на вашиот пат кон исцелување.

Ако сте подготвени да го направите следниот чекор, ве поканувам да ме контактирате со пополнување на формуларот подолу.