Доколку некогаш сте се нашле во ситуација да избегнете или одложите тежок разговор, секако дека не сте единствени. Без разлика дали дома или на работно место ние го менаџираме конфликтот исто невообичаено како и што го создаваме. Тоа што е важно е да се земе во предвид е дека конфликтната ситуација не е секогаш лош момент. Таа ни овозможува увид за тоа како да ја подобриме својата партнерска врска, како да работиме поефикасно со другите, а и да растеме како личности. Тоа што не е во ред е избегнувањето.
Избегнувањето на ваков вид на разговори само ќе поттикне поголем конфликт. Целта е да се достигне точка на заедничко разбирање. Разбирањето е достигнување на нова свесност за тоа што другата личност доживеала во конфликтот. Тоа е меѓусебно вреднување на личните потреби, стравови и надежи. Вреднувањето на искуството на другата личност не го негира вашето искуство. Постигнувањето на разбирање обезбедува големо олеснување и може да постави основа за заеднички план, решение и нова врска.
Што треба да знаете кога ве очекува тежок разговор
Кога имаме тежок разговор најчесто целиме кон драматично и перманентно решение, што многу често не вовлекува во нови предизвици во веќе стресната врска. Да се направи план е пореалистична опција, план кој ќе е мапа со голем број на отворени можности за наоѓање на решение. План кој успешно ќе ја реорганизира врската со нови граници и заеднички очекувања за навигација низ кривините, односно потешките делови.
Доколку се чувствувате недоволно разбрани и признаени на работа, или можеби некое однесување на ваши блиски ви предизвикува болка и ве одвлекува од нив, а во исто време се чувствувате гневни и лути кога размислувате за разговорот кој треба да го имате, многу е веројатно дека таа врска ви е навистина значајна.
Тоа што може да направите во ваква предизвикувачка ситуација, е да примените некои веќе постоечки техники кои ќе ви овозможат да бидете слушнати и разбрани и ќе го подобрат квалитетот на комуникацијата.
Секако имајте на ум дека за одреден вид на конфликти, кај кои има специфична позадина можеби ќе има потреба од присуство на трета страна која ќе има улога на медијатор, професионално лице, како советник, психолог, или социјален работник.
Што може да направите
1.Подгответе се за разговорот
Најдобро е првиот чекор да е експеримент. Помислите на личноста со која сакате да разговарате и дозволете си да замислите како сте имале разговор со најдобар можен исход. Комплетно сте слушнати и секоја ваша загриженост резултира со ваше задоволство. Доколку ви било потребно извинување сте го добиле најдоброто. Останувајки со оваа ментална слика ќе дојдете до точка која ќе ви овозможи самодоверба во оваа врска во иднина. Експериментот не е едноставен но ќе ви предизвика чувство на олеснетост и благодарност.
2. Напишете изјава
Што би и кажале на личноста во моментов? Што всушност се наоѓа под конфликтната ситуација, што е вистинито кога нема да сте обземени со негативни емоции. Обидете се да напишете ваша лична изјава. Може да напишете и повеќе, но вообичаено првата е вистинската зделка.
Вашата изјава треба да е автентична експресија на вашите емоции, но треба да има и суштинско значење и позитивен импакт кај личноста спроти вас. Не плашете се да ги искажете своите емоции поради стравот од несогласување и одбивање, стравот од тоа дека ќе изгледате слаби и ранливи или пак очекувањата на другата личност. Задржувањето на емоциите може да доведе до пасивно агресивно однесување, кое не е здраво за една личност.
3. Запрашајте се дали сте навистина подготвени
Дали сте подготвени да изјавите како се чувствувате? Многу често тешко доаѓаме до вистинските зборови пишувајки изјава кон личноста со која треба да се соочиме и тоа може да не доведе до ранлива позиција, но тоа што всушност помага е поглед кон поголемата слика. Можеби при изјавата ќе имате моментална нелагодност, но бенефитот кој ќе го искусите потоа ќе биде долготраен.
Доколку и двете личности се запознаени и се подготвуваат за соочување, одлична опција е и двете страни да напишат своја автентична изјава, со што ќе се намали тензијата доколку само едната личност пишува.
4. Консултирајте се со пријател
Може да му соопштите на ваш пријател кој не е засегнат од разговорот кој ви престои. Предлогот не е во насока да добиете совет од тој пријател туку разговорот со него/неа ќе ви ја намали анксиозноста и ќе добиете поддршка, додека ќе имате со кого да ги споделите одговорите на следниве прашања:
Најголемата емоција што ја чувствувам кон личноста со која треба да имам тежок разговор е..
Најголемата емоција што очекувам да ја чувствува личноста кон мене е..
Мојата надеж за разговорот е..
Идентификување на вашата надеж за разговор е всушност критичен дел од вашето планирање. Запомнете дека најдобриот првичен исход е постигнување ново, заедничко разбирање, наместо сеопфатно решение или детален план. Новото разбирање може да ви донесе олеснување и да ви овозможи простор за движење напред, без да очекувате магично разрешување на целата напнатост и конфликт во врската.
5. Започнете го разговорот
Ова може да се направи лично, на пример да си закажете состанок или прошетка со временска рамка. Може и преку телефон или видео. Тоа што е најважно е взаемната размена на изјавите. За многумина ова е најтешкиот дел, но ќе заврши пред да сте свесни за тоа. Кажете ја вашата изјава, веднаш проследена со: Ова го велам затоа што мислам дека доколку двајцата/двете навистина се обидеме, можеме да го решиме ова.
Ќе постои момент на страв, но ќе следи момент на олеснување. Откако двајцата ќе ги дадете своите изјави, поставете му на вашиот партнер/ка, колега/шка неколку прашања:
Како се чувствуваш сега?
Двајцата/двете сме тука затоа што мислиме дека можеме да го решиме ова. Што уште стои на патот?
Што можам да направам за да помогнам?
Дали има нешто друго што сакаш да ми кажеш?
6. Слушајте и разговарајте
Слушањето на некого со кого сте биле во конфликт – или со кого избегнувавте конфликт – е непријатно и фрустрирачко. Тоа што помага е да сте фокусирани на целта, Зошто го водите овој разговор? Која е надежта за исходот? Имајќи го тоа на ум, ќе ви е полесно да продолжите да слушате.
Слушањето кога е тешко ги става луѓето на најбрзата патека за решение. Нема потешка и поефикасна активност во тежок разговор од слушање. Исто како што треба да бидете слушнати, треба да се слушне и вашиот партнер/ка, колега/шка. Дали се согласувате или не, не е многу важно. Всушност, можеби и најдобро решение за вашиот конфликт нема да постои, но взаемното слушање со сигурност ќе ја подобри моменталната ситуација. Доколку бидеме вистински ислушани интензитетот на нашите барања до кои силно се држиме ќе се намали. Народски кажано, нема да има проблем за решавање доколку проблемот се растопи.
Кога ќе треба да изразите фрустрација, болка и гнев, овие начини може да ви помогнат:
Опишете ги вашите искуства и емоции наместо да ги наведете грешките и грешките на вашиот партнер/ка, колега/шка. Ова е емпатичен пристап и го минимизира контрапродуктивниот аргумент.
Филтрирајте ги вашите жалби. Луѓето во конфликт едноставно не се во можност да слушаат, апсорбираат и продуктивно да одговараат на критиката. Ефикасно користете го ограничениот опсег на вашиот соговорник/чка.
7. Затворете го разговорот
Додека разговорот се приближува кон крајот, прашајте се: Што се смени за вас како резултат на овој разговор? Можеби сте се чувствувале слушнати на нов начин, или сте го разбрале искуството на другиот поцелосно или не чувствувате исто толку тешка емоција. Обидете се да искажете благодарност кон другата личност и споделете една обврска што сте подготвени да ја преземете додека го завршувате овој разговор. Запомнете дека треба да сте реалистични.
Тоа што е најважно за да се достигне меѓусебно разбирање е примарниот фокус да е на слушање на емоцијата на соговорникот/чката, токму тоа ќе отвори простор за емпатија, поврзаност и доверба. И да, разговорот не треба да е маратонски, паузата може да доведе и до напредок, а и не секогаш еден разговор ќе е доволен. Некогаш ќе треба да се навраќате на темата со цел идните интеракции, постепено со мали чекори да ја подобрат врската помеѓу вас.