fbpx

Слика за сопственото тело и самодовербата

Сликата за себе и сопственото тело е „внатрешен речник“ што ги опишува карактеристиките на себе си, вклучувајќи работи како интелигентен, убав, талентиран, но истовремено и грда, дебела глупава, себична, неспособна итн.

Моето тело

Сликата за телото е перцепција за себе во огледало опфаjкајќи го го она во што верувате за вашиот сопствен изглед ( вклучително и спомени, претпоставки и генерализации), како се чувствувате за вашето тело (вклучувајќи ги висината, формата и тежината),  како го чувствувате и контролирате вашето тело додека се движите, и како се чувствувате во него а не само во однос на него. 

Нарушена слика за сопственото тело е во фокус како еден од  највисоките индикатори за намалена самодоверба. Почитт кон телото, незадоволство кон телото, изобличено тело, поттик кон послабо и мускулесто тело и други концепти за сликата на телото кои се користат наизменично кажуваат многу за нашата самодоверба и самопочит кон нас самите.

Телото и самодовербата

Младите мажи и жени се социјализирани да веруваат дека изгледот е примарна основа за сопствена проценка и проценка од страна на другите. Ниското задоволство од самиот себе е поврзан со ниската самодоверба. Доколку чувствувате потреба од разговор за оваа тема закажете сесија со Марија Чурукоска.

Адолесцентите и младите возрасни се подложени на притисок од нивната средина, вклучувајќи ги родителите, другарите, колегите и  особоено масовоното влијание на социјалните медиуми, со цел да се исполнат стандардите за изглед во однос на сликата за сопственото тело. Овој притисок го фаворизира незадоволството од самото тело и на тој начин може да промовира ризични здравствени активности како на пример: практикување на нарушена исхрана (ригорозни диети, или прејадување), несоницна, депресија, анаксиозност, вознемиреност, оттуѓеност од средината и низа други  емотивни и физички состојби кои може да продолжат да се развиваат во текот на целиот живот.

Промена и зголемување на самодовербата и самопочитта кон себе и сопственото тело е суштинска за позитивен раст и развој. Закажете разговор со Марија Чурукоска и направи позитивна промена во себе и за себе.

Побарај совет или насока од Марија Чурукоска.

Како психолог, обезбедувам приспособена поддршка и стратегии за поединци кои се борат со предизвиците наведени во статијата. ни. Со поттикнување на безбедна и емпатична терапевтска средина, соработувам со клиентите за да ги истражам нивните мисли, емоции и однесувања, давајќи им сила да стекнат увид, да изградат вештини за справување и да ги постигнат своите терапевтски цели. Ако имате какви било прашања или барате упатства за прашања за менталното здравје, не двоумете се да го пополните формуларот подолу. Вашата благосостојба е мој приоритет.