Намалувањето на стигмата и едуцирање на луѓето околу нивното ментално здравје се клучни аспекти за градење на подобрено секојдневно живеење. За таа цел, дојдовме до идеа да креираме подкаст каде што простор ќе имаат лиценцирани психолози.
Со нив ќе зборуваме за теми поврзани со менталното здравје и како всушност тие помагаат во подобрување на нашето секојдневие.
Во првата епизода на подкастот на Разговор.мк, зборувавме со Јасмина Михаиловска и Зорица Николова за влијанието на КОВИД пандемијата врз секојдневието на нивните клиенти и на нив самите.
Каков ефект имаше пандемијата врз нивното секојдневно живеење? Какво е влијанието на пандемијата за различните возрасни групи и кои се најафектира? Кои се новите семејни динамики и ефектите од карантинот врз семејните релации?
Слушнете ги одговорите на овие прашања и многу повеќе во нашата прва епизода на Разговор.мк – поткаст.
Пишете ни во приватна порака на Разговор.мк или пратете ни меил на support@razgovor.mk доколку имате прашања кои сакате да им ги поставиме на нашите психолози во следните епизоди.