Децата копнеат за време поминато со родителите. Тоа ги прави да се чувствуваат посебно. Затоа е особено важно родителите редовно да најдат време кое ќе го поминуваат со своите деца. Смирени и исполнети родители се способни повеќе да им помогнат на своите деца. Како родител играте важна улога во менталното здравје на вашето дете.
Разбирање на децата преку почитување на нивната индивидуалност, уникатност и способност за постигнување е најважната работа која треба да ја знаеме како родители. Но, претходно, треба да ја знаеме сопствената насока па да ја создадеме насоката за детето. Важно е да бидеме свесни за своите способности и недостатоци за да можеме да ги прифатиме истите кај детето.
Ментално здравје кај децата
Менталното здравје влијае на начинот на кој децата размислуваат, чувствуваат и постапуваат. Во однос на предизвиците поврзани со децата важно е да се знае дека никогаш не е доцна за промени, но порано е подобро.
Од суштинско значење е да се третираат проблемите со менталното здравје на малите деца во контекст на нивните семејства, домови и заедници. Емоционалната добросотојба на малите деца е директно поврзана со функционирањето на нивните семејствата.
Доброто ментално здравје на децата можеме да го зајакнеме преку :
Создавање на безбедна и позитивна домашна средина
Зголемете ја вашата свесност за влијанието на екраните пред кои многу часови поминува детето. (Филмови, интернет, виедо игри). Внимавајте што се може да научи и со кој може да комуницира детето. Внимавајте колку тоа е соодветно со средината во која детето расте, колку е еднакво на неговите можности, желби и интереси.
Наместо тоа одберете да го зајакнете односот со детето преку заедичка активности. На пример, друштвена игра, прошетка, семејни активности или разговор за секојдневни случувања. Бидете внимателни со разговрите за сериозни семејни теми – како што се финансии, брачни проблеми или болести. Децата можат да се грижат за овие работи.
Градење добри и силни односи со семјството и другите
Детето е дел од семјството и пошироката социјална средина. Преку воспоставување односи со другите тоа ја гради својата личнст, го потврдува својот идентитет и се развива во согласност со социјаните правила кои го опкружуваат. Кога овие односи се навредливи, заканувачки, хронично занемарувачки или на друг начин психолошки штетни, тие претставуваат ризик-фактор за развој на рани проблеми со менталното здравје.
Спротивно на тоа, кога односите се одговорни и поддржуваат, тие можат да ги оддалечат децата од негативните ефекти и стресни фактори. Затоа, намалувањето на стресните фактори кои влијаат врз децата бара решавање на стресовите врз семејството како целина. Ако детето не се чувствува пријатно и доволно слободно да разговара со вас помогнете му да најде со кого да разговара.
Развивање на самодоверба и позитивна слика за себе си
Важно е детето да се сака себе си и да има добро чувсто за тоа кој е тој. Развојот на позитивен само-концепт или здраво самопочитување е исклучително важен за среќата и успехот на децата и тинејџерите. Позитивната врска родител-дете обезбедува рамка и поддршка за детето да развие почит кон себе и кон другите.
Разговор за чувствата на детето, заедничко поставување на цели, поставување прашања со цел да се откријат неговите интереси и почитување на неговите желби е исклучително важно и потребно за менталниот развој. Препознавање на неговите напори за оставрување проследени со прифаќање и љубов е цврста подлога за позитивен напредок.
За крај
Бидете му пример на вашето дете како да се грижи за сопственото ментално здравје. Зборувајте за себе, работете на себе и чувствувајте се среќни со тоа што сте.
Не посакувајте премногу напредно, надарено, талентирано до совршенство дете. Потрудете се да му овозможите услови во кои ќе ја почувствува среќата и љубвота. Дополнително, помогнете му тоа само да ја изгради својата личност, а не да ја негува верзијата од себе кој вие како родител ја поскаувате и ја сметате за најдобра.
За раните знаци на проблеми поврзани со менталното здравје, начини како добро да се промовира ментално здравје на децата и закајнување на личните капацитети за поддршка и развој на вашето дете можете да поразговарате со Марија Чурукоска.