fbpx

Која е потребата за удоволување на другите луѓе до степен на невидливост?

Се чувствувате ли како да постојано го тестирате расположението на луѓето околу вас, дали се задоволни и среќни? Дали забележувате дека често им се извинувате на другите луѓе дури и некогаш кога не е потребно? Ве плашат ли критики, копнеете по признанија и комплименти? Се наоѓате ли често во ситуации кога им се објаснувате на луѓето дури и кога не го побарале тоа од вас? Често имате потреба за удоволување на другите луѓе околу вас?

Луѓето со синдром како please others или прекумерно удоволување на другите луѓе се чувствуваат одговорни да ги прават среќни луѓето околу себе. Иако ова се луѓе кои имаат многу пријатели и се грижат за своето семејство, сепак плаќаат висока цена за тоа. Односно, често занемарување на своите потреби доведува до чувство на лутина и огорченост.

Секако, кога им удоволуваме на другите луѓе е социјално прифатливо и високо посакувано однесување. Ова однесување предизвикува воодушевување, но сепак во позадина стои несвесна потреба за постојано одобрување и љубов од родителските фигури. Речиси на ова однесување се гледа како компулсија, а не како однесување на возрасен човек. Нема ништо погрешно да им удоволуваме другите луѓе, сосема е во ред да сакаме да се грижиме за другите и да ги задоволиме нивните потреби. Сепак, исто така треба да знаеме кога е доволно и да станеме свесни од каде доаѓа таа потреба.

Од каде е доаѓа потребата за удоволување на другите?

Потребата постојано да им удоволуваме на другите луѓе е тесно поврзана со избегнувањето на непријатните чувства. Неретко се работи за избегнување на конфликтни ситуации со цел да се избегне чувството на отфленост, страв да ги разочараат другите луѓе, страв од осаменост, социјална исклученост и исто така чувство на вина, самоказнување кое повторно овие лица го перцепираат како резултат на тоа дека не се анагажирале доволно во удоволување на другите луѓе.

Кога не се познаваме доволно следствено не си ги познаваме и своите лични граници. Лицата кои имаат силна потреба да удоволуваат, всушност бараат потврда за да бидат вреднувани, признаени. Чувството на вредност го стекнуваат преку удоволување како резултат на лично чувство на безвредност. Кога правењето нешто за другите се изедначува со нашата лична вредност треба да се потсетиме дека чувството на лична вредност всушност доаѓа од внатре, а не од надвор.

Императивот на лицата со силна потреба за удоволување или please others е дека туѓата среќа е поважна од сопствената. Исто така, како и дека само другите луѓе може да проценат дали се доволно вредни и дека само кога удоволуваат може да бидат вистински признаени и почитувани.

Како може најлесно да препознаете дека имате силна потреба да удоволувате?

  • чувствувате анксиозност кога сте во присуство на други луѓе
  • загрижени сте за тоа како другите луѓе ве перцепираат
  • чувствувате потешкотија да ги одбиете луѓето кога нешто ќе побараат од вас
  • загрижени сте кога сте игнорирани
  • осетливи сте на критики од околината

Лицата со please others, кога тогаш ќе се најдат себеси во кафез кои сами го изградиле. Често се јавува чувство на заробеност поради нивната личност, натрупаните распореди со обврски, кафез направен од должности, потреби, грижи за другите луѓе. Сето ова е сериозен ризик за хроничен стрес кој подоцна може да предизвика и појава на депресија и анксиозност. Силната потреба  за удоволување или please others е тесно поврзана со ниското себеценење и ниска самодоверба.

Запомнете, може да бидете истовремено љубезни кон другите луѓе и да се застапувате за себе. Може да им помагате на другите луѓе, но и да одржувате лични граници кои нема да го нарушат личното чувство на вредност и себеценењe.

Удоволете си и себе си

Исклучтелно важно е да се грижите за своето физичко и емоционално здравје. Важно е да научите да се ставите себе на прво место, секогаш да ги слушате своите потреби како и разбирањето на сопствената лична вредност и значајност. Кога луѓето не се застапуваат доволно за себеси стануваат речиси “невидливи” бидејќи не прават доволно за себе и својот интерес.

Луѓето кои несебично ја даваат својата енергија на другите, треба да бидат потсетени дека не се одговорни за туѓата среќа. Дека не треба да ги игнорираат своите потреби. Дека не е нивна должност да бидат физички и емоционално секогаш достапни. Ниту дека се одговорни да ги решаваат проблемите на другите луѓе, ниту да се самопредадат поради силната потреба да бидат прифатени и признаени.

Побарај совет или насока од Александра Стефановска

Мојот пристап е насочен кон клиентот, што значи дека ги приспособувам моите методи за да ги исполнам специфичните потреби и цели на секој поединечен клиент. Доколку ви е потребна помош или насока, ве повикувам да го пополните формуларот подолу.