fbpx

Брилијантен начин како да ја кажете вистината за Дедо Мраз на вашите деца

Дедо Мраз не е само Божиќна икона. Различни земји и култури го усвоија овој концепт. За милиони ширум светот, празничната сезона е нецелосна без весел, звучен „Хо Хо Хо“.

Секое верување во Дедо Мраз е длабоко лично и може да се претстави и дискутира како и да изберат родителите.

Но, ако Божиќ, ирвасите и санките се дел од традициите на вашето семејство, доаѓа момент кога децата дознаваат кој навистина го прави списокот со подароци.

Како што е точно со повеќето стратегии за позитивно родителство, најефективниот начин за навигација во разговорите за Дедо Мраз е да се преземе проактивен пристап. На крајот на статијата можете да прочитате и еден фиктивен разговор кој може да ве инспирара и вас.

Дојде време вашето дете да стане Дедо Мраз

Кога децата ќе наполнат 6 или 7 години често се јавува сомнеж дека Дедо Мраз можеби не е материјално суштество. Тоа значи дека детето е подготвено. Во овој момент, добра идеја би било да го изнесете вашето дете на едно од неговото омилено место. Откако ќе нарачате и удобно ќе се сместите време е разговорот да започне.

Може да започнете со: „Многу си порасната оваа година. Не само што си повисока, туку можам да видам дека и твоето срце е поголемо”

По ова, може да продолжете со неколку примери каде вашето дете покажало емпатија или направило нешто убаво за некоја друга личност низ текот на изминатата година. Дајте им до знаење дека во тие моменти се покажале достојни конечно и самите да „станат Дедо Мраз“.

Уверете го вашето дете дека е подготвено да стане Дедо Мраз бидејќи го разбира вистинското значење на подарувањето

Може до продолжите со: “Веројатно си забележала дека повеќето Дедо Мразовци што ги гледаш се луѓе облечени како него. Некои од твоите другарчиња дури и ти кажале дека тој не постои. Многу деца го мислат тоа затоа што сè уште не се подготвени да БИДАТ Дедо Мраз, но ТИ СИ.”

Прашајте го вашето дете за сите причини поради кои мислат дека Дедо Мраз е најдобар. Можеби ќе започнат со укажување на неговите вештини за возење санки или на фактот дека може да го обиколи целиот свет за само една ноќ. Но, придвижете го разговорот кон тоа дека тој не е толку кул личност, туку кул концепт кој е фокусиран на подарувањe. Делењето подароци е спектакуларна работа која допринесува во магијата на овој период од годината. Објаснете зошто е важно и враќањето назад кон другите и укажете му дека време е и самото да стане дел од овој дух.

Прашајте ги за тоа на кого мислат дека му треба подарок и скројте заеднички план

Прашајте го детето за интересите на сокласниците, или едноставно одберете некој од вашите соседи или роднини. Исто така, можете да истражите и некој добротворни организации кои ќе ве спојат со деца или семејства на кои им е потребна поддршка во оддржувањето на празничната магија. Мисијата на детето е тајно, лукаво, да дознае нешто што му треба на личноста, а потоа да го обезбеди, да го завитка, да го предаде – и никогаш да не ѝ открива на целта од каде дошол подарокот.

Да се биде Дедо Мраз не значи да се добие пофалба или благодарност за подарокот, тоа е несебично подарување. Помогнете им да го смислат идеалниот подарок и заеднички излезете да го купите и спакувате или завиткате. Сигурно ќе биде забавно да го слушнете вашето дете како крои креативни планови како тајно да го предаде својот подарок!

Потсете го детето дека ова е врна тајна која мора да биде зачувана

Веројатно ќе треба да го потсетите вашето дете дека оваа тајна не треба да ја споделува ниту со своите пријатели. Нагласете му на детето дека НИКОЈ не смее да дознае за нивниот подарок. Доколку тајната излезе на виделина, детето повеќе нема да биде дел од оваа магија.

Низ текот на годините, вашето дете сигурно ќе избира разни личности и ќе добива креативни идеи за тоа како да го споделува празничниот дух.

Како би можел да тече разговорот

Дете: Тато, мислам дека сега сум доволно возрасен. Има ли Дедо Мраз?

Родител: Добро, се согласувам дека си доволно возрасен. Но, пред да ти кажам, имам едно прашање за тебе. Знаеш, „вистината“ е опасен подарок. Штом знаеш нешто, не можеш едноставно да го заборавиш. Кога ќе ја дознаеш вистината за Дедо Мраз, никогаш повеќе нема да го разбереш и да се поврзеш со него како сега. Значи, моето прашање е: Дали си сигурен дека сакаш да знаеш?

Дете: Да, сакам да знам

Родител: Добро, ќе ти кажам: Да има Дедо Мраз

Дете: Навистина?

Родител: Да, навистина, но тој не е старец со брада во црвен костум. Тоа е само она што им го кажуваме на децата. Децата се премногу мали за да ја разберат вистинската природа на Дедо Мраз, па затоа им објаснуваме на начин што тие можат да го разберат. Вистината за Дедо Мраз е дека тој воопшто не е личност; тој е идеја. Помисли на сите подароци кои Дедо Мраз ти ги подари низ годините. Јас всушност ги купив сам. Те гледав како ги отвораш. И дали ми пречеше што не ми се заблагодари? Се разбира не! Всушност, тоа ми приреди големо задоволство. Дедо Мраз е ИДЕЈАТА ЗА ПОДАРУВАЊЕ, без очекување за благодарност или признание.

Родител: Па сега кога знаеш, ти си дел од тоа. Сега мора да бидеш Дедо Мраз. Тоа значи дека никогаш не можеш да му ја кажеш тајната на помладо дете. Тоа значи дека сега заеднички треба да ги избереме подароците на Дедо Мраз за нашите блиски и твоите помлади пријатели. Најважно, треба да бараш можности да им помогнеш на луѓето.”