fbpx

Значајни жени во психологијата

Психологијата е една од највредните науки, со исклучителна моќ да го подигне нашето ниво на емоционална свесност и благосостојба. Но, во историјата на психологијата, извонредните придонеси на жените честопати биле занемарени.. Многу жени психолози се соочиле со значителна дискриминација, пречки и тешкотии. На многумина не им било дозволено да студираат со мажи, им ги негирале дипломите што со право ги стекнале или им било тешко да обезбедат академски позиции што ќе им понудат можности да истражуваат. Во оваа статија, славиме неколку од овие значајни жени во психологијата. 

Мери Витон Калкинс

Мери Витон Калкинс e истакната фигура во историјата на психологијата. Имено, во 1905 година, таа станала првата жена, претседател на Американската психолошка асоцијација (АПА). Покрај нејзините научни достигнувања, таа жестоко се залагала за образованието на жените, отварајќи патишта за идните генерации женски психолози и научници. 

Мери Витон Калкинс дала значаен придонес во истражувањето на меморијата.                            Таа проучувала на кој начин луѓето се сеќаваат на работите. Открила дека памтењето на еден збор може да помогне посредно да се запамети и другиот, и ова го нарекла „асоцијативно поврзување“. Калкинс открила и дека повторувањето на нештата го олеснува запомнувањето. Нејзините истражувања помогнале подобро да се разбере како функционира меморијата.

Ана Фројд

Кога повеќето ќе слушнеме„Фројд“, Сигмунд е веројатно првото име што ни паѓа на ум. 

Но, Ана Фројд, неговата ќерка, исто така дала значителен придонес во психологијата, особено во детската психоанализа, каде што ги проширила теориите на нејзиниот татко, нагласувајќи ја важноста на искуствата од раното детство и развивајќи иновативни техники како терапија со игра и креативни активности за деца. Таа, исто така, има придонес во разбирањето на одбранбените механизми во детството и адолесценцијата, разјаснувајќи како децата се справуваат со анксиозноста. Ана Фројд го основала курсот и клиниката за детска терапија во Хемпстед, пионерски центар за детска психоанализа и обука. Дополнително, нејзиното истражување на психологијата на Егото го унапредува нашето разбирање на функционирањето на егото и неговата улога во психолошкиот развој. Преку нејзината работа, Ана Фројд оставила неизбришлива трага во полето на психологијата, влијаејќи врз теоријата, истражувањето и клиничката пракса, особено во областа на детската психологија и психоанализата.

Елизабет Лофтус

Елизабет Лофтус е позната по нејзиното револуционерно истражување за меморијата. Нејзините придонеси фундаментално го променија нашето разбирање на меморијатат. Лофтус спровела опширно истражување кое покажува дека меморијата не е совршен, објективен запис за минатите настани, туку е подложна на искривување, сугестија и манипулација. Таа е особено позната по нејзиното истражување за феноменот на лажни сеќавања, покажувајќи како поединците можат да веруваат во настани што всушност никогаш не се случиле, особено кога се изложени на сугестивни или погрешни информации.

Работата на Лофтус довела до реформи во правните процедури за да се намали ризикот од погрешни пресуди засновани на несигурни докази на меморија. Дополнително, таа дала значителен придонес во проучувањето на обновените спомени, демонстрирајќи го потенцијалот од вметнување на лажни сеќавања од трауматски настани. Истражувањата на Лофтус не само што го трансформирале нашето разбирање на меморијата, туку имаат и трајно влијание врз форензичката психологија, правниот систем и поширокото поле на когнитивната психологија.

Карен Хорнај

Карен Хорнај се појавила во полето на психоанализата, нудејќи нова перспектива што го предизвикува фројдовскиот став. Како една од првите женски психоаналитичарки, таа ги критикувала теориите на Фројд, особено неговиот начин на прикажување на жените, и го вовела концептот на „завист на утробата“ како алтернатива на Фројдовиот концепт – „завист на пенисот“.

Дополнително, се залагала за признавање на женските искуства како различни од машките.

Генерално, Карен Хорнај има големи придонеси во женската психологија, предизвикувајќи ги традиционалните родови стереотипи, истакнувајќи го влијанието на општествените фактори врз психолошкиот развој и промовирајќи похолистичко разбирање на човековото однесување. 

Мелани Клајн 

Мелани Клајн, врвна фигура во психологијата,која  го преобликувала разбирањето на раниот детски развој и неговото трајно влијание врз зрелоста. Централно место во нејзиниот придонес е Теоријата за објективни односи, која ја нагласува клучната улога на раните односи, особено со примарните старатели, како што се мајките, во обликувањето на внатрешните светови на личности и моделите на однесување. Со овој концепт Клајн нагласува како овие рани интеракции формираат ментални претстави кои влијаат на самоперцепцијата и на интерперсоналната динамика во текот на животот.

Мелани Клајн е и основачката на плеј терапија, или терапија преку игра,препознавајќи ја играта како природен пат за изразување на несвесните мисли и емоции кај децата. 

Мејми Фипс Кларк

Мејми Фипс Кларк, и нејзиниот сопруг Кенет Кларк се познати по нивното револуционерно истражување за психолошките ефекти од сегрегацијата и расизмот, особено врз децата. Нивните „тестови со кукли“ спроведени во 1940-тите го откриле длабокото влијание на расната дискриминација врз самоперцепцијата и идентитетот на децата, Афроамериканци. Овој експеримент вклучувал патување на брачниот пар, посетувајќи различни училишта ширум светот. На децата им покажувале бели и црни кукли и ги прашувале која најмногу им се допаѓа и со која ќе си играат. Во училиштата со црни ученици избирале црни кукли, но во училиштата со мешан состав или со само бели ученици децата ги оценувале црните кукли како грди и одбивале да си играат со нив.

По нивното истражување, Мејми и Кенет Кларк го основале Центарот за детски развој Нортсајд во Харлем во 1946 година, со цел да се обезбеди психолошка и образовна поддршка на загрозените заедници, особено оние кои се погодени од сиромаштија и дискриминација. Центарот станал надеж за сите, нудејќи советување, туторство и други услуги за да им помогне на децата и семејствата да се справат со предизвиците од расната нееднаквост. Освен ова, Кларкови биле и жестоки застапници за граѓански права и социјална правда.

Мери Ејнсворт

Мери Ејнсворт била развоен психолог најпозната по нејзината работа на теоријата на приврзаност. Меѓу другото, позната е по експериментот „Чудна ситуација“.

Се работи за експеримент кој се одвивал во 1960-тите и 1970-тите, кој вклучувал набљудување на реакциите на доенчињата на кратки разделби и повторно обединување со нивните старатели. Ова истражување и помогнало на Ејнсворт да идентификува три основни стилови на приврзаност: сигурна, несигурна-избегнувачка и несигурна отпорна (или амбивалентна). Таа открила дека доенчињата чии родители биле грижливи и одговорни имаат тенденција да развијат сигурна приврзаност, додека оние кои имале  неконзистентни родители  или биле  занемарени имаат поголема веројатност да развијат несигурна приврзаност. Работата на Ејнсворт ја истакнала критичната улога на старателите во обликувањето на квалитетот на врските и обезбедила рамка за разбирање како раните поврзувања влијаат на социјалниот и емоционалниот развој во текот на целиот живот. Нејзиното истражување ја поставило основата за последователни студии за приврзаност и интервенции насочени кон поддршка на здрави врски помеѓу старателите и децата.

Побарај дополнителен совет или насока од Верица Бакулеска

Верица Бакулевска жени во психологијата

Разбирам дека вашето патување е уникатно и јас сум тука да ви обезбедам простор за поддршка во кој ќе можете да ги истражите вашите чувства. Користејќи комбинација од различни техники и  стратегии за справување, имам за цел да ве поттикнам на вашиот пат кон исцелување. Ќе можете да ја истражите вашата емоционална болка без страв од осудување.

Ако сте подготвени да го направите следниот чекор, ве поканувам да ме контактирате со пополнување на формуларот подолу.