fbpx

Како да им простиме на нашите родители?

За многумина од нас со проблематични детства, обележани со траума и неволја, една од главните дилеми на возрасниот живот, додека се бориме да најдеме ослободување и сталоженост, е: Дали треба да им простиме на нашите родители за минатото – или не?

Сите знаеме дека простувањето е еден пат до мир и спокој. Но, многу е полесно е да му простиме на некој далечен, отколку на близок кој не повредил. Кога станува збор за простување на родителот за сите турбуленции што сте ги доживеале во вашето детство, сето тоа може да се чувствува невозможно.

Нештата стануваат покомплицирани кога истите тие родители ја земаат заслугата за нашите успеси, но ја отфрлаат вината за нашите борби. Тие би можеле да кажат: „Ние го направивме најдоброто што можевме за тебе“, што можеби е точно. Но сепак, тоа не го занемарува влијанието на нивниот стрес, гнев или родителски кавги врз нашата добросостојба. Можеби тие не биле физички навредливи, но нивното нестабилно расположение, постојана критика или запоставување ве натерало да се чувствувате сами и несакани. Постојано ви било потенцирано да бидете благодарни и покрај тоа што често се чувствувате како ништо да не е доволно добро.

Можеби мислевте дека вашето воспитување е нормално, како и секое друго семејство. Како возрасен, не сте размислувале многу за вашето минато затоа што верувавте дека е неважно. Но, твоите чувства кажуваат друга приказна. Тие се далеку од нормални.

Вознемиреноста ве обзема без очигледна причина. Понекогаш не можете да ги исклучите вашите мисли, кои се чини дека се насекаде. Нема доследност во вашите расположенија: Еден ден се чувствувате добро, следниот ден се чувствувате раздразливо и фрустрирано и сите ве нервираат.

Интимните врски се неуспешни затоа што партнерите ве обвинуваат дека сте премногу контролирачки, премногу несигурни, или ви велат дека сте емоционално недостапни. Се чини дека она што го правите не ве задоволува и се борите да одржите позитивен поглед на вашиот живот.

Не сте сигурни од каде доаѓа сето тоа. Но, малку сте свесни за поврзаноста помеѓу искуствата од детството и вашите денешни предизвици, бидејќи секогаш кога поминувате време со вашиот родител, се активираат емоции како гнев и огорченост. Сте се обиделе да разговарате со нив, но тоа секогаш завршува лошо.

Тие тврдоглаво ги негираат нивните грешки и го извртуваат разговорот, правејќи да се чувствувате како вие да сте лошите. Ги отфрлаат вашите чувства и ги искривуваат вашите сеќавања. „Не беше толку лошо, престани да бидеш драматичен/а.” – „Немам поим за што зборуваш.” – „Не биди глупав, тоа никогаш не се случило!”…

Ве обвинуваат што дури и воопшто разговарате за ова: „Искрено, тоа беше пред многу години! Не можеш ли да продолжиш понатаму? Што ти е?“.. Нивните извинувања се шупливи и условeни: „Во ред, извини, но и ти не беше совршен“.

Или пак се обидуваат да ја споредат ситуацијата со нивните сопствени тешкотии. “Мислиш дека имаш проблеми? Моето детство беше многу полошо!”.

Сте се обиделе многу пати да имате продуктивен разговор, но секој пат е бесцелно. Сите велат дека треба да им простите, да се ослободите од гневот и горчината, но не можете. Сакате искрено извинување…

Зошто е толку тешко простувањето?

Понекогаш, станува збор за барање правда и чувството дека ќе победите ако добиете извинување. Може да се чувствувате заглавени, верувајќи дека не можете да продолжите понатаму – освен ако вашиот родител не ја признае повредата што ја предизвикале. Се јавува мал копнеж за потврдување на нашата болка и за преземање чувство на одговорност.

Најфрустрирачки и главна бариера за простување е кога родителите го негираат минатото или ја извртуваат приказната. Се случува моите клиенти често да изразуваат повреда од родителите кои ги минимизираат искуствата или тврдат дека тие никогаш не се случиле.

Оставени без никакво извинување, врската се напнува со тензии и конфликти. Вашиот родител продолжува навидум незасегнат, додека вие се чувствувате заробени од гнев и незадоволство.

Побарај совет или насока од Анѓела Богдановска

простиме - Aнѓела Богдановска

Дали да им простите на вашите родители, или на кој било друг, е многу личен избор. Начинот на соочување е преку прифаќање. Мојата улога е да ви понудам сочувствителна поддршка и практично водство на овој пат. Заедно, ќе ги истражиме вашите емоции и искуства во безбеден и неосудувачки простор. Преку искрени разговори и приспособени стратегии, ќе работиме на раст и помирување. Ако имате прашања или ви треба помош, ве молиме пополнете го формуларот подолу. Јас сум тука да слушам и да дадам персонализирана поддршка. Како знак на мојата посветеност, нудам бесплатна консултација и попуст за вашата прва сесија.

Како да си помогнеме?

Едно од најчестите прашања што го добивам кога работам ⁠со клиенти во справување со дисфункционална семејна динамика, особено на оние со историја на злоупотреба и запоставување од родителите или примарните старатели, е: „Дали треба да им простам?“….”⁠

Секако, не сте обврзани и не мора да простувате доколку не можете. Но, ако односот напредува позитивно, може да се најдете склони да го направите тоа. Простувањето не е крајната цел, туку природен исход од патувањето кон помирување.

Не ги негирајте вашите емоции

Препознајте ги и прифатете ги сите ваши емоции, дури и гневот кон родителот за кој ви е кажано дека „даде сѐ од себе“. Не осудувајте се себеси затоа што се чувствувате вака – вината не е ваша.

Разберете го нивното минато

Истражете ја историјата на вашите родители. Можеби имале тешки детства што го објаснуваат нивниот стил на родителство. Можеби самите тие не биле соодветно израснати за да воспитуваат деца, но го направија најдоброто што можеа со своите ограничувања. Познавањето на нивните борби може да го намали вашиот гнев, особено ако видите шема на нездраво однесување пренесено низ генерации. 

Имајте на ум дека ако знаете низ што поминале вашите родители, не значи дека вашите сопствени искуства и емоции не се валидни. Може да имате разбирање и сочувство за нив, а истовремено да чувствувате лутина и незадоволство поради вашите сопствени искуства. Ова е важен дел од процесот на лекување.

Сите правиме грешки

Повеќето од нас имаат работи за кои жалиме или се каеме. Целосното прифаќање на она кои сме ние и препознавањето на грешките што сме ги направиле е процес кој бара време, трпение и храброст. Сето тоа можеби го нема вашиот родител, што може да објасни зошто тие стануваат толку одбранбени и негираат сè.

Ако успеете да разберете дека секој човек има свој процес на прифаќање, можеби ќе ви биде полесно да ги гледате како луѓе, а не само како родители од кои имате одредени очекувања.

Валидација на вашите чувства

Се чувствувате како да имате потреба тие да се согласат со вас за тоа што се случило, каде, како и кога сте биле запоставени.. Но, можеби она што ви треба е само да ги видат вашите рани и да признаат дека без оглед на тоа како се случиле работите, вие сте едноставно повредени. Имајќи ја оваа цел на ум може да ви помогне да го водите вашиот разговор и да пристапите на друг начин: „Не ми треба да се согласуваш со моите спомени, но сакам да разбереш дека се чувствував повредено, тажно и напуштено. Знам дека и ти си поминал/а тешко и се прашувам дали некогаш си почувствувал/а слични емоции?”.

Кога размислувате дали да им простите на вашите родители за минатите трауми, важно е да ја препознаете сложеноста на ситуацијата. Може да се чувствувате растргнати помеѓу лојалноста кон родителот и лојалноста кон вашето помладо јас, кое сè уште ги носи раните од детството. Некогаш простувањето бара вашите родители да ги признаат своите грешки. Ако тие не се подготвени да го сторат тоа, вистинското помирување можеби нема да биде можно.

Побарај совет или насока од Анѓела Богдановска

простиме - Aнѓела Богдановска

Дали да им простите на вашите родители, или на кој било друг, е многу личен избор. Начинот на соочување е преку прифаќање. Мојата улога е да ви понудам сочувствителна поддршка и практично водство на овој пат. Заедно, ќе ги истражиме вашите емоции и искуства во безбеден и неосудувачки простор. Преку искрени разговори и приспособени стратегии, ќе работиме на раст и помирување. Ако имате прашања или ви треба помош, ве молиме пополнете го формуларот подолу. Јас сум тука да слушам и да дадам персонализирана поддршка. Како знак на мојата посветеност, нудам бесплатна консултација и попуст за вашата прва сесија.