fbpx

Поставувањето на здрави граници не е себичност!

Поставувањето на здрави граници е нешто што е неопходно и здраво во нашите односи со луѓето околу нас. Тоа значи да се знае и да се разбере до каде се нашите граници, а воедно и да се научи како да ги оддржуваме истите. Поставувањето граници, може да биде видено од страна на одредени личности како себичност бидејќи не сте достапни во секој момент, но всушност на тој начин вие го чувате вашето ментално здравје и ја зајакнувате грижата за себе.

Луѓето кои немаат почит спрема границите на други индивидуи, кажувањето на “не” во одредени ситуации може да го интерпретираат тоа како себичен акт од личноста која го кажала тоа. Но, доколку секогаш сме достапни тогаш нашата ментална енергија ќе биде исцрпена и може да се најдеме во ситуација да чувствуваме стрес поради тоа што нема да има рамнотежа или да чувствуваме одредена фрустрација од ситуацијата во која се наоѓаме.

Како да поставиш здрави граници?

Границите се основа за здрави врски и односи, а воедно стануваме свесни за нашите потреби и чувства. Секако тука е и грижата за себе, развивање на подобра комуникација, и на крајот на краиштата правење на работи што реално сакаме да ги правиме. Ова не е себичност.

Затоа она што може да го направите при поставување на здрави граници е следното:

  • Да го идентификувате она што може да го толерирате, а што е она што ви создава стрес или прави да се чувствувате непријатно.
  • Дадете си дозвола сами на себе да поставите граници и да ги одржувате без чувство на вина или страв како другата личност може да го восприема тоа.
  • Научете да препознавате кога некој ќе ги премине границите, и како тоа ви прави да се чувствувате.
  • Направете ја грижата за себе приоритет, односно да си дадете дозвола да бидете на прво место за себе.
  • Разговарајте отворено, смирено и јасно со личноста за она што ви пречи во одредена ситуација.
  • Бидете свесни дека не секоја личност исто ќе реагира и ќе ги прифати вашите граници и бидете спремни да го прифатите тоа.
  • Побарајте поддршка во процесот

Секако ова е процес кој трае и кој се учи. Започнете со поставување на мали граници што би ви било полесно да ги осознаете и доживеете, а потоа постепено зголемувајте до нешто што ви претставува поголем предизвик. Поставувањето на здрави граници бара вежбање, поддршка и секако храброст. Најважен е првиот чекор, направи го уште денес!

Побарај совет или насока од Ивана Николовска Илиоска

Создавам безбеден и неосудувачки простор каде клиентите можат слободно да ги истражуваат своите мисли, емоции и однесувања. Заедно, работиме на развивање стратегии за справување и постигнување цели. Ако имате какви било прашања или ви треба насоки во врска со вашето ментално здравје, ве молиме слободно пополнете го формуларот подолу. Јас сум тука да ве поддржам на вашиот пат кон подобрување.