fbpx

Што е стрес и 10 совети како да се ослобидте од него

Стрес е физичка, физиолошка и психолошка реакција на стресор, дразба која може да биде од различно потекло. Клучен елемент е личното доживување, интерпретација. Така да, секој различно интерпретира. Токму затоа не постои едно заедничко мислење за квалитетот и квантитетот на стресорот. Тоа значи дека две личности кои имаат иста возраст, пол, образование, статус, слично се воспитани, работат слична работа имаат слични животни цели, не мораат да имаат исти стресори ниту реакции на конкретен стресор.

Постојат различни стресори и луѓето различно реагираат на нив. Неколку ситуации кои можат да се сметаат за стресори се:

  • Губење на сакана личност
  • Развод, раскид на врска
  • Финансиски проблеми
  • Венчавка и почнување на нов живот
  • Вработување или промена на раб.место
  • Преселба

Направено е истражување на 90 000 личности кои биле изложени на хроничен стреси имале зголемен холестерол. Причината била покачено ниво на хормонот за стрес-кортизол кој е пропратен со хормон адреналин. Овие хормони се лачат кога организмот се бори со стрес и од друга страна создава покачени триглицериди кои пак влијаат на покачување на холестерол.

Симптоми

  • Бихејвиорални симптоми на стрес

Можат да бидат екстремни промени од алкохолизам, (пијам за да заборавам), злоупотреба на психоактивни супстанци и лекови, претерано пушење, промени во апетитот и спиењето, одложување да се направат работите, иницирање на конфликти и агресија, социјална изолација,..

  • Когнитивни симптоми на стрес

Тоа се ментални блокади (празна глава), потешпкотии во донесување на одлуки, импулсивно одлучување, слаба концентрација, расеаност,..

  • Физиолошки симптоми на стрес

Телото пати. Вкочанетост на мускулите, главоболка, болки во грбот потење, стегање во гради, тахикардија, промена во работата на цревата и перисталтиката, зголемен крвен притисок, постојан умор/замор…

  • Емоционални симптоми на стрес.

    Тоа се нездрави, негативни емоции кои со себе носат психичко патење, тераат на самоизолација, личноста е напната, раздразлива, беспомошна, несигурна, тажна.

Симптоми дека сте под хроничен стрес

  • Зголемена потреба за солена храна бидејќи се случува електролитен дисбаланс.
  • Немирни соништа и ноќни мори
  • Кога нагло ќе станете Ви се врти – и тоа може да биде заради електролитен дисбаланс
  • Тежок ПМС и нередовен циклус- се случува дисбаланс на полови хормони
  • Чести настинки заради намален имунитет
  • Се потешко и потешко се носите со стресот и сте пораздразливи
  • Секој ден ви треба кафе или енергетски пијалок
  • Викенд-главоболки – токму тогаш кога паѓа нивото на стрес и сте опуштени
  • Оддеднаш појава на акни и кожни проблеми
  • Појава на нови алергии
  • Болки во стомак заради анксиозност и страв реагираат нервните завршетоци.
  • Нагли промени во тежината во плус или минус
  • Често пождригнување
  • Изразена анксиозност
  • Намален фокус
  • Порокот доаѓа до израз
  • Заборавеност и расеаност, песимизам

Побарај совет од лиценциран психолог

Одговорете на прашалникот подолу и споделете го предизвикот со кој се соочуваате. Розалија ќе може да го види предизвикот со кој се соочувате и да сподели мислење или совет со вас. Секако, Розалија може да понуди и значителен попуст за прва консултативна сесија со неа. Исто така, Разговор.мк нуди можност и да останете анонини при разговорот со психологот. Силно ви препорачуваме да закажете една консултативна сесија со психолог кој ќе ви понуди совет.

Откако ќе го споделите предизвикот со кој се соочувате преку формата подолу, ќе добиете меил како потврда дека споделеното е примено. Преку истиот меил ќе можете да ја превземете и нашата мобилна апликација со цел во реално време да добивате известувања за добиен одговор од некој од психолозите.


10 СОВЕТИ КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД СТРЕС

  • Помалку течности со кофеин, алкохол и енергетски пијалоци
  • Слушајте го своето дишење
  • Доволно долг и квалитетен сон
  • Социјализација, комуникација, интеракција
  • Време за себе (исклучете го интернетот)
  • Смеа и хумор
  • Вие бидете господар на стресот
  • Пишувајте дневник
  • Кажете автентично НЕ и ДА
  • Балансирана витаминска исхрана со големо количество на Ц витамин
  • Побарајте психолог