fbpx

Што е депресија и како се третира оваа состојба?

Депресија е болест на долго мачење и страдање, неспобност да се стане од кревет, болка, губење на интерес за живот и функционирање во период подолг од 2 недели. Тука се проткајуваат и симптомите на недостиг на енергија, намален апетит, промени во квалитетот и должината на сонот, страв, мрзеливост. Се создава ментална болка која влијае на работоспособноста за извршување на секојдневните активности. Тоа е екстремен, парализирачки очај – каде што надворешната медицинска помош е од витално значење.

Во Македонија нема сеуште јавна статистичка бројка, но праксата покажува дека многу депресивни болни не бараат соодветна стручна помош. Според СЗО, многу луѓе страдаат од депресија, но многумина тоа не сакаат да го прифатат. Состојбата останува лошо разбрана и затоа често лошо третирана. Со депресијата оди и срамот, т.е. чувството на личен неуспех.

Според некоја статистика, во Македонија има околу 80 илјади лица кои страдаат од депресија. На неа се гледа релативно и се минимизира сериозноста со потсмев дека сите сме понекогаш по малку депресивни што е нормално. Но, не е така! Депресијата може да заврши фатално – со самоубиство на поединецот кој се соочува со оваа состојба. Во овие околности неопходна е работа со психотерапевт. Антидепресивите се потребни и многу е поштетно да не се примаат, отколку да се примаат во оваа состојба. Откако ќе се достигне некоја оптиманла состојба, паралелно работи психотерапевтот на причината која ја предизвикала болеста и се бара решение.

Кои се симптомите на депресивно нарушување?

Речиси сите се чувствуваме тажно и очајно од време на време. Иако е нормално да се чувствуваме тажни или очајни поради специфични настани или дури и без некоја очигледна причина, овие чувства обично се решаваат како што се менуваат околностите.

Клиничката депресија е различна. Тоа е медицинско нарушување, и нема да исчезне само затоа што тоа го сакаме. Клиничката депресија е медицинска состојба која опстојува најмалку две недели и значително ја нарушува способноста на една личност да функционира во секојдневниот живот.

  • недостаток на надеж за подобрување на животот
  • губење интерес за нешто кое претходно носело некакво задоволство
  • недостаток на енергија
  • нагло слабеење
  • нарушување на спиењето
  • зголемена раздразливост
  • чувство на безвредност или вина без никаква причина
  • повторливи мисли за смрт или самоубиство

Депресијата влијае на мозокот на начини кои можат да се видат и измерат. На пример, одредени делови од мозокот, како фронталните лобуси и хипокампусот, се помали кај луѓето со депресија. На подетално ниво, депресијата вклучува проблеми со тоа како функционираат одредени мозочни хемикалии, познати како невротрансмитери – конкретно серотонин, норепинефрин и допамин. Исто така, влијае на режимот на спиење и нивото на хормони, вклучувајќи ги кортизолот и тироидните хормони. Сепак, разбирањето на точната причина за депресијата е сложено и останува нецелосно. Вклучува и генетски и надворешни фактори и не постои јасен начин да се предвиди кој ќе биде погоден.

И покрај физичките докази за депресија во мозокот, нејзините симптоми не се секогаш видливи, па станува тешко да се види кој се бори со оваа состојба. Според Националниот институт за ментално здравје, луѓето често чекаат повеќе од десет години за да побараат помош за проблеми со менталното здравје, што го нагласува предизвикот околу рано откривање и лекување на депресијата.

Тригер фактори за депресија

  1. Генетска преоптовареност (наследна е како и дијабетесот, шизофренијата и сл.)
  2. Надворешни влијанија (сиромаштија, економски проблеми, невработеност, оттуѓеност, стрес, животни и општествени промени).
  3. Биохемиски фактори- се смета дека депресивните растројства делумно се должат на хемиската неурамнотеженост во мозокот и недостаток на серотонин. Ова неурамнотеженост се лекува сo антидепресиви.
  4. Стресот се поврзува со појавата на депресивни растројства, посебно личните трагедии или несреќи. Депресивните растројства почесто се јавуваат во одредени фази од животот кои вклучуваат големи промени во животот, на пример, раѓање на дете, климактериум и смртни случаи.
  5. Карактер – кај луѓе кои лесно се обеспокојуваат, кои се многу чувствителни и емотивни и кои бурно реагираат или лесно се вознемируваат, перфекционисти и самокритични кои поставуваат високи стандарди за себе, оние кои се многу зависни од други лица
  6. Зависности: Користење алкохол, наркотици, зависност од порнографија – ова ги прави луѓето да бидат многу склони на депресија. Овој начин на живот исто така придонесува за зголемување на ризикот од самоубиство кај луѓето со депресивни растројства.

Стрес и непријатност

Многу е важна диференцијална дијагноза меѓу стрес, депресија и незадоволство. При загуба, смрт, прекин на врска може да се случат стрес и паралелно депресија. Потребно е и двете да се залечат бидејќи ќе траат одредено време.

Депресивните растројства се група на болести кои се карактеризираат со долгорочно депресивно расположение или губење на интерес за активностите кои порано биле забавни.

Побарај совет или насока од Розалија Секулоска

депресија розалија секулоска

Неопходно е да се поддржат оние кои се борат со депресија, охрабрувајќи ги да продолжат со лекување и помагајќи им да ги преземат почетните чекори кон закрепнување. Со поттикнување отворени дискусии за менталното здравје, предизвикување на стигмата поврзана со менталната болест и промовирање на разбирање и емпатија, можеме да создадеме поподдржувачка средина за лицата погодени од депресија.

Ако ви е потребна помош или насока, ако со соочувате со симотоми и тешкотии, не двоумете се да го пополните формуларот подолу.

Видови депресивни растројства

Постојат поголем број на различни ментални заболувања кои се пропратени со депресија.

Главно депресивно растројство

Лице со главно депресивно растројство станува многу нерасположено и не ужива во животот. Губи концентрација и енергија, а се јавува и нарушување на јадењето и сонот. Чувствата на безнадежност и очај може да го наведат лицето да помислува на самоубиство. Mоже да се појави без причина и тоа може да се јави кај луѓе кои добро се соочуваат со животот, кои се добри во тоа што го работат и среќни и друштвени. Појавата на растројството исто така може да ја предизвика некој потресен настан со кој лицето не може да се соочи.

Постнатална депресија

Таканаречените „baby blues“ (постнатална депресија) се случува после породувањето. Мајките се малку депресивни, вознемирени, напнати или болни и може да имаат проблеми со спиењето и поголемиот дел од времето се уморни. Овој вид на депресија може да трае само неколку часа или дена и потоа да исчезне. Меѓутоа, кај околу 10% од мајките ова чувство на тага се развива во сериозно растројство, познато како постнатална депресија. На мајките кои боледуваат од оваа болест им станува се потешко да се соочуваат со барањата во секојдневниот живот. Неопходно е и за мајката и за детето, постнаталната депресија да се лекува.

Биполарно растројство на расположението

Лице кое боледува од биполарно растројство на расположението (претходно познато како манична депресија) има депресивни епизоди нaизменично со манични периоди кои вклучуваат занесеност, хиперактивност, раздразливост, зголемена брзина на говорот и непромисленост.

Сезонска депресија

Сезонската депресија најчесто се појавува во зимските месеци. Луѓето кои страдаат од ова нарушување многу често имаат променливо расположение, се чувствуваат тажно и анксиозно во текот на студените месеци. Сезонската депресија може да ја зголеми желбата за храна полна со јаглехидрати, како леб или тестенини. Терапија со светлина, антидепресиви и советување може да помогнат во справување со неа.

Предменструално нарушување (СДА)

Повеќе жени се запознаени со промената на расположението поврзано со природните биолошки процеси. Симптомите на потешкиот облик на СДА се раздразливост, напнатост, стрес, кои се јавуваат за време на менструалниот циклус.

Комбинирано депресивно растројство

Понекогаш симптомите се во спротивност со “класичната” слика. На пример, некои од нив покажуваат поголема депресија и се појавуваат на секои две недели. Во случај симптомите да не ги задоволуваат критериумите за целосна дијагноза, треба да му се даде време на докторот за нивно точно дијагностицирање.

Лекување на депресија

И покрај предизвиците во дијагностицирањето и разбирањето на депресијата, важно е да се препознае дека тоа не е знак на лична слабост или недостаток на карактерот. Како и секоја друга медицинска состојба, како што се астма или дијабетес, депресијата бара соодветен третман.

Депресивните растројства може да се лекуваат многу ефикасно. Видот на лекување ќе зависи од симптомите кои ги има секое лице, меѓутоа ќе вклучува една или повеќе од наведените терапии. Психолошки интервенции, кои имаат за цел да го изменат начинот на размислување, однесување и верувањата кои се поврзуваат со депресија.

Антидепресивите ги намалуваат депресивните чувства, одново го воспоставуваат вообичаеното спиење и јадење и ја намалуваат анксиозноста. За разлика од седативите, антидепресивите не создаваат зависност. Тие постепено ја враќаат рамнотежата на невротрансмитерите во мозокот и треба да се земаат од една до четири недели за се постигнат позитивни резултати.

Промени во начинот на живеење, на пример, физичкото вежбање и намалено штетно користење на алкохол и други видови дрога, им помагаат на луѓето да се излечат од депресија. Семејството и пријателите на лицата кои боледуваат од депресивно растројство често може да се збунети и потресени. Поддршката и подучувањето, како и подоброто разбирање од заедницата, се важни во лекувањето.

Побарај совет или насока од Розалија Секулоска

депресија розалија секулоска

Неопходно е да се поддржат оние кои се борат со депресија, охрабрувајќи ги да продолжат со лекување и помагајќи им да ги преземат почетните чекори кон закрепнување. Со поттикнување отворени дискусии за менталното здравје, предизвикување на стигмата поврзана со менталната болест и промовирање на разбирање и емпатија, можеме да создадеме поподдржувачка средина за лицата погодени од депресија.

Ако ви е потребна помош или насока, ако со соочувате со симотоми и тешкотии, не двоумете се да го пополните формуларот подолу.